Со дечкоми имавме односи во саботата ама со пауза - 2 пати .. првиот пат се бесе океј ама вториот пат мислевме дека кондомот е некаде на подот арно ама останал во мене. Вечерта сијалицата беше прегорена па неможејќи да го најдеме вториот му реков дека јас кога ќе се раздени ќе го побарам.. вчера го барав низ собата ама ни трага ни глас од кондомот Се до пред еден саат.. Порано денеска пак имавме односи и коа бев до веце предмалку забележав дека има кондом во мене и го извадив.. може ли да ми се случи нешто посериозно поради ова?? не му кажав ниш на дечко ми за да не се секира оти ќе оди на факс вечер и неќам да се нервира ради мене мислите ли дека има причина за нервоза? Да не затруднам сега јас А? Сепак кондомот бил внатре во мене цел ден
Дали кондомот беше полн, па цел ден во тебе? Ако да, тогаш можно е некое сперматозоидче да се истркалало внатре, што се МАЛИ шансите... Во плодни денови беше? Тоа се отприлика најсигурно од 9тиот до 20тиот ден откако последно доби менструација... Ако не си во тие денови, слободно не се замарај А и да си била во тие денови, сепак нема многу шанси така лесно сперматозоир да влезе внатре, па и да се оплоди... И зависи како си го извадила кондомот, ако бил веке превртен да истекол во тебе, тогаш можеш да земаш апче за ден потоа (ама утре мислам дека ке ти е последна шанса за апчето бидејки се пие најмногу 3 дена после ризичен однос)
Многу ти благодарам Aniston инаку не сум во плодни денови а и кондомот се немаше превртено .. фала многу многу многууу !! ми олесна сега.. нема ни да му кажам на дечкоми, нема зашо да се нервира
Дечки дали имате проблеми со бело прање постојано морам да носам секојдневна уф преку глава ми се, а течноста некогаш ми е лигава а некогаш пак на парчиња е и така погуста , некојпат е бело накај жолтеникава а некогаш и на кафеаво ??
Дали има непријатен мирис ? Кај секоја девојка е нормално зголеменото лачење на белото прање пред менстуација обично, но тоа трае максимум една недела. Ако си сексуално активна (уствари, и да не си) можеби имаш некоја инфекција (имав и јас скоро), обично тоа предизвикува такви проблеми. Инфекција се добива од се и сешто - од нечист тоалет (дури и чист, ама неквалитетен), од допир со нечисти раце се до пренос на инфекција при сексуални односи (безразлика орален или вагинален). Најдобро посети си гинеколог, бидејки ако имаш во вагината инфекција, лесно може да ти се префрли на јајцеводите и да си направиш поголеми компликации, дури и да останеш неплодна Да не те заплашувам, немора да значи дека е тоа, инфекциите обично се карактеризираат со голема непријатна миризба, но не секогаш, мада има периоди кога едноставно телото повеке ја лачи оваа течност. За секој случај, едно прегледче ти предлагам
А да престанеш да носиш секојдневни? Другарка носеше цело време, отиде на лекар и и кажаа дека е од нив. Можеби на почетокот потешко ќе ти биде да менуваш гакички цело време, но мислам дека тоа е најпаметна опција. Но сепак посети си гинеколог, како што кажа Анистон, можеби се работи и за некоја инфекција.
Девојки имам многу обилно бело прање. Дури го чуствувам како да ми тече Нема некој боја, бело е и има слаткаст мирис. Ама не се трпи веќе Со влошки уште повеќе ми се зголемува Срам ми е да појдам и на депилација, да не направам некој срам таму Како да го спречам или барем да го намалам ??
девојки хелп добив пред два часа ( нормално) а цел ден ми течеше по една -две капки крв ама мн темна боја па и погусто некако па се испаничив дека обично кога ми завршува последниот ден има темна боја а не на почеток, дали е нормално? Инаку немам некои симптоми на некоја инфекција а и немав однос скоро 10 ма може и 15 дена
срцка баба ми немала редовен цилкус а некогаш и на два месеци добивала па имала 5 деца, мајка ми исто па 6 пати забременила, јас исто во лето за тие 4 месеци добивам само 2 пати и бев на гинеколог и тоа кај многу добар гинеколог и ми кажа дека е нормално а и наследно само што проблем кај нас е што ние имаме повеке плодни денови а не да мислиш дека може да биде проблем за забременување а да исто и тетка ми ( сестра на мајка ми ) и нејзината ќерка ( братучедка ми) имаат нередовен циклус. Интересно што имам забележано е што одкако ке попинат 27-28 дена од последен циклус градите ми се зголемуваат и стврднуваат се до нареден па макар и +1 месец да е мене градите ми се топ
ауу не само тоа и ќе останеш бремена и ќе бидеш дупло издувана за разлика од нормалните трудници . Ќе останеш ниска,ќе ти опагаат забите и косата , а ќе имаш проблем со ноктите а најмногу со МОЗОКОТ
јас навистина не знам дали генерациите кои идат се се поглупи и по неинформирани или се работи за глупи деца кои имаат многу слободно време па замарат по форумот со глупости . А ти на 12 год земи излези во двор да си играш со другарчињата местото не ти е на форумот,а посебно не во темата . не се оптеретувај со вакви прашања има кога да те задоволуват , годините не ти се за тоа . земи си барбика и шибај кај другарките
Немаш менструација заради тоа што нема јајникот созреано прва јајце клетка треба да ја созрее, па да пукне и од тоа пукање има крв која излегува низ вагината (менстроација) Менстроацијата нема врска со задоволувањето. Некои девојчиња менстроација добиваат во пораните, а некои во постарите години во зависно од динамиката на животот(стрес, нервози и сл.) и хормоните. за што да плашиш имаш уште време до менстроација. Јас добив на 12ипол год. позз
Сосема било нормално, мене тоа ми се случува секој месец, обично првите два дена ми е така а после црвено и пообилно па на крајот пак исто, а некогаш и цела недела само кафеаво... Посетив јас гинеколог ми рече дека е сосема нормално
уф фала ти за одговоров, а јас пак вчера од што забегав до толку се јавив на брза помош и ја прашав докторката или мо=еби сестра беше и ми рече дека може не е ништо ама да одам 7-10 дена одкако ке ми заврши на гинеколог па едвај чекам да ми заврши
хахах леле не паничи толку, еве токму вчера ми дојде мене и денес сеуште си тече кафеаво пак провери си, но мислам дека не е ништо