Јас имав кандида. Кај мене не беше озбилно поради тоа што сум невина, ми дадоа апчиња, ги пиев неколку дена и за помалку од еден месец се исчистив. Немај гајле, се ќе биде ОК
Имам мал проблем, може и да е голем де ама денес петок на гинеколог не можам да тргнам, барем не кај мојата . Синоќа после секс, си се истуширав, се избришав и да си облеќам гаќички, гледам бела течност како ми протекува. Не беше бело прање, беше многу бело, како млеко ама баш и боја и густина како млеко. Осеќав претходниве неколку дена болка ама помина. Земав канестен вагиналети ама не ги употребив зошто видов дека има лактоза во составот, а алергична сум. Зборев со другарка која е медицинско лице и ми рече можам да потечам од вагиналетата, па одма на дежурен. Нели, навечер се ставаат... а, да си ставам преку ден, во случај да имам некоја алергиска реакција? До сега не сум користела ништо Совет
може не ти е ништо земајки во обзир дека после секс доста се излачува секрет така да може ти е секрет кој го испушта природно самата вагина. Доколку немаш чешање и иритација не ставај канестен. Земи си имаш флажил на база на кантарион и стави си неколку. онака превентивно
Завчера сабајлето правев ХПВ типизација и синоќа а еве и денес приметив како бледа крв помешана со кафено за добивање рано ми е ма со мојов нередовен мензис не ни знам кога ќе добијам, ама мислам дека е рано Дали може да е од типизацијата нешто, да е гребнато со тоа четчето , ви се случило ли ова некогаш?
Здраво девојки, ми треба совет од вас, пред некој месец бев на гинеколог и супер беше се, направив контрола на буквално се, ма не брисеви, пап, јајници, и се излезе негативно (се беше ок), нит имам кандида нит кламидија не дај боже, ама последниве две недели осеќам чуден мирис од долу, како квасец има мирис, не јак ама сепак го осеќам, не сум имала односи од тогаш (од одењето на гинеколог) па за некако тоа да се манифестира. Имам малку бело прање ама многу малку, ко нормално што сум имала. Не знам што да превземам а искрено не мислам дека е за на гинеколог, не осеќам ни чешање ни ништо, само мирис. Се мислам дали да земам некој вагиналети, флажил на пример, за да направам шо се вика refresh долу. Совет ве молам!
Преку ден не треба да се ставаат заради тоа што потребно е најмалку 5 часа да се биде во лежечка положба поради растварањето на вагиналетите и нивно разнесување, бидејќи при одење самиот раствор би излегол со белото прање или како друга лигава течност. Не би го имал истиот ефект.Така матичниот гинеколог ми кажа. А јас да прашам, срамота ли е да прашам на 19 години за контрацептивни таблети кај гинеколог? Се чувствувам малце напнато на гинеколог и некако ми е срам да го прашам. Користите ли ?
Марама, прашај во аптека има вагиналети до исто дејство какао канестенот но на природна база се. Тие не содржат лактоза, колку што имам учено, но прашај за секој случај.
Дали додека се користат вагиналети не смее да се пие алкохол? Мислам не да не знаеш на кој свет си ами дали е штетно и една чаша вино? Или нема никаква врска ?
Девојки ве молам за мислење Од време на време, чуствувам чешање, но то чусвтвувам надвор на усните. Ова најчесто се јавува после одржување на хигената, после миење само со млака вода, значи не користам никакви сапуни. Станува збор на некоја инфекција или? А немам забележани никаква друга промена И ќе ве замолам за уште еден совет... малку ми е незгодно да прашам но сепак.... како се проверува кондом дали е скинат после однос? ви благодарам
Девојки, ми треба еден совет, сакав да ги пресметам плодните денови, затоа што пиев норлево па да знам колкав е ризикот, но проблемот е што претходниот месец ми дојде на 20, а во декамври на 25, и сега не знам како да сметам. Никој ли нема да ми одговори, леле ќе умрам ако сум баш јас тој малер да не делува апчето
ПОМОООООООШШ!!! Не уживам во сексооот веќе 1 годинааа ... Сме пробале со алкохол, предигра,орално, романтики и пак ништо.... многу сум очајна како да ја подобриме ситуацијата... Бев на гинеколог ми дадоа ап4инја за опуштање и пак ништо.... Несакам даа раскинам со де4кото зошто читам овде многу велат раскини му, ама не мозам мн го сакам секогаш се надевам дека ке ми е убаво, ке узивам и пак ништо...Заедно сме 3 години... Јас мислам дека е до мојата психа но незнам како да ги тргнам мислите од таму кога имаме секс... ПОМООООООШ!!!
девојки ви се случило ли некогаш да добиете а да не ги имате вообичаените симптоми пред добвања? трба да добијам денови ама од градие абер нема а секогаш ме болат со денови пред да добијам. Мислам дека нема сомнеж за бременост последен пат од кога имавме односи дечкоми не ни сврши. имала некоја ваков случај или слабо???
Секако дека има такви случаи Јас лично немам секој месец исти симптоми, некогаш едни, некогаш други, некогаш баш никакви симптоми, некогаш сите можни ......секој месец различно. Не се секирај, немаш потреба од никакви грижи за ништо
ти благодарам, малце се замислив пошто до сега секогаш ме болеле но знам дека и во менструацијата може да има исклучоци со поразлични симптоми ама сепак сакав да знам дали на некој му се случило
Еве го и мојот проблем.. Вчера забележав малку бледа крв еве денес повторно, но сега повеќе и потемна е и се плашам незнам од што може да се случи така.За да добијам рано е не е тоа 1000% а и не сум била по последно време сексуално активна. Ве молам доколку некој знае од што може да ми се сличи вака нека пише
Cute Eva можно е тоа да биде менстроација која “стасува“ многу предвреме. Порано ми идеше 15 дена пред имав огромни болки не помагаше ни кафетин менстроал, меѓутоа траеше 3-4 дена и тоа бледа розеникава крв. најчесто иди набрзо од преголеми стресови и нервози. смирисе малку и одмори ако тоа продолжи повеќе од 5 дена (колку што трае нормален менструален циклус) оди веднаш на гинеколог, тоа крварење е или од матката или од јајниците поззз
Можно е да се работи и за воспаление на бешиката и мочни канали ако осекаш некое пецкање или болкапри мочкање???тогаш 2 литра увин чај или 2 литра цај од брусница или увин или брусница заедно никако
ај и јас да си прашам.... во последниов месец имам премногу бело пранје, значи еден тон можи и повеќе немам чешање никакво туку пак болка при мочкање, ме боли премногу при однос со дечко ми (го избегнуваме во месец 3 пати само) имам редовна менстроација и се друго е скоро нормално, не сум настината и не се осеќам да имам намален имунитет. што можам да направам? (имам ставано ракија 2-3 пати и не помага совет?