Во последно време имам голем проблем со навлажнувањето..значи ептен ми е сува дури и кога ќе успее малко да се навлажни многу брзо се суши.. не е до дечко ми затоа што порано се беше во ред, е сега осеќам и ненормално чешање кај клиторисот и усните во внатрешноста.. како да имам некоја пресекотинка.. некое решение некој знае ?
Можеби се работи за бактерија . Истото ми се има случено а гинекологот ме советуваше вака „ Пред секс добро да се измие пенисот со чисти раце исто и вагината,по секс веднаш девојката да се измоча за бактерии да не се создадат и строго после секс добро туширање„ . Вака правев и јас и ми помогна се надевам и тебе ќе ти е од помош.
Оваа навистина и мене ме интересираше но вушност далиу осеќа ако сврши во неа? И можеби е малку глупаво но би сакала и да знам како машките знаат кога да се тргнат пред да свршат?
Oваа навистина и мене ме интересираше но вушност далиу осеќа ако сврши во неа? И можеби е малку глупаво но би сакала и да знам како машките знаат кога да се тргнат пред да свршат? ИСТОТО СЕ ПРАШУВАМ anybody ?
Исто како и кај женскиот пол, ти доаѓа таа крајна точка кулминацијата од тоа што го правиш и те тера да свршиш , пред да свршат се тргнуваат на страна..
За првото, во самиот момент ништо не осеќаш, ќе осетиш кога ќе се тргне дека нешто ти потекло, односно спермата. А за второво, па секако дека ќе осети кога му доаѓа да сврши, ќе му стане најубаво и во најчести случаи и ќе добие оргазам. И ако треба и малце порано од што треба ќе се тргне за секој случај.
Бев настината цела недела и сеуште не ми е поминато до крај....И од кога настинав забележувам дека малку почесто мокрам....Е сега јас сум си голем паничар, веднаш мислам на најсериозните заболувања...веднаш одам на камен во бубрег, рак и што уште незнам.....Мокрењето е пример на секои 2 часа. Нема пецкање или болки при мокрењето...Можно ли е да е од настинката? Бидејќи пред тоа се си беше во ред? Прелада на бешика или нешто слично? Чаре?
Дефинитивно е од настинката... Нема место за паника, на пример да мокриш почесто а да не си настината па да се секираш... Е стварно си паничар- немаш ниту камења, ниту рак, само си настината Чаре нема, пиј си чаеви побрзо да оздравиш... Со помин нека е
Јас незам како си дозволувате да кажете некому дека не му е ништо и дека не треба да се грижи а ниту се стручни ниту сте и направиле преглед. Дури ниту доктор уролог кој е специјалист од таа област не би си дозволил вака да коментира без извршени испитувања и преглед. Јас ги советувам сите овие совети овде да ги сватат со резерва и за секој здравствен проблем да си се обратат кај доктор, бидејки слушајки совети од тука дека не им е ништо можат сериозно да си го нарушат здравјето. Инаку што се однесува до прашањето на членката која постави прашање околу честото мокрење, во никој случај неможе да биде затоа што ти тече носот т.е затоа што си настината, најдобро е да појдеш на доктор да се испита мокрачата и да се утврди вистинската причина.
Да надополнам некој информации Па добро ова што давате совети ништо не ти е настината си ова она е исто како на лекот во упатството што пишува „НЕМОЈТЕ ДА ГО ДАВАТЕ ЛЕКОТ НА НЕКОЈ ДРУГ ПА ДУРИ И ДА ИМА ИСТИ СИМПТОМИ НА ВАШИТЕ„ . Глупаво е малку точно е декубаво што советуваме од искуство но уште подобро е да се посетат лекари па макар и да е за ситница обична настинка или посериозно.
А тебе никогаш не ти се случоило од прелада да мокриш почесто? Како можес да кажеш дека во никој случај неможе да се случи...Еве имам одговор од девојче кое вели дека секогаш кога е преладена и се случува...Така да ќе ве молам не се расправајте...Доколку знаете нешто добро, доколку не, одговорот ДОКТОР го знам и јас! Прашав за мислења и искуства!
Во ред во ред немој толку арогантно да возвраќаш на постовите. Значи ние велиме мокрење болки додека мокри незначи дека се од прелада а и кај сите не се исти симптомите на прелада. Еве сестра ми имаше болки при мокрење често мокрење и на крај излезе дека тоа и е од секс кој го имала со нечист пенис . Затоа и велиме не сме доктори па да знаеме најдобро докторот знае.
Мислам дека нема простор за паника. И јас кога сум настината,обично ми е зачестено мокрењето. Инаку и кога не сум настината,често мокрам,во просек на 1час,од причина што пијам течности минимум 7литра. Така да,не е страшно,и не мисли на најлошото
Не сакав тоа да звучи арогантно, но одговорот пред мене беше многу поарогантен. Инаку, не си прочитала добро...Немам воопшто болки, само почесто уринирам...Еве сега пијам повеќе течности...Можеби за 3 часа испив два литра течност па затоа ми е плус....Ако не ми помине ќе земам некој антибиотик или ќе правам уринокултура....Веќе се консултирав со иден доктор, при кај со своите студии, ми рече да не паничам, дека и нејзе и се случува и дека повеќе од сигурно е од настинка....
Незнам на која нога ќе легнат останатите две над мене но не битно Ќе ти кажам поарно со депилација неголи со брич.