Сакам да ве прашам дали ви се има случено после секс со кондом да ве чеша вагината , јас пред околку 1 месец почнав сексуални односи и после односот ме чеша вагината , да не е алергија на латекс или е нормало ??
женски, имам прашање за вас... дали некоја го користела тестот за бременост SURE CHECK (Прашав бид. нели на рекламата вели точен во секое време)? Пошо сакам да проверам дали сум бремена (се надевам на позитива), аама незнам колку точни се тестовите... поминаа едно 15 дена после односот, колку отприлика би можел да биде точен било кој тест за бременост?
Доволно време има поминато за да го направиш....за секој случај можеш и два да си земеш SURE CHECK и уште еден од најобичните за да бидеш сигурна....јас проверував со SURE CHECK добар е
Дали некоја можеби има користено апчиња за заштита?Ако може да ми дадете информации на пр некои негативни влијаниа, каде се набавуваат и колку често ги користат...?
daddys.princess Да Сакам да пробам со апчињата за контрацепција ама страф ми е дан има некое "непосакувано" дејство Зато прашав дали ќе може некој да ми даде совет...?
^Тоа се хормонски апчиња и секако дека може да имаат нус појави, а се зависи од тоа како твоето тело ќе ги прифати, различно делуваат кај секого. Појди си на гинеколог и консултирај се со него, најубаво ќе ти објасни се, а и ќе ти препорача кои би биле добри за тебе. Мене лично докторот не ми препорача да ги пијам, ми рече штом немаш хормонски проблеми, нема зошто да се труеш со апчиња. А има девојки овде што пијат, па баш им пријаат. Различни организми се во прашање. Најубаво е со доктор да се консултираш. Иначе може да се купат од аптека, без рецепт идат.
Јас ги користам повеќе од 5 год......мене многу добро ми делуваат затоа што имам несредени хормони и со нив е се во ред.....значи ги почнав заради заштита ама кога видов дека ми делуваат добро на хормоните не мислам да ги прекинувам додека не решам повторно да родам .....како што спомена една форумџика на секој организам различно делуваат и секако пред да ги почнеш мораш и на гинеколог и тој ќе ти препорача кои ќе ти одговараат тебе.....мислам дека помогнав
Девојки имам едно прашање? Во неделата, завчера имав првпат односи со дечкоми бев невина значи тој ме скина, за време на сексот воопшто не ми протече крв, понеделникот кога ојдов во вц, имав капки од крв, сватив дека можеби е нормално и тоа само еднаш беше, во вторникот кога појдов пак во вц но во поголема нужда, ми течеше крв и тоа премногу и се уплашив незнам што може да биде, и пак само еднаш во денот, еве и денеска значи 3 ден, кога појдов во вц, пак ми течи крв... незнам дали е нормално, што може да биде. Успат немавме секс со кондом, дечкоми сврши али не во мене, барем видов и се надевам дека нема да има некои дополнителни проблеми? ?
Јас мислам дека е тоа нормално. Кога јас имав односи прв пат, и мене не ми протече крв, истото ми се случуваше и мене 3 дена по ред, но потоа се беше во ред. Следно очекувај нормално е и да ти доцни првиот месец после првиот однос. Ништо страшно, но сепак ако крварењето продолжи посоветувај се со гинеколог. И не се секирај, уживај си со дечкото максимално, но биди внимателна со односите без кондом, барем на почетокот додека сексуално не се запознаете со партнерот и не се ускладите. Поздравче
Ако може малку помош...!! вчера имав односи со мојов и ми беше првпат.. Е сега има 2 проблеми: 1. Испушти му се малалку у мене.. 2. Не потече ни капка крв од мене.. Е сега почна индиректно да ми вика ти знаеш шо значи тоа, ти велеше дека е прв пат(за болење боле те ама нема крв).. сега незнам шо да правам дали можеби нареден пат кога ќе имаме односи ќе потече или пак, а несакам да мисли дека има некој друг.. .. А и + не ми е сигурно оти му се испушти во мене и ме фаќа малце паника.. о он упорно ми вели да не се грижам дека знаел шо праве..Во почетокот одевме со кондом а потоа без и не видов дали сврши настрана.. ХЕЛП ПЛИС!! Инаку самошто видов дека мојов пост наликува на оној на Feel1 па да те прашам дечкоти ти веруваше дека ти е првпат?
па и мене не ми течеше првиот пат крв,некако како секрет како водичка топла и машкиве научиле дека мора да има крв нема врска тоа значи според мене дека ти е созреан хименот и дека точно си се одлучила кога треба да имаш односи сеа кај некој зависи кога како,треба да му објасниш,и јас чекав крв после 2 3 дена ама ништо ,сеа може наредниот ден да ти потече или другиот ама после тоа чим не ти потекло ништо ,сеа на крај краева спаѓаш од таквите како и јас ,а за свршувањето немој да ти текнало на памет да се ослониш на него да веруваш дека нема ништо да ти се случи тој ти рекол дека знаел што прави колку да не се тргне од најубавиот дел што на многу девојки им се има случено да забременат вака, чим незнае да се пази тој, пази се ти, без кондом нема секс и толку, инаку вака ако продолжите се знае што следува и ако му дозволуваш без кондом ќе се научи да ти бара секс без кондом [ова е проверено ] и после тешко да го натераш со кондом ,реагирај си време ете ти совет
А и на него му е прв пат? Ако не му е тогаш знае како изгледа прв пат а како втор и не би требало ништо да вика.....е сега ако сака да се задева со тебе тогаш да му е шлакнеш една И не мора секогаш да протече крв обично кај повеќето нема крв така да крвта не е репер дека си невина......а дека се чуствува тоа да и тоа многу.....и за да не паничиш после секој однос тогаш земи си кондом и ќе бидеш сигурна дека ништо не се случило.....односно ќе бидеш 95% сигурна секогаш има + - %
Фемина и јас тоа се чудев зошто додека имавме односи не ми потече крв, ама не фрлив толку внимание бидејки ете има и такви кај кои не мора да има крв со првиот однос. Дечкоми знаеше дека ми е прв, и ми веруваше , не ми рече ништо.. бидејки другиот ден како што напоменав веке ми течеше крв и баш во тој момент бевме заедно, ете имав некоја подршка. Кје видиш наредните дена.... А и мислам дека дечкоти не е многу едуциран... немора да значи дека е морално да ти протече крв !! :/