па како беше немав односи едно 6 месеца па после тоа коа имавме бе наболуваше али мислев ништо дека не ми е зашо не сум имала и сеа имам и поради тоа после тоа уште неколку пати али не ме болеше ништо и сеа последниов пат почна да ме боли. И има многу голем и дебел.
Можно е да имаш некое мало воспаление, да ти е надразнета. Ако те боли и пецка само после сексуалниот однос, значи до тоа е(не ти одговара надарениот мушкарац ). Нека не пенетрира целосно во тебе, избегнувај ти да си одозгора (така може подлабоко да влезе), одпозади можеш само во спун положба и секако мисионерската. Нека биде понежен во наредните пати. Со тек на време може се ќе си дојде на место, ќе си се прилагодат вашиве другарчиња А ако се случува и во остатокот од времето, можно е и да ти е настината бешиката. Ниедна вагинална инфекција не се симптоматизира со болки во стомакот (колку што јас знам).
Здраво. Јас имам еден проблем. Од пред некој ден почна доле многу да ме чеша и да ми тече некоја жолтеникава течност и многу ми е страв бидејќи пред една недела имав незаштитен однос па си мислам да не сум закачила нешто. Јас како и да е во понеделник ке одам на гинеколог ама до ппонеделник ќе умрам од секирации, па си мислев да не му се има случено ова на некој друг да ми каже нешто да ме смири
Проблем нема,но прашање имам.Дали е нормално девојка од 17 ипол години и дечко од 21 година кои се муваат и се на почеток на нешто што и тие незнаат што..после 5-6 дена мување и гледање и слушање секој ден да бидат малце поопуштени во смисла,.да се подзапалат и погалкаат преку алишта и возбудат.. Значи ништо повеќе од тоа ..Во ред ли е луѓе? И да,прашањево ми е малку ама ме интересира
Не сте веќе деца па да прашуваш дали е нормално. Ако мислите вие дека е нормално, зашто тогаш би прекинале со тоа.. Ако мене ме прашуваш, сасвим нормално е.. Не сте деца повеќе
Како да те смириме, биднала веќе работата, ајде надевај се само дека е некоја полесна инфекција. (што и немора да значи дека си ја добила од односот) И памет за друг пат, посебно ако не го познаваш добро партнерот.
Имам редовна менструација, но во јануари ми доцнеше 15 дена и бев на гинеколог. Со вагинално ехо ми направи преглед и ми најде две пукнати цисти. Рече дека не е страшно дека во рок од 10 дена од преглед ќе добијам и добив. Од јануари до сега добив менструација два пати, на точен датум и со нормално крварење од 4-5 денови. Но никогаш до сега не сум имала болки како што имав во последните две менструации и толку многу парчиња - згрудена крв. Ме интересира од што може да биде згрудената крв со прилично многу крварење, боја - темно црвена?
После колку дена од мензисот е најдобро да се направи пап тест? Ми завршува во четврток и сега се мислам дали да закажам за петок или понеделник Да не е многу рано петок, а па понеделник касно
ПАП тест можеш да правиш во било кој период одкога ќе ти заврши, но мој совет ти е да си отидеш во понеделник, а не одма по дент одкога ќе ти заврши
Ми кажаа дека се прави 2-3 дена откако ќе ти заврши, тогаш најточно покажувало па затоа се мислев Фала
здраво феминки, имам 17 години имам дечко веќе 5месеци и уште сум немала односи,ни со него,ни со никој. но јас се чувствувам подготвена. но проблемот е во тоа што, пред 5 месеци јас за прв пат примив вакцина против HPV вирус, а таа вакцина треба да се добие три пати во рок од една година. после сите вакцинации телото е заштитено од овој вирус. но, мене последната трета вакцина ќе ми биде тек во јули. а гинекологот ми препорача, да почекам доколку сум немала односи, да почекам додека на ја добијам последната вакцина, за да биде сигурно. но јас неможам да чекам уште три месеци и незнам што да правам. а сакам пред да почнам со односи да почнам со зимање на антибеби пилули кои можат да се купат само по препорака од доктор/гинеколог. што значи морам да отидам повторно на преглед и да се консултирам со гинекологот мој. но некако ми е мноуг глупаво, да го кажам ова, затоа што не сум била на гинеколог многу пати, и сеуште се чувствувам несигурно кога сексот е тема на разговор. а не се чувствувам доволно слободна за да го зборам ова со мајка ми. што мислите што би требало да направам?
