Јас мислам дека немаш причина за грижа, ама ете за да си на раат најдобро да направиш тест за бременост. Кога ќе се опуштиш и ќе видиш дека се е во ред, сигурно и побрзо ќе добиеш.
имам едно прашање до оние кои користеле контрацептивни таблети,значи вака веќе еден месец девојка ми ги пие таблетите од денес го почнува второто пакување, прашањето ми е дали и колку е безбедно да почнеме да имаме незаштитен однос(прва,втора партија незаштитени) ако некоја имала вакво искуство нека сподели или нека пише во порака.
Здраво, еве што ме мачи мене Отсекогаш ми било страв од несакана бременост и од таа причина многу обрнувам внимание на тој дел од сексот - секогаш имаме секс со кондом и никогаш не свршува во мене. Со текот на времето, како што почнавме редновно да имаме, овој страв малку го надминав и не се тресев ако ми касни 2-3 дена (порано добивав точно на 28 ден, сега откако имам секс знае некогаш и на 29, 30 да ми дојде). Меѓутоа, откако правев муабет со мајка ми и она ми ја кажа приказната за нејзина пријателка која останала трудна и дури дознала негде 4 месец, мојот страв пак се врати. Ако до пред некој месец ми беше доволно само да добијам за да ми биде душава на раат, е сега веќе не е доволно, постојано имам мисли во глава, што ако сум трудна ама сепак добивам (имам доста читано на интернет, знам дека по правило не може да добијат, меѓутоа има многу што се исклучок), и еве сега закажав на гинеколог за пап, и не можам да ви објаснам колку ми е страв! Видете, свесна сум дека штом не сме имале незаштитен секс, речиси и нема шанси да забременам, ама во глава ми се вртат милион „што ако..?“ и не ме оставаат на раат! Читав многу работи на интернет за да се информирам повеќе околу се, околу заштита, општо секс, абортус, ова она.. Знам како се забременува, доволно сум зрела за да имам секс, ама ете, има периоди кај што ми влага страв во коски и не ми излегува. Совет?
Мислам дека правиш се што можеш и си максимално заштитена.. така да напиј се едно пиво и не се замарај.. од цел свет годишно 2 ке забременат така, ако ти е тоа среката тогаш незнам што да кажам.. Сите кои сме сексуално активни го имаме тој страв, некогаш повеке некогаш помалку, но не се замарај барем си рационално заштитена..
Девојки, синоќа ми се случи една незгода. Бевме излезени со дечко ми и имавме односи... но, кога заврши приметивме дека кондомот го нема.. Баравме на седиштата во колата и не успеавме да го најдеме и кога он да ти останал во мене . Потоа тој ми рече да сме оделе во болница за да ми го извадат, ама јас од пусти страв да не ме боли, несакав да отидам и му реков дека денес ќе се јавиме за преглед кај гинеколог и таа да ми го извади. Кога тој да ти живеел со синот на гинекологот и правел муабет со него и само што стасав дома овој ми се јавува и ми кажува дека мора да одиме во болница за да ми го изваделе со вакум (и наводно немало да боли, не било ништо срамота, не сме биле ни први ни последни што ни се случувало ова, да не сме си играле итн....). И таман испаѓам јас за да одиме во болница и трчам накај колата и кога кондомов почна да ми испаѓа и одам пресреќна и му го покажав и му викам насмеј се сега . Потоа си отидов дома и денес овој правел муабет и му рекле ако не е сигурен дали има свршено малку во мене, за секој случај да се напијам апче Норлево и наводно да сум немала мака потоа дека се било средено.. Само ако не ми дошол наредниот циклус, тогаш да сум се обратела кај гинекологот. И исто така што ми кажа гинекологот дека апчето треба да се испие што побрзо тоа подобро и најпожелно е да се испие во првите 12 часа, а најдоцна пред 72 часа т.е. 3 дена, иначе апчето е 500денари и од кога ќе се испие можно е малку да се прокрвари (како знак нели дека не си бремена), освен ако сте имале циклус во скоро време тогаш можно е и да не искрварите. Јас пошо си имав циклус пред 2-3 дена не искрварив, само малце мачно ми беше од него. Значи девојки бидете претпазливи и ако недај боже ви се случи нешто вакво тогаш трчајте по некое долниште хихи поздрав
Контрацептивните таблети колку што сум јас информирана треба да се пијат околу 3 месеци за да може да се почне со незаштитен однос. Незнам за кои таблети станува збор, но мора да има упатство некое каде што е напишано се, ама буквално се. Ако нема такво нешто најдобро е да се советува со гинекологот, кој што и ги препишал.
