Фала што ми одговори,сега ми е појасно.Ти всушност немаш некој голем проблем,вие сте уште на почетокот.Би ти рекла да си размислиш за твоите желби и фантазии и ако има нешто од тоа што не сте пробале,направете го.Секако дека треба да си опуштена,да не мислиш на ништо.А исто и дечко ти,уште ако те прашува до каде си,нема шанси да свршиш.Препуштете се на чувствата,а не на тоа што треба да се случи.Па и не мора секогаш да свршиш за да имаш добар секс,од лично искуство ти кажувам.Со среќа
Дали доцнењето на менструацијата може да биде поради земање на антибиотици? Плус така поголем стрес скоро цел месец.....
Ако имаш и најмал сомнеж за бременост да си земиш тест ако пак не си имала односи тогаш не се оптеретувај Конкретно на прашањево да понекогаш настинка или антибиотик може да доведе до пореметување на циклусот
Не сум бремена 100%...нешто друго е во прашање, затоа и прашав дали е можно поради антибиотиците да е нешто...бидејќи ги земав баш додека ми траеше минатата менструација и неколку дена одкако заврши....Имав температура, огромни крајници и така....
По мое може да е и од антибиотиците. Не мора секогаш да значи дека поради бременост ти касни. Без гајле биди штом не си бремена, секој си е со различен организам.
Трет месец со ред добивам многу слабо крварење наместо менструација. Постојано купувам тестови за бременост но се негативни? Дали е можно да сум бремена 3 месеци, а тестовите да покажуваат негативно?
sweetieq Оди на генеколог,ако сакаш да бидеш сигурна од што ти е тоа слабо крварење. А за дали си бремена,незнам,како што кажа феминката погоре од мене,можно е.Имам пријателка што го имаше истиот твој случај. Со среќа!
Denes dobiv edno prasanje od maska osoba... Glasese: dali vo tek na bremenost normalno neli 9 meseci jajnikot ispusta mesecno jajce kletka i ako ispusta togas kade odi taa... I dali ako svrsi vnatre moze da bide oplodena?! Jas mu rekov ne veruvam nemam slusnato za takov slucaj no iskreno me zamisli... Shto mislite vie??
Добро бе што ви е на вас луѓе??? Нормални сте, глупи или се заебавате на форумов од досада?? Си слушнала некоја да остане трудна со второ додека е на пример 4 месец и второто го роди 4 месеци после првото???? ДА МОЖНО Е! тестовите не можат да покажуваат негативно а да е бремена и после 3 месеци...таква грешка може да се случи во мноооогу рана бременост. девојче отиди си на гинеколог, ние тука не можеме ништо сигурно да ти кажеме
Теоретски е можно. Постои таква појава почеста е кај животните, а Мноооооооооооогу ретко кај Човекот. СУПЕРФЕКУНДАЦИЈА - оплодување на две или повеќе јајце клетки во тек на една овулација (ист циклус), во тек на два или повеќе сексуални чинови. СУПЕРФЕТАЦИЈА - оплодување на две или повеќе јајце клетки во тек на повеќе овулации во еден или повеќе менструални циклуси (забременување со нов плод кај веќе бремена жена)
Добро бе што ви е на вас луѓе??? Нормални сте, глупи или се заебавате на форумов од досада?? Си слушнала некоја да остане трудна со второ додека е на пример 4 месец и второто го роди 4 месеци после првото???? ДА МОЖНО Е! [/quote] Мора ли секое прашање да се одговори со контра напад? Ако не си сигурна во тоа што го мислиш не коментирај и не ги вреѓај феминките. Побара само мислење! А иначе е можно но многу ретко имам слушнато за ова. Како што кажа Мадам-а почесто е кај животните.
Мора ли секое прашање да се одговори со контра напад? Ако не си сигурна во тоа што го мислиш не коментирај и не ги вреѓај феминките. Побара само мислење! А иначе е можно но многу ретко имам слушнато за ова. Како што кажа Мадам-а почесто е кај животните.[/quote] Сигурна сум срцка...и не збориме за животни нели?
