Добро лубеничка, значи Кандида е, се лепи и бело е. Вагинелетките се даваат и без рецепта, 300 денари се во аптека. Ќе купиш и ќе ги ставаш секоја вечер по 3 дена долу и гледај да не мокриш цела ноќ за да делува тоа. Не се плаши ништо страшно. Се лечи тоа е тоа.
Ме одбегнува и не збори за такви работи само ми вели немој да те лажел ѓаволот да имаш односи ќе видиш тогаш. И речам ме боли стомак и она одма "да не направи некоја глупост" незнае да ми ги објасни основните нешта па тоа не е мајка, јас умирам од болка и чешање она несака да ми купи една крема а несака да одиме и на гинеколог. Ја прашав што се тоа вагиналетки и за што се користат и она ми вели мала си да знаеш, да мала сум на 16 години незнам основни работи кои треба мајка да ги објасни недај боже некој ваква мајка да има...
Во тој случај иако не е баш соодветно, јас мислам дека можеш да појдеш кај матичниот доктор, иако е доктор по општа медицина треба да ти даде некој совет, да ти објасни некои работи стручно, и да му кажеш дека не можиш да посетиш гинеколог. Па валда ќе те посоветува што да превземеш со чешањето и исцедокот. Со оглед на тоа што не можеш да појдеш на гинеколог, можеби ова ќе ти помогни некако.....
Девојче кога ти даваат пари од дома за на училиште не ги троши ,заштеди ги не ти треба многу до 200денари ти е канестен крема која е против габични инфекции , купи си ја и види најверојатно ке ти помине ако се работи за кандида. Ако не земи и на мајка ти пари и кажи и . Незнам јас каков родител е тоа да си го остави детето така со мака... Па какво и да е колку и да згрешило треба да е тука да ти укаже и помогне да те изведе на прав пат и повторно такви грешки да не правиш .
Девојче кога ти даваат пари од дома за на училиште не ги троши ,заштеди ги не ти треба многу до 200денари ти е канестен крема која е против габични инфекции , купи си ја и види најверојатно ке ти помине ако се работи за кандида. Ако не земи и на мајка ти пари и кажи и . Незнам јас каков родител е тоа да си го остави детето така со мака... Па какво и да е колку и да згрешило треба да е тука да ти укаже и помогне да те изведе на прав пат и повторно такви грешки да не правиш .[/quote] Купив денес канестен крема, се мачкав еднаш многу ме печеше ќе ставам на 2 часа се надевам ќе ми помине,а кога ставам гледам малку да ми навлезе и навнатре.
Девојки ми треба ваша помош... Сакам да ве прашам нешто. Со дечко ми имавме односи. Односно јас не сакав, но ме уценуваше. Првиот пат протече крв и нормално имав голема болка.. И вториот и третиот пат протече крв. Четвртиот пат веќе не дозволив да протече односно премногу ме болеше и не сакав да имаме секс.. Од тогаш немам пробано.. Но не знам дали сум скината..Одговор? :/
По се изгледа дека не им даваат доволно материјал за учење на децава во школо и пак им е досадно, ќе мора тромесечие да почекаме навистина за да сме на раат.
Да 100% И не ми е јасно како ги памтат лозинките,штифрите а се убацуваат на месец - два само да се направат интересни,да истролаат нешто
Абе кога им фаќа нив кликерот у глава за исмислување вакви и многу поморбидни приказни, веројатно не им е тешко ни лозинка да памтат. Само камо лекциите во школо така да ги памтеа.
Хм не знаев каде да го поставам прашањето па решив тука да пишам. Може ќе ви звучи смешни и глупо но не знам како да им објаснам на моиве дома да обратат повеќе внимание кога го користат тоалетот! Пред некое време ви пишав за проблемот што ми се јави и заедно со гинекологот заклучивме дека е некоја инфекција од тоалет пошто долго време немам сексуални односи таа можност е исклучена.Е сега редовно јас ја чистам бањата со доместос и сите салтанати но едноставно ми е нелагодно да влезам во тоалет после нив! Пред малку влегов во бањата и што да видам на шолјата куп срамни влакна ако верувате се згрозив воопшто не ми е пријатно јас да го чистам тој неред или уште помалку да го употребувам тоалетот имајќи ја во предвид маката што ја претрпев цела недела!Не знам како да им кажам хигиената да им биде на повисоко ниво?
А ти се срамиш од твоите да разговараш отворено ? Еве океј разбирам незгодна ситуација но барем можеш на мајкати да и кажеш онака на смеа најпрво па потоа и сериозно напомени дека секој треба да си ја одржава хигиената после користење на тоалет. Па секако тоа не е јавно веце туку е на вашето семејство.
Не ми е пријатно затоа што не сум баш во добри односи со нив, но и затоа што тоа повеќе се однесува на татко ми и малку ми е глупо да и речам на мајка ми оди види маж ти како го направил тоалетот!Некогаш верувајте кога одам да се капам претходно го средувам затоа што дури и гнас ми е да го допрам тушот! Го исчив сега, го средив ама ако пак го најдам така баш ме брига што ќе речат ќе им плеснам убаво да внимаваат како го користат тоалетот моето здравје е во прашање и и не ме занима дали некој ќе се навреди.
Де бре, семејство сте, се можете да речете. Јас на твое место одма ке викам на цел глас, кој ја напраи лом шољатааааааааааа, 2 саати чистев!!! Значи не диретно кон некој, туку извикај се. Или кажи, луѓе иам мака со инфекции, ве молам држете се пречисто во веце, утре деца нема да имам. Или па речи и на мајка ти ако ти е гадно да фаќаш ти по татко ти, ај те молам исчисти, морам у веце а гнасно ми е. Плус, ако имаш мака, купи од оние хартии специјално за шоља, и ставај за да седнеш на чисто.
Со дечкото сме во врска некаде 2 месеци и кога конечно се решив на следниот чекор т.е да имаме односи тоој ме изненади негативно.. мислам сум имала еден партнер и незнам дали ова е нормално да се случува Спремен беше и напален и сите тие нормални работи, но кога стигнавме да речам до главното тој се блокира и неможеше ... ме зачуди малце си реков да не е до мене проблемот, но потоа ми објасни дека не е до мене, туку до него. Неможел да се опушти тоа му се случувало стално кога бил со некоја што му значи по некое време се опушти и беше океј имавме односи... но тоа што се случи на почетокот малце ме замисли... некое искуство слично?
^ Во ред е, ништо страшно, се случува. Најчесто на почеток, трема можеби, страв да не оплеска некако или да не сврши пребрзо, којзнае што му се вртело низ глава.
Да но тој вика тој проблем уште некое време ке го има се додека не се осигурал дека се океј ке биди... јас несакав да направам лошо да се чувствува и нормално мирно го прифатив тоа и зборувавме на таа тема му дадов некој совет... но реална да бидам додека тој си го реши тој проблем мене како хемијата, желбата да имам со него секс да ми се губи ..