Moж има карактеристики на жена. Сака прво да се осигура дека ке го земеш откако ке го е..ш. Како и да е. Дај му простор на чоекот-мож некоја бивша му набила комплекси па му треба време да се опушти. Дешава се.
Девојки, да ве прашам нешто. Исфрлив една бела течност утринава, како бело е воденесто ама густо. Не ми личи за бело прање, на гинеколог закажав но од дури од понеделник, а до тогаш што би можело да е? Имам чувство како да ми пулсира нешто долу на моменти.
Може некој да ме посоветува имам само едно прашање (да бидам искрена ова и беше причината што конечно решив да се уклучам во форумов, а не само да ве посматрам ). Кратко интро: Прв пат имав секс со дечко ми пред два месеци. Не знам до душа дали може баш секс да се каже, пошо не можев да издржам подлого време, ме болеше многу, имаше крв и првиот и вториот пат и некако осеќав притисок во уши, али нема везе тоа. Е сега некако работите се искомплицираа. После случкава, не се видовме две ипол недели, па кога се вратив тука, добив и некако се фати месец. Следниот месец ме фати сесија, он почна да работи, па ретко се гледавме, али кога се гледавме, он иницираше, но јас некако немав храброст да продолжам. И еве сега сме тука, октомври, хаха. Не знам дали јас сум проблемот што не можам да се опуштам и во последно време ко да немам желба, не се осеќам доволно напалена, не знам што ми се случува. Еве пред некој ден, решена дека мора да се соочам со проблемов, седиме кај него, таман се вжешти ситуацијата и почнаа да го довикуваат неговите од другата соба, решивме да игонираме, ама лугево не се откажуваа, чукаа по ѕид, се дереа, се додека не стана да отиде таму, и мене толку ми требаше. Почекав да се врати за да продолжиме, ама го немаше веќе 5мин, си се облеков и запалив цигара, после дојде ама јас веќе не сакав ништо да правам. (И кога ќе размислам ова се случува многу често, кога седиме кај него, мир нема за муабет, а не па нешто друго али ова е ваљда за друга тема, може и цело прашање е за друга тема, насочете ме, нова сум! аааа се осеќам ко сама со себе да си зборам хаха) Имате ли некој совет? Како да се однесува девојка на почетокот? Како да се опуштам? Бидејќи мислам дека тоа е проблемот. А не беше, на почетокот на врската имаше галење, мазење, љубење, петинзи, ово, оно, абе сум уживала во тие работи, во буквална смисла на зборот. Првиот пат испив малце, стиснав заби и се случи, ама не планирам да станам алкохоличар само за да имам секс со дечко ми. Ве молам за помош, и ве молам да не ми се потсмевате, зашто мислам дека имам сериозен проблем. Благодарам!
Δ Да на знаете секс и да се учите ок тоа. Ама да не се палите на ваши години, што друго имате заедничко? Раскини му. Додека не сте направиле нешто заедничко од кое нема бегање.
^ За првиот пат и јас испив малце повеќе од страв, но желбата наредните пати е нешто сосема друго. Јас си ја имав фала Богу од самиот почеток. Но, зарем можеш да се опуштиш и да имаш секс додека се неговите во соседната соба? Мислам, ви тропале на ѕид, што значи мора да сте соба до соба... океј за нешто онака на брзање колку да се заврши работа, за тоа е прифатливо, но за лигавења, предигри и водење љубов не би се опуштила додека има некој дома... А и ти како почетник, можеби не ти е лесно да се опуштиш, со што опцијата на брзака колку да се заврши работа кај тебе може да се исклучи. Пробајте да го направите тоа скроз сами и во опуштена атмосфера. Мислам дека проблемот не е толку голем како што мислиш.
Може да овулираш, ако е како белка од јајце недоварено. Ако е бело како прашкасто тогаш може да е кандида или некоја инфекција.
imelda и lovely93 благодарам за одговорите. не постои таква опција да му раскинам зашто не би знаела што да правам без него, искрено го сакам. а за ова, појма немам што да правам. во секој случај ќе мора да се среди. ќе земеме соба негде, нешто...хахах фала за утехата!
Не се оптеретувај со глупости. Ти треба само време. Ти едвај два пати си имала секс и одма сакаш да биде се' нај нај. Не може. Треба време за да се опуштиш целосно и треба време да си ги научите телата. Проблем би било кога би оделе долго време, сте имале долго време секс, и одеднаш ти почнуваш веќе да не се возбудуваш на него, не ти е убаво итн. Тоа е веќе за размислување, а ова верувај ми ќе ти биде смешно за некое време. Не размислувај, гледај само да уживаш со него.
daydream фала! да ти кажам искрено тоа одма што сакам да е се ко што треба ваљда карактерна особина ми е. и у право ќе да си дека не може баш така.
Девојки, утре ми е датата за добивање и имам симптоми како промена на расположение, ми се јаде многу благо и градите ми се потечени ама имам ниско од време на време боцкање и како жежење што друг пат сум го немала, нормално ли е?
Не ти ја сфатив иронијата за жал. Само онака си ги наведов другите симптоми, ме интересираше за боцкањето бидејќи обично ме боли тапо или воопшто немам болки. Знам дека не е секогаш исто, но си прашав да си споделиме женски искуства. Како и да е, фала на советот за времето. П.С. И денес рекоа дека ќе врне.
^ Хахаха што и да си сакала да кажеш, навистина ме насмеа со ова во ПМС и ми се допаѓа што си директна, искрено, и друг пат сум приметила а тоа многу го ценам кај луѓето. Не викам не, може сум сфатила погрешно, знам да бидам ужасна во ПМС. Признавам.
Срцка не се плаши и ја сум осетила болки во градите пред добивање, а може и наглите примени на времето влијаат врз тебе. Но ако мислиш дека е нешто друго, можеш и да се прегледаш сама да се стиснеш на градата со крената рака и со другата да правиш кружни движења.
Пак погрешно се разбравме срцка. Ме боцкаше доле ниско кај стомакот и како чувство на жештина имам сеуште, а за градите и тие ме боцкаат ама нив не им обрнувам внимание, ги навикнав нив. Ај што и да е ќе помине, фала ти сепак. А што се однесува до времево не да ми влијае... сигурна сум дека ќе ми касни и пак ќе потрошам пари на тестови за бременост.
Далерон рече дека менструацијата нема мерило по датуми и кога треба да ти дојде. Ама отприлика може да се знае, точно не. У право беше, жената бе. Ако го мислиш така, пак ќе ми се разболиш. Добро во ПМС сиии. Смири се, хормонче драго.
Имам проблем со гасови. Значи неможам да сватам од што се ствараат бидејќи се хранам здраво.. Премногу надуеност во стомакот и гасови без престан. Од што може да е ова?
мене од стрес,нервоза ми се дуе стомакот .. можеби и тебе ти е од тоа.. оти и јас здраво и редовно се хранам ама ете се случува
Зависно после каква храна имаш проблем со гасовите. Дали ти е поврзано со некој стрес како што кажа погоре феминката или па се работи за глутенска нетолеранција. Јас пример и да не сум под стрес а и немам глутенска нетолерација но сепак кога јадам комбинација од туна и макарони, храната тешко ми се вари и имам надуеност во стомакот. Според мене, мислам дека не секоја храна подеднакво ја поднесува желудникот...се надевам барем малку ти помогнав