Разговарај отворено со него, кажи му се што мислиш во врска со тоа. А дали тој имал односи порано? Можеби дечкото не е доволно искусен, па ете можеби му треба повеќе време да се опушти (како што кажа одите само неколку месеци)
Да, но не е од односот. Бидејќи цел месец немаше односи и наеднаш прокрваре ама не знаеме од што. Дали некој друг може знае за вакво нешто или има слушнато? Сепак фала ти.
Нека отиде кај матичен лекар да му даде упут за на уролог... Треба да се направат испитувања за да се заклучи во што е проблемот. Анализа на урина, сперма, се тоа..Што побрзо - толку подобро, за да не се ископлицираат работите, посебно ако ова се случува подолго време.. А може само некаква повреда да е...Не мора да биде повреда при однос..
Па да знам и јас му реков да оди на лекар... А иначе не, му се нема десено.Овоа беше прв пат... и од тогаш еве му се нема десено пак мада има само 5 дена поминато ... Се надевам дека не е ништо страшно. Фала ви многу во секој случај.
Му се случи еднаш и на дечко ми меѓутоа беше повреда, на онаа кожичката кај главичката... не знам сега точно дали има стручно име нити да појаснам, но сепак беше видлива раничка. Е сега прокрварил од отворот на пенисот или негде надворешно? Ако е надворешно тогаш е повреда, а ако крварел од отворот тогаш можно е да е уринарна инфекција или нешто покомплицирано и тогаш е во секој случај најпаметно да посети уролог. Инаку доколку забележи некоја ситна раничка на надворешноста на пенисот нема потреба од грижи. Кај дечко ми не беше воопшто голема рана туку како мала точка засирена крв што асоцираше дека е повреда
Девојки во форумов прочитав неколку коментари слични на мојот проблем но не успеав да прочитам конкретен одговор эа девојка која била на гинеколог после ова....јас пап направив пред 5 месеци и беше во ред. Минатиот циклус, а еве и сега многу по обемно ми се случува да пред и по циклус имам кафена боја..темно кафена боја и овој месец крварев само 1 ден ( инаку крварам 3 - 4 дена ). Сакам эа 3 до 4 дена да одам на гинеколог, но многу сум испалешена эаради тоа ова ми се нема никогаш случено имам 23 години и редовно посетувам гинеколог!Датумот ми е редовен немам никакво доцнење само што крварев многу малку, а целиот исцедок еве 3та дена по ред ми е темно кафен и многу малку мислам само по 3-4 капки слично како вагинален секрет . Ако го имал некој истиот проблем Ве молам кажете ми эа што се работи бидејки не можам да иэдржам. А, во мегувреме немам односи со дечко ми додека не си го решам проблемот! Ве поэдравувам!
Јас имав ваков проблем пред 8-9 месеци отприлика. Нешто не беше во ред со хормоните, се побркале малку, ништо страшно Се среди се' многу брзо и безболно. Не е лошо да наминете на преглед, чисто информативно, ќе видите што ќе ви кажат. Не се секирајте, се случува, ништо страшно
Девојки ви благодарам многу! Се опустив малку. Секако ке идам на преглед, а Вас ви препишаа терапија? Нешто дополнителни прегледи или .....
Додека ги направив сите испитувања, веќе ми се среди работата наредниот циклус Не ми се верува дека веднаш би ти дале некаква терапија, зашто (ако ти е проблемот како кај мене, до хормоните) не се даваат туку така, за мала работа. Прво треба да се утврди до кој степен отстапуваат од нормалата, и дали тоа трае, па дури после препишуваат терапија. Често се случува само од себе да се среди, како кај мене на пример, и кај многу други Претпоставувам дека не е ништо страшно, но во секој случај посети си гинеколог, колку ти да си бидеш мирна и да спиеш спокојно
здраво. Јас сум нова на форумов а бидејки денес имав прв пат односи сакав да ве прашам дали ви се случило на кондомот да има некоја течност како бело прање а конодмот не беше скинат па малку се испаничив
Тоа било од тебе, од вагиналниот секрет затоа што си била возбудела и навлажнета, а штом сте го провериле кондомот и не бил скинат нема шанси да е од него, така да уживај.
Ве молам за совет. Со дечко ми имаме проблеми со кондомите... неможе да се одржи ерекцијата од кога ќе го ставиме кондомот! Знаете ли некоја друга заштита од предспермалнава течност, зошто читам и слушам по луѓево, забременувале од неа.. За свршување не е проблем, зошто и онака не свршува во мене. Ама што да правиме со претспермалнава течност.. Има ли некоја друга практична заштита освен кондоми??? А за анти бејби пилули сеуште не сум решена да земам.. Помагајте..
Вчера направив ептен многу бола депилација на вагиналните усни, ми течеше многу крв кога ги корнев влакната ептен многу болно ама викам ке издепилирам се бидејки се решивме со дечкото на орален секс и си викам мора да бидам мазна..... Ама голем проблем денска кога се фатив долу имав струпчиња и кожата ептен многу груба на допир и се погледнав во огледало долу ми е некако ептен помодрено и не изгледам убаво имам ептен голем струп и вагиналните усни како на стар баба не ми се нежни и мазни Помагајте ве молам за колку време ке ми помине и что да ставам ккао да ги негувам,а еве за викенд треба да се видам со децко ми ХЕЛП ПЛС