Имам ставано вагиналети со лактобацили и Гинекс 3 исто и тие како биле за ова ама џабе а овие имаат име некое? Како да ги барам во аптека?
Еве, линк, а немаат име, ама пробај, многу се поефикасни од Гинексот, ќе пројде.. http://biohol.com.mk/index.php?option=c ... 0-21-20-08
zabche 100% те уверувам дека е од преголема возбуда и страв што и како ќе биде...уште ако си му прва...сеигурно се разочарал во себе кого му се случило ова...Му треба помош!Следниот пат опушти го некако,нека биде спонтано...Со среќа позз п.с на мажите им е потешко од нас
Последните неколку дена , околу 3 од прилика, почнав да имам лупење на кожата во делот кај анусот, црвенило и потемна урина. Немам појма од што може да е, бидејки бев болна од сезонскава настинка и пиев амоксиклав таблети и азотромицин. Можно е нешто да се случува заради овие лекарства?
Мислам дека е можно бидејки си имала јаки лекови,почекај да ти се исчисти организмот од нив,и види каква ке е ситуацијата.Ако продолжи да ти е така тогаш доктор,но мислам дека ке ти пројде за некој ден. Земи мачкај се со онаа павловиќева маст,бебињата што ги мачкаат со неа,незнам како вие ја викате,мислам дека ме свати за која зборувам
Ги имам ставано и тоа неколку пати до сега, не помогнаа ни тие, а и составот им е метродиназол исто како и флажилот , а очигледно е не ми делува он сега наредна недела ќе ја прашам докторката дали делува друг лек на трихомонијазава
Женски јас имав 3 годишна врска.. не ми одеше па раскинав .. но од како раскинав стапив во една врска и во текот на 2 месеци јас имав односи со него .. Но од како сватив дека не е правата личност сватив дека сум се излажала, дека не ме ценел доволно и го оставив пошто не беше спремен да признае дека имал односи со мене и да продолжи со мене јас тоа го сватив и се оддалечив од него. Му се предадов на погрешна личност. Имам само 19 год се уште би рекла сум мала за да знам како одет овие работи еден совет од вас .. Планирам да одам на гинеколог но не сакам да се шијам се плашам од болести или како пример да немам деца и слично.. И едно прашанје ако стапам во друга врска со некој што ке ме сака ваква каква што сум тогаш дали да му ја кажам вистината за мене или не .. и се плашам што ке се случи со мојата иднина потака.. Ве молам за совет каде да се обратам и што да правам верувам имате одговор за овој мој проблем или некој совет. Поздрав.
Гледам, вознемирена си и се прашуваш дали некој нареден ќе те сака и покрај тоа што веќе си го имала првото сексуално искуство. Мој совет е воопшто да не се грижиш. Тоа што си го направила не е ништо страшно ни срамно. Си посакала да бидеш со тој дечко, си била, си пробала, не одело, си престанала. Продолжуваш понатаму. Ти си се‘ уште истата личност, со сите твои доблести и мани, и еден химен не те менува за 180 степени. Ако се најде „маж“ кој ќе те презира и исмева само поради тоа што веќе не си „невина“, плукни му на сред чело и остави го.
Ако некој искрено те сака и да си најлошата на светот за него ќе си НАЈДОБРАТА... Воопшто не мисли на тоа што ќе се случи во иднина. И никој на светот не е достоен да ти суди, бидејќи ова е твој живот и нештата треба да се одвиваат онака како што мислиш дека треба и онака како што тебе ти е добро...
Од скоро почнав со односи т.е дечково со кој сум сега ми е прв. Е сега проблемот е што ми помина таа фаза кога ептен ме болеше и не можев да свршам, меѓутоа сега кога се е океј - пак не можам! Ај што јас не можам , па и он не може! Сме збореле на оваа тема, и не знам кај да го лоцирам проблемот. Тој имал доста бурно минато, многу врски за една вечер па и тие што му биле поозбилни сепак биле нестабилни (расправии, недоверба и сл.) . Со претходните се понашал многу лошо, ама мене супер ме третира, не можам да се пожалам. Е сега работава е што во сексот ни е монотоно, јас сакам погрубо и поагресивно, а и тој исто така ама никако да почнеме на тој начин. Ми вели дека мене ме гледал како женска што ја сака, не како некоја што би ја растурил од сексање и демек не знаел како да се постави така. Од моја перспектива пак, иако уште не сум толку искусна сепак ме интересираат по-nasty ствари и сакам да пробам така со него, ама сепак кога ќе се видиме - тој нагон што претходно го имам кога сум дома и мислам на него, просто испарува! Он ми вели дека се било психички, се плашел да не не му се дигне воопшто, многу размислувал во тие моменти и сл, ама како и да е - сакам да го надминам ова со него, да му го извадам вистинскиот потенцијал и него и мене , зашто стварно ми се свиѓа и не сакам да прекинеме зашто сексот ни е lame. Ве молам за совет од поискусните, што да правам ?
Сте се блокирале и двајцата од што се сакате и од што не сакате да се повредите. Едноставно не се замарајте и опуштете се,друго решение нема. Се е во мозокот.Опуштете се,направите романтична вечера,запалете свеќи,земете си вино,потрудете се со помош на ова максимално да се опуштите и да не мислите на глупости што ве блокираат.
Како прво, психички мора да се опуштите. Затоа што сигналите, одат прво во мозокот за да се постигне стимулација мора да сте опуштени. Друго, штом сте на почеток има време и за див, и романтичен и било каков. Но, сега додека се усовршите ќе биде малку монотоно. Додека и ти да се навикнеш, затоа што ти е нешто ново. А и за да биде подиво, треба и двајцата да си превземете иницијатива. Како ќе си го направите, таков ќе ви биде. А, и на него зборувај му...штом се плаши, утеши го и дај му мотив. Спремајте романтична вечера или нешто слично. Музика, винце...
Значи вака.. имам дечко со кој одам година и некој ситен месец. Се обидуваме некое време да имаме односи. Сакам да имаме но нешто стално ме спречува во тоа и цело време сум фокусирана на тоа дека болиии бла бла, незнам зошто сум таква, мајка ми е паничарка страв и е и некако не може да се помири со тоа дека ми е време и дека тоа мора да се случи ( инаку имам 17 и пол години) и стаога се обидуваме) ми иде мама у главата со нејзините зборови. Стварно незнам што да правамм.. некој совет?
Пробај да издржиш штом веќе си решена на тој чекор. Опушти се, смирено, се е во твојата психа. Зошто па и мајка ти паничи? Нели веќе поминала низ тоа? Ако не си сигурна дека сакаш да го направиш тој чекор порано почекај. Кажи му на дечко ти да оди пополека, да биде внимателен. Со среќа
Сакам, дури многу пати јас му имам речено - Ајде да пробаме.. Мајка ми се плаши поради тоа што помина низ еден тежок период. Оперирана е од... рак на грлото на матката. И незнам од сето тоа е потресена и уплашена. Не сака да закачам некоја инфекција и сл. пошто многу е подруго кога жената е ’’скината’’.. Полека почнува да се опушта мама на таа тема, така да се надевам во скоро време ќе престане со тоа.
Женски имам кандида.До сега не сум имала никаква инфекција или било што ова е прв пат.Одам за 2 дена на гинеколог па ме интересира, така информативно што сте пиеле доколку некоја од вас имала и дали помага? Мислам, се уплашив малку, дека е прв пат ова чудово, не е ништо страшно како што се едуцирам ама пак да си прашам, друго е кога давате морална подршка,злато вредите.