Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Ех што била работата........ако убаво сватив сакаш да биде убаво првиот пат? а не со прст како што си напишала овде
    Е сега вака значи ова ти е мое мислење првиот пат можиш да го направиш убаво во однос на атмосфера и значи свеќи,романтики и такви ми ти работи ама ПРВИОТ пат никогаш нема да биде тоа нешто УБАВО во смисла на она кое што со искуство по години ќе биде УБАВОТО......не знам колку ќе го сватиш ова и како ќе го сватиш ама првиот пат само е ВОЗБУДЛИВО нешто дека е прв пат а дека ќе биде нешто многу убаво.....тешко
    Е сега да образложам и зошто така мислам...........двајцата недоволно се познавате (мислам на секслуално) за да знаете што го возбудува партенерот......по ова горе што си го пишала мислам дека и немаш доволно читано на таа тема за да знаеш дали си или не девица......ако и на дечкото твој му е прв пат значи (мислам дека нема многу да издржи) пред да сврши а на тебе ќе ти треба повеќе време од него заради ред др работи што во моментот ќе ти се мотаат низ глава :D ........така да мое мислење би ти било да биде добра атмосфера затоа што сепак е прв пат и тоа ќе се памти како прв пат а самиот чин на тој прв пат подоцна сепак мислам дека ќе избледи ;) .......затоа што сетоа тоа понатаму во твојот сексуален живот ќе биде многу многу по возбудливо а сега ВОЗБУДЛИВОСТА спаѓа на тоа што само е ПРВ ПАТ.
    Се надевам дека помогнав.....па со среќа ;)
     
    На eleni27 и sunfemina им се допаѓа ова.
  2. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70

    Зависно од тоа колку длабоко го ставил прстот - се што е поголемо од 5цм може да го скине хименот,но сепак според мене невина си се додека немаш сексуален однос без разлика дали си се скинала со краставица или со прст. :lol:
    Очекувања за првиот пат секогаш се неуспешни и никогаш не е убаво како во филмовине.Прво нема да си доволно опуштена,мислите ќе ти лутаат,ќе се плашиш,ќе те боли,не се познавате добро секусално и тоа ќе биде нешто на брзинка.Тие посебни случувања,романтики итн повеќе ќе ги имате откако ќе станете редовно сексуално активни него на првиот пат.Ем ќе бидеш поопуштена ем ќе пробувате различни пози,ќе научиш што сака тој..Не се плаши и да не е толку добар првиот пат,секој следен пат е подобар! :)
     
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Девојки имам едно прашање, уствари повеќе совет иде.
    Од скоро почнавме да имаме секс со дечко ми, уствари едвај 1 до сега :lol:, и сакам да почнам да земам контрацептивни таблети само не знам колку е тоа паметна идеја. Кондом тешко дека ќе сака тој, а и јас не сум ентузијаст за кондом.
    Минатиот пат немавме ништо, само сврши надвор.
    Сеуште немам разговарано со него, ама се двоумам и не знам што да правам.
    Што мислите вие за контрацептивните таблети?
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Довербата??? Дали постои кај вас? Дали доволно се познавате, дали сте сигурни дека нема да се изневерувате???
    Зошто една авантура може да те чини цело здравје !!!
    За да не користиш кондом многу е важно прво добро да го познаваш партнерот, да му веруваш .

    Во однос на контрацептивните таблети, најпаметно ќе биде да отидеш на гинеколог, да ти одреди кои најмногу ти одговараат. Сепак не се обични аналгетици за да ги зимаш на своја рака.
    Иако сметам дека Јасмин или Диане35 се со најмало количество на хормони.
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    А што им фали на кондомите? Мене ми се најбезбедни, на страна бременост, од секакви спб и инфекции. Незнам од каде таа одбивност кон кондомите. Не прави голема разлика во чувството навистина. Јас гласно гласам за кондоми, а ако твоето мислење се базира на неговата желба да не ги користи, размисли подобро за сопственото здравје. Никогаш не оставајте само мажите да се грижат за заштитата во интимните односи. Паметната жена секогаш си носи резерва со себе.
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    А зошто не би сакале кондом?
    Презервативот има највисок процент на заштита, пред било кое друго контрацептивно средство. Со контрацептивни таблети само ќе се заштитиш од бременост, а со кондом и од бременост и од сексуално преносливи болести што е многу поважно и не е можно со таблетите.
    Не сум за зимање хормони освен ако стварно не е итно и потребно од здравствени причини, си го сфаќам како безпотребно труење на здрав организам и треба постојано, секојдневно и долготрајно да се пијат без пропусти, зошто пропустите значително ја намалуваат заштитата од бременост.
     
