Нема врска годините, другарка моја на 26 години имаше прв однос и рече ништо не осетив....се е само искуството и твое и негово...опуштете се и двајцата и другото е полесно ))
Преплашена сум. Првпат во животот ми се случи нешто вакво...додека имав однос со партнерот, осетив силна болка во стомакот, ама ептен, ептен силна. И друг пат сум имала слична болка, ама овој пат беше нешто екстремно. И обично ми се случува во кучешката поза, а овојпат кога тој беше врз мене, значи буквално се препотив од болка, направивме пауза и после тоа продолживме без проблем. Откако завршивме со се, болката пак се појави, еве и сега ја имам, послабо, ама ја има. Ќе одам на гинеколог, но до тогаш сакам да слушнам и други мислења. Можно ли е да е повреда на матката, или јас си правам филмови?
И се деси на моја другарка истото при секс да осети толку силна болка што почнала да плаче неможела да се смири отиде на гинеколог и и рекоа дека и го прокрварел ѕидот на матката, оди на гинеколог не си играј
Здраво девојки, да ве прашам колку се големи шансите да се забремени ако сврши у тебе 6-тиот ден после завршувањето на менструација зашто јас не се разбирам многу многу кога се плодните денови али случајно прочитав дека одприлика една недела по завршувањето на менструацијата, затоа ве молам за одговор?
Еве ти калкулатор на плодни денови, Календар на плодни денови внеси си ги твоите податоци зашто кај секој е различно, ама сепак мислам дека шансите се доста големи.
Што би требало да значат болки во долниот дел од стомакот и болки во градите и кичмата и чуствувам вагинално печење имав мн бело прање еден период?Минатиот месец добив на 15ти што би требало На 15ти треба да добијам и гледам внатрешна бубуличка исто ми искочила дали е можно поради овулација или треба да се секирам бидејќи читав пред малце за некоја болест еднрометриоза и ме засекира делува мн лошо болеста. ИНаче со дечко ми си имаме незаштитен секс ама сме мн внимателни секогаш свршува надвор што се надевам бременост сигурно не е
Зависи каква ти е, редовна или нередовна, па бројот на денови помеѓу две менструации. Во секој случај постојат реални шанси за бременост.
гледајте значи сестра ми има 1O години и скоро ќе полни 11 добро де за 2-3 месеци но уште не и дојде кај мене ми дојде уште од 1O години и 6 месеци и 2 дена,она нејќе да и каже на мама а и + ја се заколнав дека нема да и кажам ниту па на друг може ли да добила но да не се приметило,ипак не верувам у тоа
Како не разбирам..... “ не и дојде “.. а нејќе да и каже на мама.... збунета сум во комуникацијава????
Јас мислам дека девојчево сака да каже и покрај тоа што сестра и има 10год суште нема добиено прва менструација а она добила на 10 год . Значи девојче нема потреба да правите проблем ако ти си добила на 10 год незначи дека и сестрати треба да добие може на неа ќе и дојде покасно на 13 -14 год кај секоја е различно
Секое тело различно созрева, нема тука ништо чудно. Ако не добие до 15-16, тогаш би требало да се загрижите, а не сега. Уште поубаво, нека ужива во детството и периодот без стомачни болки, крварење, влошки и сл.
Пред малку земав вагиналети на природна база Гинекс 3. Во упатството пишува се става една вагиналета наутро и една навечер како ова за толку кратко време две вагиналети..плус и наутро во движење ќе испадне таа Има ли некој искуство со вагиналетите на Гинекс?
Па може затоа што се на природна база, ама сепак ми е чудно. Сите јас што сум ги користела биле една и тоа пред спиење. Најверојатно ќе треба да мируваш малку, барем колку да се растопи. Најубаво консултирај се со гинекологот.
Па и мене затоа ми е чудно инаку не ми ги препиша гинеколог сама ги купив, имам долгоо време проблеми со бактерии се отрув со лекови од кои нема ефект и решив да почнам вака со билки да се лечам уф не знам како да ги ставам сега
ок, ама барем телефонски исконсултирај се за употребата. Чим ги даваат без рецепт нема потреба од препорака од гинеколог. Ти само консултирај се за тоа дали еднаш или два пати на ден.
Јас ги користев пред извесно време Гинекс форте,ама ставав само навечер пред спиење.И право да ти кажам не сум ич задоволна од нив...буквално немаа никаков ефект кај мене.Добро секој организам е различен,тебе можеби ќе ти помогнат.