Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. kalin4e

    kalin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки! Сакам да ве прашам нешто, сексуално сум активна веќе 3 години. Но последниве 6 месеци не сум имала односи. Пред три дена имав однос и прокрварев. Можно ли е да е поради тоа што сум немало односи подолго време и што сексот беше малку погруб :$ и уште чувствувам малку болка во вагината исто како првиот пат кога ја изгубив невиноста :^)
     
  2. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски

    Според мене те боли зато што повеќе време не си имала , имаше период не идевме со дечко ми 2 месеци и отпосле кога имав секс умрев од бол и малце прокрвавев , ти се стеснува вагината и најнормално е :)
     
  3. BlueGeorgia

    BlueGeorgia Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    На приватно најдов. 300 денари е за Хив. за хепатитис Б и Ц е бесплатно.
    Само нема да ми го признаат за поднесување на документи за вештачко оплодување. Мора документите да се од државна.
    како и да е. сите тестови се негативни 8)
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Супер ајде сега нека ве изберат за вештачко. Потоа ќе чекаме убави вести. :)
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Можеби прашањево ми е повеќе за во тема Менструација, ама сметам дека оваа е попосетена. :)

    Ми доцнеше една недела, денес малце имав на гаќите и кога се избришав кафеавко ама повеќе накај ептен светло розево, па немав ништо, па сега пак исто..... Дали ова значи дека ќе пробие, т.е. дека ќе добијам или не е тоа тоа? Сакам да знам дали е тоа, мислев да не имам некое мало хормонско пореметување бидејќи и така ми доцнеше а добив (ако сум добила сега) без никакви симптоми, дури и градите ми се меки, а треба кога ќе добијам да се јавам кај мојот гинеколог бидејќи планирам наредниот месец да пијам пред одмор или за време на одмор (ќе ми каже таа) Примолут Нор, бидејќи ми се поклопува одморот со датата за добивање. Сега не знам дали да ѝ се јавам или не....
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ќе добиеш.
     
  7. a.nnna

    a.nnna Нов член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    извинете, ќе можи некој да ми ја објасни процедурата за абортирање ? Дали се потребни некој дукументи и слично . Ви благодарам :)
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Многу е комплицирано
    Новиот Закон за прекин на бременост,
    Ако бремената жена е малолетна или лишена од деловна способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на десет недели од денот на зачнувањето, со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.

    За прекинување на бременоста до десет недели, бремената жена до докторот кој треба да изврши прекинување на бременоста писмено се обраќа во форма и содржина што ја утврдува министерот за здравство.
    Кон барањето од ставот 1 на овој член бремената жена доставува наод од извршен ултрасонографски преглед, како и медицинска и друга потребна документација утврдена во членот 9 став 3 од овој закон.
    Пред прекинување на бременоста докторот е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременост, како и за ризиците при спроведување, односно не спроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената, методите за вршење на прекинување на бременоста и да ја запознае со можностите и методите за спречување на бременоста.
    Содржината и начинот на советувањето од ставот 3 на овој член го пропишува министерот за здравство со посебен акт.
    Ако бремената жена по добиените информации остане при своето барање, е должна да даде писмена изјава за согласност за прифаќање на спроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста согласно со членот 3 став 3 од овој закон.
    Ако се исполнети условите од членот 6 од овој закон докторот може да пристапи кон извршување на прекинување на бременоста.
    Прекинувањето на бременоста не може да се изврши пред истекот на рокот од три дена по извршеното советување од ставот 2 на овој член, освен ако се работи за малолетна жена, жена со одземена или ограничена деловна способност или ако за тоа постои оправдана медицинска индикација, што докторот мора уредно да го евидентира во медицинската документација и евиденција.
    За извршената интервенција од ставот 6 на овој член докторот води евиденција во книга за евиденција, а податоците за извршената интервенција ги воведува во медицинското досие на бремената жена во пишана и во електронска форма, во согласност со прописите за заштита на правата на пациентите.

    Има уште многу побарај го законот на Право.орг од 10 јуни 2013 година.
     
  9. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Имам едно прашање до вас девојки, до тие што се сексуално активни. После првиот пат дали менструацијата ви беше редовна, или ви каснеше и колку? Фала.
     
