со дечко ми имавме односи,и тој беше малку груб моментално ми течи крв малку подоле од клиториусот но се гледа дека раната е надворешна дали има простор за паника не осеќам болка туку само има крв која кога ќе го оптегнам местото се засилува исто како исекотина,се здобив со оваа ''повреда'' бидејќи ме гризна
дали е нормален овој бе? тоа е најчувствителното место на телото, таму боли и само ако се употреби малку повеќе сила, а не па да те гризне! очигледно имаш раничка, ќе заздрави тоа за некое време.. ако имаш некоја маст за тоа, пробај мачкај се.. и мислам дека ќе помине за недела дена
Купи си Беналгин. 54 денари е кутивчето, две ленти има внатре. Мене само тие ме одржуваат во живот кога имам добиено, а Кафетин менструал не ми се покажаа воопшто ефикасни.
potpuno istoto mi se desi, i mojov moron ponekad nema oset zazdravuva, ne se sekiraj... mene mi bese da ne se inficira, no malce poveke higiena i se ke bide okej
^ Не знам кој е моронот тука. Дали тој и ти што му дозволуваш да го тера меракот за сметка на твоето тело.
^ Следниот пат ти него гризни го таму доле на најчуствителното место, па нека ти каже тој тебе дали ќе има простор за паника. Џисус Крајст Внимавај да не настане инфекција на местото каде крвариш. Редовно миј го местото, кое поради уринирањето ќе има поголем пристап до бактерии. Можеш да направиш и промивка со камилица или кантарион.
фала ви на советите помина се окејј...инаку не е само тој во прашање и двајцата сме ненормални дивјаци што немаат граница
Здраво..сакаме со дечко ми да имаме секс,но јас имам неколку стравови иако тој е сигурен дека се ќе биде во ред и ме подржува и не ме напнува да биде тоа,но се чувствувам спремна иако ме кочат одредени работи,па би сакала да ве прашам дали доколку девојката не е скината и при кинењето нормално е да капнат неколку капки крв,но дали е можно да искрварам многу да неможе да се запре? затоа што ние сме во тајна врска и ако се случи тоа нормално ќе морам да одам на посета на гинеколог и ќе дознаат сите за тоа ,посебно мајка ми и татко ми ...би ми било драго ако ми помогните со овие мои предрасуди,како и да е јас имам 17 години а он 20 и дали е вообичаено и нормално вакви размислувања да имам затоа што предавањето некому е нешто што неможе да се направи со секого и е нешто што мора многу добро да се размисли пред да се направи тоа,затоа што ако некој ти ја земал невиноста ти земал се,затоа е чин што мора многу добро да се размисли пред да се впушти во тоа ...ви благодарам и очекувам совети...поздрав !
Нормално е ама сигурно нема да искрвариш до смрт срцка таман работа , еве ке ти кажам лично кај мене како беше како минимално крварење слично на тоа кога ми завршува циклусот , после ден два и добив редовна менструација , во случај истото и да ти се случи нема место за паника , а и не мора да значи да има крв некои девојки и немаат воопшто некои и минимално . Болката е релативна кај мене беше како да ме колат ама јас имав прилично низок праг на толеранција на болка , кај секого е различно во секој случај. Ако се чуствуваш спремна направи го тоа , и доколку си сигурна во него и имаш доверба . И најбитното обавезно со кондом ! Штити и од болести и од бременост !
Драга Јасее ако не сакаш и не се чуствуваш спремна немој да го правиш се додека не си сигурна дека го сакаш тоа и дека е тој баш тој што ке ти биде прв.А за крварењето немој да се плашиш нема да крвариш толку за да мора да завршиш на гинеколог,ама после треба да си посетуваш гинеколог обавезно.И тоа кај секоја девојка е различно некоја крвари повеќе,некоја помалку,а некои ич.Јас бев во третиот случај и не прокрварив ич и ми беше малку чудно,ама тоа е тоа.Сум посетувала и гинеколог и све се и никој не заприметил ништо се до пред неколку месеци кога бев на рутински преглед мојот гинеколог запримети дека не сум била скината а јас останав ,си викам како,што???И ми објасни дека мојот химен е мн еластицен и дека ќе ми се скинел дури кога ќе сум се породела.......позз и се најубаво
Јасе, мислам дека треба да почекаш уште малку. Не затоа што си мала, туку затоа што си неинформирана. На 17 години веќе би требало да знаеш како одат тие работи. НО, ако веќе не знаеш ( да не се сфатиме погрешно, не е срамота и убаво што праша), тогаш почекај, да не биде после да се читаме во темата „дали сум бремена“.Нема да искрвариш до смрт. Јас крварев една недела, таков ми бил хименот, ништо страшно. Многу е лошо тоа што мислиш дека ако некој ти ја „земал“ невиноста, ти земал се. Не е твојот химен она што тебе те прави вредна и чесна. Имаш ти многу поголеми вредности и ти советувам да ги пронајдеш пред да се впуштиш во сексуални односи. Само ако се цениш самата ќе те цени и партнерот. Друга работа, не ти е страв само од крварењето, туку и од тоа што ќе речат другите ако одиш на гинеколог. Пред да имаш секс, треба да знаеш дека на жени кои веќе имале односи, со закон им е одредено еднаш годишно да прават пап тест. Тоа значи дека сакала или не, ќе мора да одиш на гинеколог. За твоето здравје се работи и немој да ти паднало на памет да чекаш 5 години пред првиот преглед (како што многу девојчиња прават). Затоа ако веќе си одлучила да ја донесеш врската на друго ниво, биди сигурна дека си спремна и дека немаш двоумења. Трета работа, се криете од родителите. Зошто?? Затоа што не ти даваат да имаш дечко или има друга причина? Значи сума сумарум, ако мислиш дека си спремна имај односи, ама имај ги разумно. Поздрав и се најдобро.
