не направив тест пошто сеуште не ми касни а и нема никаква логика да е тоа пошто секогаш користиме кондом и се трга од мене пред да сврши а и имав добиено последни денови кога имавме последен пат плус... мислам дека не е до тоа ??
да да знам... фала сепак ке почекам уште некој ден пошто имам симптоми пред добивање ако нема ништо ке идам
Девојки кои апчиња ги пиете против менструални болки? Секогаш кога добивам ме боли стомакот, но било издржливо и ништо не сум пила, но последниве 2-3 месеца многу ме боли стомакот и не ми поминува болката по цел ден
Конкретно јас не пијам апчиња, а моите другарки практикуваат да пијат Кафетин менструал и Парацетамол.
Јас имам многу болни менструации, не сум можела да станам од кревет, дури сум повраќала 3-4 пати во денот но не пиев ништо. Кафетин менструал пробав, не ми помага, со години пијам само аналгин. Откако ќе го испијам апчето за 15 мин. ми се смирува болката, иако првите два дена знам да испијам и 3-4 апчиња, многу се, да, но не ги трпам болките како порано.
Јас пијам Нифлам капсули неколку месеци. Една колешка ми ги препорача и навистина бргу поминува болката. Од аналгинот не ми минеше, по цел ден се виткав. Овие за пола саат делуваат. Може да пробаш, на Алкалоид се мислам. Само внимавај ако ти е осетлив желудникот. Мајка ми испи еднаш, помина болката, ама желудникот 3 дена ја болеше потоа.
Фала ви девојки што ми одговоривте , и јас трпам несакам да се трујам со апчиња, сега ке пробам со аналгин па ке видиме како ќе ми делува.
Девојки,во последно време ги имам сите оние симптоми на кандидијаза па пред да одам на лекар сакав да видам дали ќе ми се смири ситуацијата ако ја употребам Канестен маста. Спојлер Ја употребувам веќе една недела,во упатството пишува 1-2 недели,ми се подсмири ама не ми поминува,еве вчера повторно ми се појави она јако чешање па сега случајно видов дека има друга маст,Канестен 3 вагинална крема. Спојлер Прашањето ми е,дали ке предизвикам некаква штета доколку престанам со едната и почнам да ја користам другава?
Нема да предизвикаш штета ако од нанесувањето на едната до нанесувањето на другата почекаш да поминат 24 часа. Но нема ниту да имаш ефект ако партнерот не се лечи, тој изгледа е носител на бактеријата и постојано ти ја враќа.
^^ Против јаки менструални болки може да пробате и Налгесин С. Многу се ефикасни, а и не се скапи. Околу 110 ден., 10 таблети има внатре.
А зашто не отидеш на гинеколог да ти потврдат дали стварно е кандида и да ти дадат соодветна терапија?
Cafetin menstrual помагат ли кога имаш јаки болки? Сакам да ги пробам и да ја ублажам болката,неможам да трпам толку.
Благодарам на инфото инаку јас сум сексуално активна веке 5 месеци и ова ми е прв пат да се сретнам со некој проблем од оваа област па незнам дали е до него или до мене.Треба да се провери,и ќе се случи тоа само сакав да пробам и вака.
Пробај си срцка, индивидуално е тоа. Пример мене за болка (за што и да е) ми помага само Аналгин и ништо друго.
Да, помагаат. Ако не се тие не знам што би правела затоа што од аналгин нели се пообилни крварењата. Ако имаш болки слободно земи си кафетин менструал
Спазмекс досега ми се покажааа како најдобри против менструални болки пробајтеги. стварно се ефикасни
Помагаат, но за многу јаки болки земи 2 таблети, инаку 6 се дозволени во тек на еден ден. Сепак, доколку имаш неиздржливи болки, Кетонал Форте помага, и во споредба со Кафетин Менструал, крварењата се помалку обилни. Инаку аналгин на сите ни е добро познато за што се пие, секако дека крварењата ќе се пообилни доколку за менструална болка пиеш лек кој се препорачува за главоболка.
Кетонал е убиство за црниот дроб и за желудникот воедно. А да и крварењата се ПООБИЛНИ. Доколку не ти помага Кафетин Менструал пробај со Аналгин (само тоа ми помага а исто и Спасмекс) и држи топло шише да ги опушти мускулите - самото тоа го прави и Спасмексот поради спазамот кој се ствара и затоа боли стомакот. Друга феминка го спомна Налгесинот, мене Налгесин С ми е супер за главоболки (кои ги имам доста јаки) но за менструални болки не. Така да, секој организам си е различен и различно реагира на аналгетици, мора сама да си испробаш што најмногу ти прија, но немој одма да преоѓаш на најјаките од типот на Кетонал. Се надевам ти помоогнав