ве молаам помоош :'( имав дечко до пред 3 дена, не ми веруваше дека немам сексуален однос до сега затоа што имам 21 година и додека се ''галевме'' тој со неговиот прст .... и наеднаш стана и ми рече ЗОШТО МЕ ЛАЖЕШЕ ДЕКА НЕ СИ СКИНАТА....пред тоа осетив мала болка ,али не и во моменто кога го стави прстот. Не потече воопшто крв, и сега ми раскина зато шо мисли дека сум го лажела.Кажете ми ве молам дали е можно да сум скината ??????
јас мислам дека не е можно доколку немало крв бидејки нормално е да потече крв при првиот сексуален однос.А тоа што не те скинал со прстот немој да се чудиш затоа што има различни химени има химени кои се многу еластични и кои неможат да се скинат при првиот сексуален однос.
Аууу... ако ти сама не знаеш дали си имала сексуални односи со некој дечко и си перфорирана, од каде па ние тоа да го знаеме на гравчиња ли гледаме?????? Уз патно да спомнам..овој твојов екс, што намеравал да изиграва доктор дулитл , он тоа стручно да провери дали си невина или не или со цел да те скине пикнал прст??? Ако кине девојка со прст нека оди на трупче нека си го стави. А ако глуми доктор професор тогаш треба да знае за еластичноста на женскиот химен!!!!!!!!!
мене ми е дека ме скина со прстот, зато шо после тоа чувствував болка Дали ако имаме однос сега ќе осети дека ми е прв иако би имало шанса да ме скинал пред тоа со прстот ??
даа, не бев доволно влажна, но ќе ве молам за одговор на прашањето Дали ако имаме однос сега ќе осети дека ми е прв иако би имало шанса да ме скинал пред тоа со прстот ??
mjauuuuuu не си во право дека кинење без крв не е можно, мене ми е поневеројатно осеќање на невиност и кинење со прст. Имаш цела тема на форумов дека секоја девојка не крвари при прв сексуален однос и тврдам дека е така. А дали ти кажа колку тој има скинато до сега штом е толку искусен да примети со прст дали си скината или не? Колку од нив ги скинал со прст? И колку е едуциран дека не може секоја девојка да има ист химен и дека не мора да значи дека ќе крвари при прв однос? Зарем тоа му беше единствената причина поради која е со тебе? Да не смисли таква "сцена" за да најде причина да ти раскине? Ако е така, колку и да звучи сурово ама не ти треба. Не дозволувајте да бидете жртви на неедуцирани дечковци, кои очигледно не знаат да ценат ништо друго и не ги интересира ништо повеќе од химен кај девојка. Кај го научија тоа не ми е јасно?!?!смајли што се крсти)
можеби е можно ама јас првпат слушам за нештово и искрено не верувам многу во тоа ако сум грешка се извинувам многу
Потврдено ми е од стручно лице дека истото е можно и е неретка појава..интернетов е полн со информации преку кои сите што не знаат (посебно вклучувајќи ги лицата од машки пол) пожелно е да се едуцираат пред да си ги тортурираат девојките. Ако не веруваш еве ја и темата на форумов каде што е дискутирано околу тоа. И покажете малку самопочит, не трчајте кон оние што ве исплукале за вакви глупости..не вреди, не живееме во старо турско веќе..
Нема зошто да ми се извинуваш Информирајте се и едуцирајте се девојки! Барем денес ги има сите информации достапни во секое време и срамота е што пред се, сеуште огроооомен број на машки се закржлавени во мозоците на оваа тема. Дури не ми се верува кога ќе прочитам дека некој сеуште пати од вакви работи...морало крв да и тече на девојката, морало да ја боли, морало тешко да се кине и што ли уште не.. НЕ! НЕМА такви правила и закони за женската невиност. Ако на тоа ви се заснова љубовта и се останато во врската, турете и пепел!
Здраво,нова сум на форумов и имам едно прашање па бидејќи читав и видов дека е доста активен и сигурен се решив да прашам тука. Со дечко ми имавме незгода, па во паника се решив за апче за ден потоа. Запознаена сум со сите последици од земањето на овој вид апчиња,но ме буни..дали апчето дејствува ако се испие после 30 минути од односот? Знам дека е подобро да се испие што побрзо,но ме буни дали можеби го испив премногу брзо?
Можно е кинење без крв! А со прстот не верувам и дека направил некоја си дупка (извинете на израз), би приметил дека не си скината, потоа ако имате односи, но мислам дека тој не заслужува да му се докаже!
И јас тоа сакав бе девојче да напишам, ти озбилно уште мислиш да продолжуваш со него? Онака нека ти труби на глава дека го лажеш, он демек е искусен и ќе примети, многу знае он. А тебе тоа не те загрижува што он многу знае, прошол значи дечкото а? Девојче, со прст да те скине од онака галење не да не е можно туку ај, ама па ти што се потресуваш, мене тоа ме чуди. Батали го таму, не е ни прв ни последен. А за тебе да си знаеш, од прст брцање до секс има разлика од овде до месечината, ако сака една година нека те задоволува со прст при првиот однос и ти ќе си осетиш а богами и он. Не е дека јас сум многу искусно и слично, не ни пишувам на темава, синоќа те приметив со постот и затоа одговорив, ни физички, а богами ни медицински е можно да не почувствуваш.
Значи навистина ми е потребна помош,па затоа пишувам повторно. Дали е во ред апчето за ден потоа да се испие пола час после ризичниот однос и дали е нормално после пиењето на апчето да нема никакви симптоми? Ни гадење ни змор ниту крварење и слично. Да напоменам дека сум на неколку дена пред добивање. Ве молам за одговор.
Совет ве молам втор ден добиено и дечко ми сврши во менем знам сето тоа колку не е убаво да имаш однос на добиено и бла бла но колку се шансите за бременост.
Не знам зошто си имала потреба да го пиеш пред време кога тоа се пие само во случај на грешка,а има други начини како да се заштитиш претходно.Симптомите не значи дека секогаш ќе се појават како што е таму напишано,значи може да ги има а и не мора а што се однесува на тоа дали спречило нешто тоа со сигурност е ДА.Ама пак ќе ти напоменам тоа апче се пие само во екстремни случаи а за се останато има контрацептивни пилули или кондоми.
Ми се деси нешто страшно вечерва и верувајте премногу сум вознемирена... со дечко ми имавме секс... и ненадејно пукна кондомот, но тој немаше свршено, а откако пукна не ни влезе во мене повеќе... но нормално и двајцата премногу се исплашивме... дечко ми утре рано ќе оди во аптека но сепак барам ваша помош... дали е можно да сум бремена ..? колкави се шансите...? ве молам за помош...