    На kravce и Unica им се допаѓа ова.
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Довербата си ја имаме, одамна се знаеме а во врска бевме прво 2 месеци ама без секс и сега еве 1 месец веќе па пред некој ден имавме секс за прв пат.
    Не е дека јас имам некоја којзнае каква одбивност кон кондомите ама и од нив ме фаќа малку страв, да не пукнал да не ова да не она... јас некако сум повеќе за таблетите ама ќе морам на гинеколог деновиве.
    А треба и со него да разговарам...
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    За дечко со кој си во врска малку време, ја би обавезно кондоми. Освен претходно да не го пуштиш на тестирање за интимното здравје, па ете некоја сигурност. Секако твој сопствен избор, ама бременоста не е единствен ризик од интимните односи
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Meне ми се случувало да пукне, па се заменува со нов..не е страшно. Барем до сега тоа пукање било забележливо, а неколку пати кога имало сомнежи дека е незабележливо дупнат сме го проверувале со добро познат метод на полнење со вода :D и немало потреба од грижи. Јас би земала таблетка за ден потоа во случај да навистина се случи да има пропусти со кондомот и свршил внатре. А да се занимавам секој ден со апчиња во 13:48:52 часот дека треба да ги земам, а притоа да сум изложена на секакви опасни болести и пореметувања...никако не би играла така со своето здравје поготово интимно.
    Не знам како имате доверба, ако пред се не сте разговарале на тема заштита за доброто на двајцата и мислиш дека тој нема да сака кондом.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Unica, не сте доволно долго заедно за да почнете со односи без кондом, барем кога станува збор за тоа треба да постои голема доверба меѓу вас. Така што јас препорачувам обавезно да користите некаков вид на контрацепција. Разговарај со него и види каков став има во врска со ова. Искрено мислам дека кондомите се подобар избор затоа што штитат и од бременост и од СПБ. Лошото кај кондомите е тоа што може да пукнат, ама ако е добро наместен многу тешко да пукне, верувај. :) А апчињата штитат само од бременост, и потребно е многу да внимаваш за да не испуштиш некое, и мислам дека не се толку штетни како што се зборува, а и имаат голем процент на ефикасност. Сепак ти си знаеш што повеќе ти одговара, и верувам дека ќе бидеш поопуштена кога ќе знаеш дека си заштитена, а не секој месец да се тресеш додека да добиеш.
     
  11. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Девојки сите сте во право. За довербата сепак ќе кажам дека си ја имаме и не ми е страв од болести и инфекции со него.
    Останува само да одам на гинеколог да ми препиша контрацепција пошто сепак повеќе сум за нив, па ќе видам како ќе биде понатака здравје.
    Фала ви на сите на советите :*
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Девојки, дали за вас пресуден е феноменалниот секс за да останете во врската? Дали би се потпреле на добар секс и одличен однос со партнерот и така би можеле да живеете? Дали сте успеале, со тек на време, да го направите вашиот дечко, одличен љубовник? Дали има можност за тоа? :?:
     
  13. tea19

    tea19 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    23
    Секако не е пресуден, ама е пожелен :)
    Добар секс и одличен однос не е лошо.. тие работи се усовршуваат, зависи од него.. најлоши се тие што мислат дека се одлични - таквите тешко можеш да ги подобриш. најдобри се оние кои сакаат да дознаат што сакаш и што ти треба, таквите верувај за некое време стануваат феноменални љубовници. Секако треба да си дадете време, да се запознаете физички, дај му време да дознае што сакаш, разговарај со него.. не е секој учен, може немал големо искуство пред тебе а и да има, секое женско тело е различно. И на крај ако не го бива сеуште откачи го :D
    имам искуство со лош секс во врска.. прво беше лош, потоа стана редок, и на крај воопшто го немаше.. како да ја изгубивме онаа физичка потреба за близина.. иако не се каравме, се гледавме многу често.. ама секс ни имавме ниту пак зборувавме за тоа..
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    ДА

    Без добар секс и најдобрата врска когаш тогаш ќе има проблеми. Уште и ако дојдеш до стадиум да го опишуваш како „Лани за малку, а оваа година поретко“, откачи го. Веднаш.
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.456
    Пол:
    Женски
    Каренин,сексот е израз на љубов,а нешто пресудно.За мене пресудна е љубовта,а искуството во креветот може да се подобри ако поработат и двајцата партнери на тоа :!:
    Мојот партнер стално се фалеше дека бил одличен љубовник ,па бидејќи ми е само тој,не би знаела да кажам дали е точно или не :P :lol: .
    Никогаш сексот не сум го гледала како нешто ,,најважно,, :x
     
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Дали ви се случило да сте во време на овулација и да најдете на долниот веш бледо црвена течност, која не е ни густа ни на лик на менструација или секрет? Тоа ми се случи 1 ден откако направив ПАП тест.
     
  17. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Девојќи, додека имав менструација, со дечко ми малку се поднапалвме и почна она интензивно да ме трие долу...Носев влошканели и од утредента таму почна да ме чеша таму, но не кај вагиналниот отвор туку отворот од каде што излегува урината...Се измив со сода, пецкањето го снема, остана уште малку да ме чеша....
    Но преплашена сум...Дали е иритација на кожата од посилното триење?
    Што можам да ставам на местото?
    Фала ви однапред.... ;(
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058

    Од пап тестот е и нормално е.


    Повеќе од сигурно е дека се работи за иритација на кожата. Одмивај се со камилица да се смири малку.
     
    На snegce и Bright им се допаѓа ова.
  19. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    И мене после ПАП ми се случи истото, претпоставувам дека е од тоа што гинекологот што “чепка“ внатре :D - но сега сум задумана...ми доцни 2-3 дена од вообичаено, бидејки знам секогаш добивав на 21-22....а сега е веке 25, а сигурна сум дека не сум бремена :)) ...
    ти се случило тоа???
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Не, тоа не, прв пат вака бидејќи прв пап тест ми е. Се надевам дека се ќе е во ред.

    Меу, ти благодарам на одговорот!