Добро бе што ви е на вас луѓе??? Нормални сте, глупи или се заебавате на форумов од досада?? Си слушнала некоја да остане трудна со второ додека е на пример 4 месец и второто го роди 4 месеци после првото???? ДА МОЖНО Е! [/quote] Мора ли секое прашање да се одговори со контра напад? Ако не си сигурна во тоа што го мислиш не коментирај и не ги вреѓај феминките. Побара само мислење! А иначе е можно но многу ретко имам слушнато за ова. Како што кажа Мадам-а почесто е кај животните.[/quote] Nekoj tuka e izrevoltiran ili od dosada se pravi pameten
Aa i moram da naglasam deka tvojot odgovor go Napisav vo postavenoto prasanje zatoa treba prvo da se procita pa posle da se odgovori normalno ako imas svoj odgovor Pozz
Значи жени претерувате! Разврзувате непотребни дискусии. 1. Темата е: Интимни прашања, проблеми и совети - што значи секој може да праша што сака колку и да изгледа смешно за некој друг/ 2. Нема потреба од исмевање на ничиј коментар 3. Ако немаш конкретен одговор, не пишувај ништо - а не да се шират дезинформации 4. Се трупаат небитни страници, а одговори и совети едвај да има 5. Ќе има некоја девојка мака и наместо да си пише без страв и срам, некои од членовите оставаат впечаток на накострешени судии кои се спремни во секој момент да осудат нечие прашање или постапка 6. Дај олабавете малку, не е ова место за празнење вишак енергија. На секој збор се распалувате... 7. И ќе ве молам цитирајте убаво и пишувајте читко. Не се разбира кој што сака да каже! 8. Јованче мислам дека не се однесуваше коментарот на тебе (барем според мене не би требало да се однесува...ама се бива ) ----------------------------------------------------------------------------------------- п.с. Не мора да се трудиш да бидеш саркастична. Колку и да си сигурна, очигледно - не си во право. Таквата појава во глобала е кај животни, но не е САМО таму. Прашањето на LadyIvvy држеше вода. Тој другарот нејзин нешто слушнал и недослушнал, па зашо да не си праша тука. И ете ви пишав како се вика таквата појава, ако ви е сумливо и нејасно може да си ги прогуглате поимите!
Комплетно се согласувам со Madam-A. Да му е страв на човек да праша нешто. Ако тука не сме слободни, кај да бидеме, во реалниот живот? На секој што знае нешто, оној што не знае му е смешен. Но затоа има нешто што не знае и тој, не сме сезнајни, сите учиме еден од друг. А баш да се надоврзам во врска со оваа тема, и јас се имам прашувано дали постои овулација за време на бременост, бидејќи има нели девојки (иако поретко) што добиваат за време на бременоста. Се мислев едно време дури и дали да прашам овде, но се премислив токму од ваквите „одговори“. После тоа, со мојата логика заклучив дека не е можно. Но ете иако ретко, имало и исклучоци, дури тие појави имале и име. Што значи, не е ништо смешно драги сезнајковци.
Јас се извинувам длабоко, помислив дека "ЦИТИРАНОТО " е наменето за мене. Не можам да го избришам мислењето а радо би! Ма никаде не можеш да бидеш слободен и да прашаш што ти лежи на душа. Секогаш постои некој што ќе те исмева! И секако одговорот ако има, ќе гласи : Ти глупава си??? Значи ете, никогаш не можеш да бидеш сигурен, бидејќи со природа, и она што Бог го створил нема играње! Никогаш не можеш да знаеш што ќе бидне. Како и со Темава што правиме муабет, секако за овулација за време на бременост КАЈ ЧОВЕКОТ. (жената де. )
Ќе замолам ако сака некоја феминка да ми пише во лп за еден проблем,поубаво ке објаснам. Фала однапред,