Што не е нормално, не е. Јас кога прочитав прво сакав да кажам дека разбирам да му е незгодно, затоа што навистина има луѓе кои принципите и разумот го ставаат пред личните потреби, но од септември секако е прееемногу колку и да е ладно или да нема услови. Во секој случај, не ѝ ја полнете главата на девојката, не мора да значи дека има друга, не судете за човек кој не го ни познавате. Да е навистина женкар, ќе може и со двете да има секс, зашто да не, сигурно не го преисцрпува таа другата, смешно размислување. И плус, да е таков воопшто не би му било срам да има секс додека родителите на девојка му се во соседната соба. По вакви ситници можеш да го препознаеш типот на карактер кај еден човек. Можно е да постои некој проблем (далечен од тоа дека има друга) и треба да се разговара за тоа, со дијалог се е полесно, поготово во љубовна врска бидејќи тешко која врска може да опстои и да се развива нормално без дијалог и меѓусебна доверба без табу теми. Ова нема да се реши со водење на инат, т.е. кога тој ќе сака ти да не му дадеш. Пробај да допреш со него без осудувања и ако и тогаш не ти се повери, или навистина нема ништо што крие (иако е чудна ситуацијата), или пак не го заслужува твојот труд и твојата љубов. Што значи дека колку и да изгледа мал или смешен проблемов, воопшто не е мала работа. Јас мислам дека изостанокот на секс е прв показател на проблеми во една врска. Spoiler Извини на интимното прашање, ама на ниеден друг начин не ти побарал да го задоволиш за овие месеци?
Па и да има друга,зошто би одбивал да има секс со неа?Сигурно може да има 2 пати на ден,или да си ги распореди па да ги менува секој ден. Сепак јас не верувам дека сечко ти има друга па затоа те одбива.Најверојатно му е незгодно,посебно кај тебе дома,а и му е страв да не случајно влезат твоите па да не ти направи проблем. Сигурно некогаш ти или тој останувате сами дома,невозможно секогаш да има некој дома,па искористете тогаш.А ако и тогаш му е страв притисни го малку да ти каже што е проблемот.Доволни се 10-15 мин да. имате секс,немора да терате 1-2 сати .
е сега бидете реални ве молам од септември до јануар е 5 месеци и овде сегга филмови ке правиме као дечкото има карактер несакал кај нејзе дома да имаат односи, ииххии да не влезат нејзините во соба??????ајде ви се молам ако вас ова ви е нормално 5 месеци тој фраерот да се накани на с. кс е тоа е мижи бабо да те лажам. и како во 5 месеци нему му студи хахаа да се соблече, а да се бања може детето се бања со облека на него, друг факт е дека во овие 5 месеци немало место за с.кс со некогата сакана-ма немој хаххааа да се живи и здрави изговорите. Oва е сериозна ситуација а девојчево после 5 месеци се свести дека нешто не е во ред, има друга и незнае како д а и раскине нејзе или кој знае што филмува. во секој случај ова е филмммм од страна на таканареченитоо и дечко- инаку голем и нормалено голем фраер. за ови е5 месеци јас неверувам дека таа не разговарала со него за тоа, а тој и филмува па немало каде, не кај нејзе дома, и плус зима е студено е за с.кс..,,мижи бабо да те лажам....i и овде и давате идеи како да дојде до тој фамозен с.кс после 5 месеци наместо д аи отворит еочи на девојчето и кажувате оди во хотел хахах па дечкото д а сакал да има нешто со неа ке имал па и во кола ама проблемот е тоа што ја фарба како сака и ја прави б.д.ала
дефинитивно ситацијава не е баш нормална, бубамара се сложувамсо тебе, за односи со саканата не треба молење и убедување, па и да сака дечкоти ке најде и место и време за тоа...изговори и ништо друго...дечкоти е срам за машкиот род----бљаккк од такви надри фраери ми се гади, или пак нека искрено ти каже што е не е во ред, ако е нешто болен или слично нека ти каже ако е машко до сега ке ти дадел објаснување за проблемот ама тој е кукавица и филозофира нешто....море ишшшш за такви селјаци како него
Пак ќе кажам дека малце претерувате, ама тоа е само мој став, небитно. Ако вие имате возачка дозвола или кола, не значи дека секој ја има. За млади луѓе на 18 години кои сум сигурна дека немаат возачка дозвола, не остануваат сами дома, а за хотел немаат сопствени финансиски приходи па да си дозволат, или едноставно можеби им е непријатно (и мене би ми било), мислам дека не е толку чудна ситуацијава. Ако девојката е поопуштена и би имала и ризичен секс кога нејзините се дома, не значи дека и дечкото е таков, не размислувајте толку слепо, не мора да значи дека сите машки се опседнати со секс, не е тоа до полот, туку до личноста. Како што има женски со поголеми сексуални потреби или понизок морал, има и машки со помали сексуални потреби и повисок морал. Не се фаќајте како пијан за стап дека на машките срцето им е во меѓуножјето. Не викам дека се малку 5 месеци и не сакам да навлегувам во приватноста на девојчето, меѓутоа тој ѝ ги искажува своите сексуални потреби, не е дека се прави наудрен за целата ситуација. Не си земајте за право да ѝ ги мешате мислите дека тој можеби има друга или не ја сака, од вакви ставови на сосема непознати лица може да се расипе врска. Како и да е, и таа е делумно виновна што овде побарала совет, кога најчесто се добиваат напади или осудувања наместо тоа. Се извинувам ако некого навредив, немав намера. Ова е моето размислување, толку од мене.
