Рано ми е за да добијам, има уште 8 дена ако ми дојде точно, ама чувствувам некоја чудна болка во јајниците што не ја чувствувам ни пред добивање. Денес како ме пресече доле ниско од тогаш ме болат ама не постојана болка туку некоја чудна, само на нагли потези или ако го вовлечам стомакот на пример, исто како мускулна болка што боли. Од што може да биде, настинка може или нешто друго? Исцедок немам баш никаков, дури ни од оној безбојниот пред добивање, баш баш ништо. Ви се случило ли?
Може имаш циста, такви се болките од цисти, јас имам на левиот јајник и последната менструација ми беше многу болна поради неа.Не се страшни ама знаат да бидат болни од време на време, посебно ако си проладена или сл.Ако не си била на гинеколог те советувам да појдеш и да видиш дали е тоа.
Па не сум била еве прв ден ми е вака, ама мене повеќе ми личи на настинка отколку циста, поготово што немам болни менструации а и двата јајника ме болат, не само еден.
Да во ред е, и мене повеке пати ми се случило не само последните и првите денови да имам потемна менструација.
Значи вака на мене никогаш не ми поминуаат 28 дена измеѓу две менструации секогаш помалку на пр минат околу 17 15 дена од предходната менструација и после ми иде пак дали е знак за некој проблем или нормално е ??
Тоа не е баш секојдневно, ама гледам дека имаш 15 години, сигурно уште не ти е изрегулирана менструацијата како што треба. Ако во рок од две години од првото добивање не се среди, разговарај со гинеколог. Добро би било и сега да го посетиш, ама мала си за да преземат нешто (како на пример хормонална терапија), така да мислам дека со време ќе се среди.
Пред се здраво на сите. Нова сум на форумов и сакам да ве прашам за вашето мислење.За еден месец ке наполнам 16,дечко ми има 17,одиме 1 и пол година.Сакам да прашам дали е нормално да имаме петинг преку облека , и сега е многу рано но дали е нормално да мислам дека никогаш не би сакала да имам однос.Никогаш не сум помислила да имам наскоро однос и Он ми вели дека знае дека сум мала и дека ќе чека додека јас не бидам подготвенауште (една,две,три..пет..години.) Јас го сакам најмногу на свет.Но што се однесува до мене, мислам дека и послем 5 години нема да бидам спремна бидејќи премногу се плашам.Многу имам читано за тоа но..
Зашо да не е нормално да имате петинг? Нормално е. Уживај. Ако се решите на односи, информирајте се добро. Се со договор.
Епа веќе 3 години имам менструација и не ми беше ва се нормално си беше сега така почна пред неколку месеци..
Во тој случај јас би ти рекла да одиш на гинеколог. Можно е да ти рече дека не е ништо, ама што е сигурно си е сигурно.
Бев на гинеколог, ми препиша вагиналети и маст. За вагиналетите јасно ми е како се користат, а мастот (простете на глупавото прашање, верувајте јас уште поглупаво се чувствувам) како треба да го ставам? Околу срамните усни, или ?
Можеби не е за овде прашањево, но ајде ... После мокрење, кога се бришев со тоалетна хартија , на неа имав некој лигав исцедок, прозирен, на одредени места малку кафеавкаст, како згрутчен , и некако денес сум влажна долу, дали е од плодни денови, или прехладена ? Инаку сум 21 ден од циклус
Ме интересира само. Дали после апстинирање од секс во временски период од скоро 3 години, дали би имало голема болка или не? Сакам да знам што повеќе... Ако не е проблем.
3 години после првиот однос ?? Можеби, ако тогаш било прв пат сега да се јави некоја непријатност при пенетрација. Првите неколку пати се "потешки", без оглед на временската разлика во која се обавиле. Ако станува за збор за апстиненција после нормално активен сексуален живот, не би требало да се јави проблем. Искрено сестро по 3 години, среќа што не се јавила некоја психолошка состојба, како нервно растројство . Стојам понастрана од жени во долга апстиненција, радиоактивно шират нервоза.
Дали ќе го уплашам ако му кажам дека сум невина, а имам 25 години ? Дали ќе избега од мене само заради тоа ? Moжеби изгледа смешно, ама сакам да знам.