Најбитно - ќе зборуваш со гинекологот ОБАВЕЗНО, нема срам - не срам. Од нас можеш да добиеш генерални насоки, ама никако не се основа по која ќе треба да се водиш. Како прво, HPV вакцината штити (и ова е дискутабилно, многу кратко време е воведена за да се знае со сигурност) од само 4 подтипа на овој вирус, а ги има повеќе. Со ова сакам да ти кажам - Немој да мислиш дека со вакцината си заштитена за цел живот, па да се пазиш само од бременост и да земаш антибеби пилули! Ризикот од сексуално преносливи заболувања СЕКОГАШ постои, затоа секс - САМО СО КОНДОМ, без разлика на примени вакцини, пиени антибеби пилули и слични работи. Друго - пошто веќе си тргнала да ја примаш вакцината - истата можат да ја примаат само оние кои до тогаш не биле сексуално активни, или ако биле, мора да направат ПАП тест за да се утврди да не случајно постојат тие 4 подтипа против кои е всушност вакцинацијата, оти не дај Боже да ги имаш - ќе ти настане хаос во организмот. Со други зборови - немој да имаш односи се` додека не ја примиш и последната доза на вакцината. Не затоа што ти „препорача“ гинекологот, туку „паметниот“ требало да ти забрани заради твое здравје! Консултирај се уште еднаш со него, а најди и некој друг, прашувај наоколу. Информирај се и размисли добро, ова не е заебанција...вакцините можат да бидат многу опасни, заштити се од несакани појави и одложи го задоволството за покасно.
Јас сеуште се мислам за Пап тестов, после 2 месеца конечно добив и сакам да искористам сега да направам зашто после кој знае кога ќе добијам пак Ми заврши еден ден порано т.е денеска и не знам кој ден да идам да направам. Читам по интернет секаде различно пишува, некаде 10-12 дена од почетокот на менструацијата, некаде 10-20 дена, некаде втората половина, некаде првата недела откако ќе заврши и стварно не знам сега за кога да закажам.
Имам некоја инфекција (ЛОша, најверојатно трихомонијален вагинитис)...уште не ми се резултатите од ПАП готови, но гинекологот ми препиша апче Дифлуконазол и вагиналети Нео Пенотран...дали некој ја користел оваа комбинација и дали ви помогнала?
Ќе одиш првата недела откако ти завршило. Не е толку битно времето, зашто ако имаш нешто, ќе го имаш целиот месец, а не само одредени денови. Битното е да не појдеш недела пред да ти дојде пак, зашто тогаш е зголемено лачењето на секреција. Мене гинекологот ми има кажано дека најдобро е да се појде на 6тиот ден, ама ако ти трае 7 дена, секако нема крвава да му седнеш
Казете ми што да пправам Не сум многу блиска со мајками и неможам со неа за ова да разговарам. Имам 13 години и уште немам добиено ама мојот проблем е цело време ми се прлават гакичките како некоја течност измегу бело и жолто е и има малку непријатна миризба и густо е и цело време значи ако сега ги облечам гаките за 1h ке треба да ги сменам и носам цело време дневни влошки и веке ми е смачено од се. И заборавив да казам дека си одржавам хигиена
Најверојатно не си сексуално активна на тие години, така? Разговарај слободно со мајка ти, нема што да ти е срам. Пробај да се измиеш со камилица и цода бикарбона, може ќе помогне. Сепак најдобро би било да и кажеш на мајка ти и да посетиш гинеколог.
Не сум сексуално активна, ке го пробам ова со сода и камилица. Фала на одговорот Заборавив да казам дека со месеци е вака