  10. sportistka1995

    sportistka1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    21

    Mi beshe redovna, kako nishto da ne se slushilo pred toa :)
     
    На jagodka.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gloria.20

    Gloria.20 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Можно е тоа крварење да било од апчето бидејќи тогаш не ме болеше стомакот како и обично кога добивам, а и тоа беше само крв, без такви парченца како од менструација.
    До денес немав ништо па си викав сепак да не било менструација, но денес се заморив повеќе од физичка работа и почна да ме боли стомакот. Помислив да не ќе добијам и навистина сум прокрварела... Но толку беше, само тогаш. Веќе нема ништо, не е добивање :( :doh:
    Се плашам да не се работи за бременост, па да сум прокрварела поради тоа што се преморив физички, зошто не ми доаѓа нормална менструација? :|
     
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    34.362
    Пол:
    Женски
    Менструацијата си е редовна и нормална, нема што да се грижиш. :)
     
    На jagodka.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Мене ми каснеше една недела мислам но вообичаено секогаш ми касни така мислам редовно и нормално му доаѓа. Иако првиот месец после првиот пат може да закасни нормално (зборам ако имало заштита, надвор свршување и сето тоа), а ако бил спротивно од тоа и закасни, ќе частите :D
     
    На jagodka.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srckence22

    Srckence22 Нов член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Одговорот на Срценце 1607 беше прилично конфузен па ќе се обидам да ја поправа.
    Заблуда е тоа дека е нормално да касни менструацијата после првиот пат, така многу лесно може некој да се зезне и да занемари несакана бременост.
    Воопшто првиот однос не е причина за одлагање на менстрацијата, бидејки со односот никако не влијаеш на јајниците каде се создава менструацијата. Со првиот однос се кине само една тенка ципа која е на самиот влез на вагината, на некаде 1cm и тоа никако неможе да влијае на одложување на менструацијата.
    Доцнењето може да биде од многу причини но не и поради секс, но лугето нели секогаш си бараат некое свое објаснување.
     
  15. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Фала на сите за одговорите , и јас така мислев, но сепак сакаш да слушнеш и од друг искуство :)
     
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Дали некој воопшто знае зошто имам гадно и непријатно чувство за време на секс откако се породив??????????? Испитав се што е можно (од гинеколошка гледна точка). Се си е во ред. Не сум напната, не сум нервозна, опуштена сум итн ама ете 4 месеци ми се гади кога ќе се спомне секс. Дури и се трудам да не останам со мм на само. Секој секс ми е стварно многу болен и едвај чекам да заврши чинот. Немам никаква поспородилна депресија. Ништо не ми е јасно. До пред 4 месеци бев истата јас, истиот маж, исто се само што сега од уживање нема ни у. Сексот ми е повеќе како тортура. Мм почна да ме одбегнува и мислам дека чека јас да бидам спремна па да му пријдам ама ќе се изначека кутриот. Можам у манастир да одам со ова либидо :rofl:
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Зашто тропаш глупости кога од авион се гледа дека ни самата не знаеш што збориш според зборовите што ги употребуваш?? Менструацијата се создавала во јајниците, уау колку си само појасна од Срценце, она многу нејасно објасни па сега ти се ни кажа со тоа што менструацијата се создавала во јајниците. |( Прво и прво, менструацијата не се создава туку е крварење како резултат на пукање на фоликулите, ама ај нема да објаснувам тука на долго и на широко. И да се чудиш и тоа како може првиот однос да резултира со доцнење, од гинеколог потврдено а не е заблуда. Ти го гледаш губењето на невиноста како кинење на тенка ЦИПА (океј, ако така е полесно за тебе да се изразиш), ама всушност со тој мал „безначаен“ чин на кинење на ЦИПАТА, се случуваат уште мал милион промени во организмот и хормоните, со што да, тоа има влијание и на циклусот верувала или не. Не мора да значи, индивидуална работа е, ама промени настануваат кај секого. Не е кинење на кожичка како на било кој друг дел на телото како што опиша ти.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    На почетокот на циклусот под влијание на хормонот естроген во јајниците доаѓа до создавање на јајце клетки.

    На среднината од месечниот циклус кога хормонот естроген е најјак лачењето на лутинизирачкиот хормон наеднаш се зголемува и потоа одеднаш паѓа и овозможува ослободување на јајце клетката од јајникот (овулација). По овулацијата започнува да се зголемува нивото на прогестерон кој ја припремува матката за забременување. Доколку матката не ја прими оплодената јајце клетка количината на прогестерон значително паѓа и настанува менструација (месечно крварење т.е отцепување на слузокожа од ѕидовите на матката). Ако пак оплодената јајце клетка успее да се вгнезди во матката нсатанува бременост, се појачува нивото на прогестерон, а изостанува менструацијата.
     
    На Freya123 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  19. loveNeymar

    loveNeymar Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки!Нова сум на форумов и ми треба ваше мислење.
    Вака имам 16 години имам дечко во врска сме 8 месеци тој е поголем од мене 1 година,последно време размислуваме да имаме односи но јас сум невина а и немам редовна менструација.Сакав да слушнам мислење од вас дали е нормално да имам односи а немам редовна менструација?
    ви благодарам однапред :*
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Нередовна менструација не е пречка са сексуални односи. Мое мислење е , премлада си за да почнеш со односи.
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.