Jasee Кај секој е различо, нема да искрвариш не се сеќирај .... мене ми е чудно што сте во тајна врска, нели мислиш дека е подобро прв пат да имаш односи со дечко кој го сакаш и тој те сака тебе(не мислам дека сега не е така НО...) и сте заедно и во јавност, без криенки....размисли си убаво ..... како и да одлучиш КОНДОМ ЗАДОЛЖИТЕЛНО и се надевам дека ќе ја донесеш најдобрата одлука ... позз п.с. доколку сте во тајна врска бидејќи твоите родители не ти дозволуваат да се гледаш со него нема потреба ни што да размислуваш,бидејќи твоите родители не ти мислат лошо биди сигурна!!!
Здраво.. ) Јас се плашам да не имам закачено некоја болест од орален секс... Да не имал некој вакво искуство и да ми каже што како?
Штом не си запознаена со некои основни работи сигурно не си спремна за секс, или ги зезаш феминкиве за да бидеш во центарот на вниманието со измислен „проблем“. Па еве, да ти одговорам и јас, секако дека можеш да искрвариш бидејки низ хименот поминува главната артерија и доколку те скине спремај кофи да наточиш крв. Секако дека иронизирам, бидејки девојка од 18 години мора да ги знае овие работи, бидејки денес е толку лесно да се дојде до вакви информации каде дури и сликовито ти имаат објаснето како оди процедурата што нема потреба од глупирање овде. Секако дека постои одреден ризик од инфекции но тоа е составен дел(ризик) при секој однос. Девојка е спремна за секс не кога ќе и се прбе*е туку кога ќе биде целосно информирана и за последиците и кога ќе знае што може да очекува од тој чин. Велиш во тајна врска си и ти е страв да не настанат компликации и да се дознае? Компликациите се после првиот пат, што ако останеш трудна? Мислиш дека он цело време со кондом ќе го прави тоа? Ти си се вплеткала во многу поголема игра па било проблемот за кинењето.
Ќе се надоврзам на мислењава погоре. Значи вака Јасее, јас мислам дека ти не си спремна за сексуални односи а и не си доволно информирана за тие работи како одат, што треба да очекууваш,на што да припазиш итн. Најважно е да си информирана и да си спремна, без тоа односот што си го имала е ради реда или од љубопитност направен. И јас ќе ти кажам дека тоа што мислиш дека ако ти ја земал невиноста ти земал се е многу погрешно и лошо. Зарем спрема една кожичка се проценува чесноста, карактерот, душата на една девојка?? Размисли малце за ова, иако е мног важно со кого ќе го направиш тој чекор не треба да размислуваш на тој начин. Инаку да ти одговорам на недоумиците, не можеш толку мнооогу да искрвариш незапирливо. Се зависи од хименот каков ти е. Мене ми потекоа 2-3 капки после односот и веќе немаше но кај скеого различно. Инаку за гинекологот мислам дека е потребно да го посетиш и тој плус додатни информации ќе ти даде и ќе ти даде еден краток вовед за сексуалноста кога веќе не си информирана. И кога веќе спомна тајна врска.. зашто сте во тајна врска, твоите не ти дозволуваат да имаш дечко или он така посака?? Ако он сакал да сте во тајна врска јас мислам да размислиш убаво пред да влезеш во однос со него, бидејќи нешто крие според мене. Зашто да не би сакаал да ме покаже и да има нормална врска освен ако нешто крие?? хмм, не сакам да навлегувам, ти ќе си размилиш што и како. Сепак ако мислиш дека си спремна и дека доволно знаешш, имај односи меѓутоа ако се сомневаш немој, не за другите, туку за ти самата да не се каеш. Тоа е најважно, ти си најважна!
па така... ме болеше многу грлото и уште ме боли и кај коренот од јазикот не можев да го мрдам. терапијата не ми помогна апчиња, инекции.... резултатите не ми најдоа бактерија некоја што ми зимаа брис.... па не знам што е :/ и имам на крајникот и на непцето до него ко ситни бубулички ко оние што се појавуваат на лице белите што болат многу