здраво на сите се надевам некоја ке ми даде некој совет..вака јас сум мажена еве 1 година но не можам да имам односи премногу сум преплашена од самиот чин не знам зошто така се плашам многу од самата помисла на болка мажот е многу разбирлив ме разбира сум била и на психолог и залудно ии вака сега сакам да прашам сакам да земам спреј како локална анестезија што мислите вие за ова дали слушнала некоја за некој со ваков проблемм..
@Струмка22, да знаеш дека и јас се молам да ти го чува умот, затоа што со таквите како тебе гледам до каде стигнавме. Добро девојко, кој ти е па тебе проблемот? Да беше барем малку писмена, ќе знаеше дека „дечкои“ и “неможеш“ се пишуваат одвоено. Автоматски не ме ни интересира мислење на личност која не знае основни правописни правила. Не ни очекувам да разбереш. Друга работа, тука поставуваме прашања затоа што не сме сите како тебе, очигледно, искусни во сексот. Не ми беше целта да добијам одговор кој ќе ми покаже како се прави тоа, ниту пак јас потоа да му прераскажам на дечко ми. Само побарав совет, од некој кој можеби на почетокот се нашол во слична ситуација. Се извинувам ако не сум се изразила доволно јасно. Не велам дека моето прашање е цвеќе за мирисање, ама како што пишав погоре, немам искуство во ова. Ако си исфрустрирана, оди истури се на друго место, а не на некој чие прашање тебе ти изгледало смешно. Е тука доаѓа делот кај што ЈАС се крстам, затоа што не можам да ги сфатам (а не ни сакам) луѓето како тебе. Немаше потреба од тоа да бидеш арогантна.
Првпат месецов кога требаше да имам овулација почнав да имам смеѓо прање, пропратено со црвени и темнокафеави парчиња, не се во голема количина но траат уште, а за една недела веќе треба да добијам. Претпоставувам дека е од изостанок на овулација, но сепак да прашам? Немам други проблеми
мислам дека не ти е од овулација, такви промени во секретот неверувам од овулација дека е, кога имаш овулација секретот е како бела од јајце, прозирн и растеглив секрет....
Не ти е ништо не се секирај и мене неколку пати така ми се има случувано ама нема потреба од грижи, освеан ако потаму биди нешто сериозно. поздрав
Како лесно давате заклучоци дека не и е ништо просто и врви специјалисти можат да ви подзавидат. Од такви совети дека не им е ништо секоја година има се повеќе млади луге по болниците со напредната фаза за разни болести. Јас мислам дека најдоро е да се консултирате со лекар отколку овде на форумов.
Како така донесувате заклучоци? Нема потреба од грижи? Не знам како до сега немате отидено на гинеколог и двете? За мене доволен проблем би било да имам такви парчиња, и искрено не би прашувала на форумот, за вакви прашања ние немаме соодветен одговор, туку стручно лице- гинеколог. Така претпоставувајќи можеш да имаш некоја инфекција, бактерија или незнам веќе што би можело да биде, а последиците од тоа, ако не се лечиш соодветно, можеш да претпоставиш какви се...
Девојки не знаев каде да го поставам прашањето, па си реков.. Знам дека некои од вас ќе ми кажат да отидам на доктор за ова, но прво сакав да се консултирам со вас, да видам дали на некоја од вас и се случило ова.. Значи вака во средата имав однос и само што почнавме, почнав да крварам, но не само две - три капки, туку крварев многу, дури за време на целиот однос. Ова не ми е било прв пат, бидејќи ми се има случено неколку пати, а ми е страв да отидам на гиниколог. И после тоа два - три дена ми истекува некаква кафеана течност, значи не крв нешто измеѓу, и потоа престанува. Дали се има случено на некоја од вас ова?
крварење за време на сексуален однос не е дозволиво и не е нормално, треба да си одиш на лекар под итно мошно е да е инфекција, или недај боже полошо.....хитно на лекар за здравје се работи, нема страв нема ништо, одма на лекар. Tи посакувам да не е ништо сериозно, но мораш на лекар да одиш..позз тука никакви совети не ти помагаат -само лекар
Само не ми е јасно како тој кретен продолжил да има однос со тебе и покрај тоа што на почетокот видел дека крвариш. Па добро бе мајкуму тој има ли душа или битно му е само да си ги испразни јајцата. Прво што треба да направиш е да му ракинеш на тој без чувствителен кретен, а второ да појдеш на лекар.
Луѓе имам голем проблем..незнам дали е уопште проблем бидејќи не сум сигурна...минатата недела овој месец имав имав односи со дечко ми..втор ми е он,значи сум немала подолго време.. значи и сеа со кондом секако,додека имавме значи ја помагав знаете да влезе внатре во мене и пошто ме болеше нели пак,и кондомот си беше супер стегнато све значи мислам да би бил скинат би осетила нели немало да биде така скрос залепен.. :/ и кога сврши значи се тргна и го извади кондомот внатре беше се ..утрето го прашав да не беше скинат рече нее дека го видов и јас.. и сеа проблемот ми е шо се мислам немој и он да не осетил,нешо ми е неарно не ми се поврака она јако ама ко да ме тера на повраќање :/ многу ми е страв незнам шо да мислам а имам 17 и пол ..
edno prasanje ve molam me prasaa i mene no ne mi se desilo za da znam da odgovoram, bliska moja imala seks so kondom deneska no koga zavrsile go nemalo relativno mladi deca se, dali moze da ostane vnatre i sto ponataka
Епа ако го нема на пенисот, каде би можел да биде на друго место? Под кревет сигурно не... Прати ја другарка ти/ братучедка ти под итно на доктор...
Би ве замолила за совет и за ваше мислење бидејќи во последно време ме мачи ова прашање. Со сегашниот партнер се случуваат некои чудни работи и незнам дали проблемот е до мене или до него . Секогаш пред односот имаме долга предигра и се случуваат две работи или само што ќе го стави во мене ќе сврши или пак само што ќе го намести кондомот , тој му паѓа .Досега ми се нема случено ова со ниеден партнер и се прашувам дали проблемот е до мене или до него, бидејќи воопшто не се чуствувам задоволна од сексот .Ова претходно ми се нема случувано со ниеден партнер, дали е проблемот е во него ( поради годините или незнам што ) или проблемот лежи во мене.
Сум слушнала дека има луѓе кои што кога ке стават кондом ја губат ерекцијата и верувам дека може да се случи тоа Ако пребрзо свршува ондак намалете со предиграта и во текот на односот кога ке осети дека е при крај нека паузира минутка за тоа време пак нека си им абакнежи галење гушкање па после нека продолжи пак најверојатно се возбудува уште за време на предиграта и веке кога таман почнал односот он не може да се контролира нека се трга настрана малку нека си прави паузи сепак мораш и ти да му кажеш дека не се осекаш задоволена во текот на односот ама гледај да го кажеш тоа смирено и да не се наврди сепак и он мора да мисли и на тебе не само на себе
од што може да биде покачена базалната температура,а да не е бременост? цел месец имавме односи со заштита така да не е можно да е бременост, а на почетокот на месецов имав настинка и пиев лекарства.. дали е можно од тоа да е? иначе ми се поремети циклусот од првиот однос и незнам кога треба да добијам
Па викаш дека ти е пореметен циклусот, не можеш да знаеш кога треба да ти дојде. Ако мислиш дека пости и најмала шанса (а чим си сексуално активна, и имаш пореметен цуклус-постои) да си бремена купи си тест, провери си и не му ја мисли многу. Ама ти кажав, основна причина за покачена базална температура е овулација, или бременост.