Lovely93 се согласувам со тебе со сите мислењаа. Не треба да се избрзува со одлуки од типот има друга или нема чувства кон тебе. Реално и да имал друга, ќе можел и со девојка му, и да нема чувства на мажите баш и не им се потребни за секс. Јас тука незнам што е, девојката треба да седне и да го праша што е проблемот, ние како странци неможеме да кажеме што е. П.с Голем ризик и многу незгодна ситуација е кај девојката дома да се оди за таа работа и можеби дечкото од таа причина не сака кај неа, а не некои подлабоки црни мисли
Не се чудете и не значи ако одбива да има секс дека има друга. И дечко ми не можам да го натерам да дојде кај мене,кога не може кај него. Но сме имале повеќе пати секс и кога неговите биле тука.Ќе си пуштиме музиче некое такво и така си тераме,само што мене ми е малку тешко да се припазувам дали ќе бидам гласна или не. Сега одамна сме немале додека неговите биле дома,некако гласна сум и глупо е потоа,а и не е тоа тоа само гледаш некој да не помине покрај врата или сл. Девојката треба да разговара со дечко и.Зошто би бил тој со неа,ако има се од друга?Нема логика,машките го обожаваат сексот како и ние секако. Можеби навистина нема каде,а да имаш секс и да размислуваш дали твоите ќе влезат,ќе слушнат,ма и самото нивно присуство ја уништува желбата за секс,според мене.
Здраво. Нова сум на форумов, и имам проблем, па сакам ваш совет и ваше мислење. Во врска сум 2 год. проблемот е во сексуалниот однос кој го имам со мојот дечко, значи во ниту еден случај до сега не сум задоволена од негова страна, работата е само легни, заврши набрзина работа, без предигра, без ништо такво, тој ужива, и на крајот тој си е задоволен, а јас мртва ладна цело време, не чувствувам никакво задоволство, освен болка почесто (бидеќи се се случува како да кажам "на суво" ), незнам што да правам, како и што да му речам, дајте ми некој совет. Ви благодарам.
Пробај да разговараш со дечкоти за тоа.Кажи му дека сакаш предигри,да оди тоа по бавно.Кажи му слободно дека не ти се допаѓа тоа како што тој прави,набрзина. Со среќа и добредојде на форумов
Нема потреба на никого да мачкаме очи,само кажуваме свое мислење.Не знаеме колку време се заедно,дали тој се однесува чудно итн.Стојам на тоа дека не мислам дека има друга.Зошто би одел со неа цели 5 месеци ако веќе имал друга,и зошто не и раскинал.Па како издржуваат оние машки кои немаат моментално ни девојка,ни еб*чица без секс.Ако се сака се се може.Друго е да одбива да имаат секс кога се сами,ама ние не знаеме дали е така.И како што кажа lovely93 може дечкото нема кола илу возачка и каде да одат?Не се сите толку слободни па да одат во парк на клупа,во шума или незнам каде.
најдобро ќе биде да разговарате на таа тема зошто тој постојано одбива и кое би било место каде што он може да има односи..немора да значи дека има друга..сигурна сум дека има некоја др причина
Со дечкоми сме заедно 1 година.Кога сме сами(ако сме некаде дома)имаме секс.Имавме крајот на септември кај мене дома,затоа што моиве не беа дома.Дечкоми има кола,но нема положено,тоа го планира да го направи оваа лето. Сепак,ви благодарам од се срце за советиве
девојки имам еден проблем и сакам да знам некое ваше искуство или совет од вас ....па вака има некаде 8 месеци како ми тече крв од вагината но не редновно....претходно сум имала еден секс воедно и последнот т.е. пред 8 месеци каде што не бев доволно запалена и дали може да има некоја оштета од тоа....
Може да е само и пореметен циклус ако тоа ти било прв однос се случува но сепак најдобро да си провериш на гиниколог.
мислам дека не е нормално во никој случај од вагината да ти тече крв, ок не ресдовно пиша ама 8 месеци ти е тоа,,,зошто си чекала толку ? оди на лекар одмааааа, гинекологот ке ја утврди причината за крварењето.....не се поигрувј со здравјето оди на лекар
Здраво девојки, сакам да ве замолам за мислење. Со дечко ми имавме синоќа заштитен однос, но одеднаш многу ме заболе и прокрварев и тоа многу. Неможевме да го запреме крварењето неколку часа. Денеска се намали крварењето, не е толку обилно, но сеуште крварам и тоа дури големи парчиња Дали на некоја од вас и се има случено нешто слично на ова, ве молам за совет, фала ви многу
Дефинитивно не се работи за менструација, премногу рано ми е за да добијам, плус осетив голема болка додека имавме секс, по што веднаш прекинавме и во истиот момент почнав обилно да крварам