Колку чини Sure Check тестот за бременост и тој ли беше оној кој може да се прави било кога во денот, а не стриктно сабајле?
Прв пат слушам дека Be safe e кинески На Фитофарм е, македонско производство и си пишува во упатството точно како се користи и во садчето што го има внатре за мочката, не се држи тестот 3 минути туку 3 секунди Повеќе од 5 секунди ако го држиш станува невалиден Го имам правено неколку пати и со сигурност можам да кажам дека е точен
Има нешто што ме загрижува, имам во вагината како едно меурче што баш не личи на меурче оти досега ќе пукнеше ако беше такво нешто. Го имам фазла од година и мислам дека го имам уште пред да почнам со односи... Се наоѓа на долниот дел од вагината веднаш на отворот. ќе ставам во спојлер заматена слика со само тоа делче да видите како изгледа и да ми кажете ако знаете што е пред да отидам на гинеколог.. некако ми е срам да и речам на мајка ми. Спојлер
Aииии.... А требаше да учам вечерва... Бришете ме... Ама морав да кажам дека се потресов... Сликава од Лудово не е ништо во споредба со мојата реакција... А bobby.pin ова го имаш една година, а сеа ти текна да прашаш???
Хахахахахахахаха посабајлечки како што сум нерасположена и не се осеќам сјајно ова ми беше онака БУМ! Иди на лекар, ова е најверојатно некоја гнојаничка што во секој случај не треба да ја има! Или може некоја тртка не знам... Нема што да и кажуваш на мајка ти, книшка, картончиња и на некој гинеколог или па на дерматолог-венеролог.
Многу ме болат јајниците,од што може да биде? се само некои лоши филмовими се вртат а рано мие за добивање .треба да помине недела и нешто отпилика до две?
Овулација најверојатно. Мене некој месец ме болат кога овулирам, некој не. На пример овој многу имав болки, едно сабајле дури се разбудив не можев да се исправам. Ако имаш и зголемено бело прање тогаш најверојатно е тоа, а и на средина на циклус си. Друга опција е настинка. Како и да е стави си топло шише вода, или ел. перниче нешто да те згрее ќе ти помогне секако. Инаку мене сега ме мачат менструални грчеви, се напив апче не ми помага. Не се премногу јаки ама ме утепуваат некако, мачно ми е. Најубаво би ми било да легнам и да заспијам, ама морам да учам Некој совет?
Ете советот што си и го дала на другата феминка Јас во последно време не пијам апчиња, ставам шише врела вода на стомак никако меѓу нозе, одма ме стоплува и ми поминува
Мене ме фати страф да не е нешто по сериозно,цисти ,такви работи.недај боже вонматерична ама веројатно во право си ,зашто ми ослабе болката , иначе кои апчиња ги користиш?само кафетин менструал друго не помага.за 20 тина мин ко нова ке бидеш и дејството околу 6-8 часа е.е сеа што зборуваат дека се штетни тоа друго десет,ама коа боли немаш излез
Можат ли да се земат оние апчињата Ден потоа што се, за после незаштитен однос, без рецепта? Дечко ми сврши во мене, ненамерно и сега треба да го купиме тоа апче, но не сакам да одам на гинеколог. Може ли без рецепта?
Kolku vreme spermatozoidite prezivuvaat vo kanalot, mozno li e vo rok od nekade 20 casa da ostane nekoj i da se isfrli so predsemenata tecnost? Znam imase negde pisuvano ama ne mozam da baram sea a itno mi e Спојлер se izvinuvam za latinicata
Може, не ти бараат ништо... јас во слична прилика земав едно, се викаше Нор Лево, нешто во тој стил... и на крај, кога го прочитав тоа упатството... се предомислив... ова само како римајндер да си прочиташ убаво за индикации и контраиндикации...
Дечки ме интерсира дали за преглед кај уролог мора да се има упут од матична или може и така да се оди. И ве молам кажете некој добар уролог ако знаете и бројче
Пред 2-3 недели наполнив 19 и сеуште не сум имала прв однос а со дечко ми кој има 21 год сме во врска 4 месеци, и слободно можам да кажам дека е мн поразличен и од предходните неколку што сум ги имала кои биле деца во паметот а можам да кажам и општо од другите, овој е мн посериозен и карактерно мн ми се свиѓа,таков е каков што сум барала одамна... сме разговарале на сите теми и за прв пат се чувствувам толку слободна и отворена пред некој дечко. ми има кажано дека имал мн девојки, знам за неколку од нив, од кои со една му била забранета врска од страна на неговите поради тоа што била постара од него, ама мене ме чуствувам како најблиска. Вика дека сексот би не направил уште поблиски ( пошто немам искуство не знам како е, затоа барам совет од поискусни) и дека е желен да го има со мене. Проблемот е тоа што јас се плашам иако и јас имам желба за истото а од друга страна е и мајка ми тука која што има позастарено мислење ( општо за сите, не се однесува само овој дешко )од типот што ако само те искористи или не знам .. уште си го тера тоа дека треба со еден партнер да имас секс , тој што се знае дека ќе бил... ( глупости ) Плус тоа 4 месеци некако ми е кус период , едноставно не знам што да мислам , а сакам да го направам тоа посебно со него. сме имале задоволување ама не сме стигнале до главното. може ли некој совет ? и ако може идеја зошто сакам да направам нешто посебно за него ... фала однапред