Ти советувам во најбрзо време да посетиш гинеколог. Ние тука не сме доктори, ниту пак некој може да ти даде стручно мислење од два реда муабет. Зголемен секрет и лоша миризба се резултат на некоја промена во твојот организам.Далеку од тоа дека се работи за нешто лошо, меѓутоа со здравјето нема играње. Закажи преглед и провери на лице место од стручно лице за што се работи.
Ти благодарам на советот лола-м..знам дека не сте доктори сакав само да слуснам мислене и совет. Бев на гинеколог прав пат во мојот живот кога ми се случи спонтаниот абортус подоцна бев на контрола и толку. (коса ми се ежи кога ќе помислам за на гинеколог) Од тогаш секој ден имам непријатна миризба. Сепак ке пробам со канестен ако не бидува ке посетам гинеколог. Сепак ви благодарам на советите...
RAZOCARANA , се купуваат без рецепт, не се скапи а зошто да чекаш до понеделник? И во недела работат аптеките. Не е филозофија да ги користиш само мораш да лежиш и мируваш кога ке ја ставиш. Поздрав
Ставањето на канестен вагиналети е многу лесно и едноставно со помош на апликаторот (прочитај го упатството претходно за користење). Не е страшно..скоро и да не се чувствува ставањето, така што нема непријатности. Но пред се е важно да одиш на гинеколог, на своја рака многу експерименти со интимно здравје не е ок да се прават.
Веќе подолго време ме чеша окулу вагината и на едната срана окулу вагиналниот отвор имам како кожата малце да ми е засечена и окулу него има црвенило, и кога ќе имам секс со дечко ми ме боли малце и ме лути освен ова други знаци немам,немам ни бело праење ни нешто друго.Што мислите вие дали се работи за некоја инфекција? Дали на некој ова му се има случено?
Ви благодарам на сите на советите. А морам да чекам за жал до понеделник бидејќи живеам во мало место каде има само 2 аптеќи и за жал на недела нема отворено ниедна. Поздрав девојќи
хај грлс.. сакам да ве прашам дали ако сосем малку влезе од предсексуалната течност има веројатност да се остане бремена.? и да.. некни читав на една страна.. дека ако во таа течност имало и макар 1 сперматозоид можно било за несакана последица... што мислите..? :О
Да да можно е. Доволно е само еден сперматозоид за да ја оплоди јајце клетката. Јас така останав бремена. Со дечко ми имавме незаштитен однос, тој сврши и само се избриша. Повторно имавме и се фатило,баш ми и биле плодните денови. Но за жал кратко траеше мојата среќа...
се вика ПРЕДСЕМЕНА ТЕЧНОСТ и да секако има шанси за бременост секогаш можи не толку големи али реално постојат
Ај вака ја да прашам. Додека имаш менстурација колкави се шансите да забремениш? И тоа од предсемена течност? Мислам дека мн ретко се дешава да се поклопат плодните денови со менструацијата? Или грешам?!
Девојки дали и колку е нормално да ме болат градите а денес ми беше 7 ден од циклусот? А ако не е баш нормално до што може да биде. Знам дека бременост не можи да биди бидеќи сега ми заврши циклусот нели? но што можи да биди?