Пред некој ден почна да ме чеша долу.Ништо немав се додека не зедов гаќи од сушална и си ги облеков. Ништо чудно нешто да ги има полазено,а мајка ми гледам сменила омекшивач.. Сега и ми дојде и уште понеподносливо ме чеша,дури ме боли.Значи не ме чеша внатрешно,надворешно е... Се мијам со камилица 2 пати денот и ставам кантарионово масло.Ќе има некакво фајде или да земам некоја маст?Прв пат ми е вака да имам мака и незнам што да побарам..Канестен?!
Претпоставувам дека ти се активирала кандидата. Можеби од новиот омекнувач а имам и читано дека гаките пред да се облечат треба да се испеглаат а не да се облечат од кога ќе се исушат. И мене за прв пат кога ми се појави чешање имав добиено и се миев со камилица и од кога ми заврши отидов на гинеколог и ми рече да купам канестен и уште една маст за црвенило оти бев и црвена, мислам дека се викаше биоген ама не ме држи за збор. Продолжи да се миеш со камилица а за канестенот нека каже некој друг ако знае дали да почнеш да го ставаш додека да отидеш на гинеколог од кога ќе ти заврши и друг пат гаќите нека бидат пеглани пред да ги облечеш
Купи Кутерид маст, околу 80 денари е и најдобра е за вакви работи, веднаш ќе ти смири и чешање и црвенило за разлика од канестенот, врска нема.
Додека сама не си расчистиш во главата дека сама си создаваш проблем кој (речиси) не постои, ниту еден совет, дури и од стручно лице нема да ти помогне . Затоа опушти се, размисли си убаво и сфати дека шансите се речиси невозможни да останеш бремена. Ќе се чувствуваш многу подобро и порелаксирано, а сигурен сум дека и повеќе ќе уживаш во сексот
Здраво! Имам 21 година и сеуште сум немала сексуален однос имам некоја фобија дека боли и ми е многу страв, сум имала дечковци сум одела и по една година но секогаш истото па истото. сега имам дечко одиме неколку месеци се имам пробано со него освен "главното" Се плашам да не не е нешто во ред со мене ??
Се' си е во ред со тебе, има многу вакви девојки како тебе кои се плашат до краен степен. Ама не сте вие криви, тоа општеството го прави. Ќе каже една боли и сите ќе прават филмови од тоа. Или од цело друштво од девојчиња таа прва што ќе ја изгуби невиноста ќе раскажува хорор филмови на другите и ете ти стравови во коски. Не зборам конкретно за тебе, зборам општо. Туку не му ја мисли многу. И не, не боли толку колку што сите прават, всушност не боли ич ако си опуштена и дечкото внимателно го прави тоа. Боли ако не си опуштена. Боли ако се мислиш дали тоа што го правиш е правилно, зашто пак и тоа придонесува да не си опуштена. Боли ако се стегаш. И јас да се стегам сега што сум сексуално активна и мене ќе ме боли. Повеќето очекуваат којзнае колкава болка, не се опуштени, здрвени цели и навистина ги боли, ама не зашто така треба туку зашто се стегнати. Мој совет опушти се. Не брзајте, тоа е најбитно. Идете полека, степен по степен, дел по дел за да можеш максимално да се опуштиш. Истражувајте си ги телата, види што те возбудува, што сакаш итн. Полесно ќе ти биде и ќе можеш да се препуштиш полесно. И, секако зависи и од дечкото. Ако е внимателен нема да има проблем никаков. Ако ме послушаш првото сексуално искуство ќе ти биде позитивно и убаво сеќавање.
дали некој можи да ми одговори зошто спермата е потенка после 2 свр... ? дали е то знак за некоја болест или вирус? или сее во ред ?
Како мислиш потенка? Поретка да не сакаше да кажеш? И тие две свршувања се едно по друго? Ако добро те сфатив мислам дека тоа е нормално. Кога свршувањето е едно по друго два пати, спермата станува понеквалитетна. Мислам дека може да се случи и помалку да се исфли од првиот пат.
Денеска ми е прв плоден ден,многу брзо се влажнам-гаќите ми се прават утоп што се вели и исцедокот јако ми мириса...дали е можеби инфекција или е нормално? Благодарам
Штом го има во зголемена колчина ( ако е само тоа мислам дека е во ред во плодни денови ) и невообичаен мирис плус, изгледа дека се работи за инфекција.