Уште ве трола оваа погоре ? Аман девојче најди си некоја друга занимација не им го троши времето на феминките да даваат совети , земи книга читни ако ти е досадно , не замарај со глупи измислици по форумов !
90 % од одговорите низ форумот и се со се некакви измислени проблеми , пред некое време беше невина а имаше инфекција па мајка и ја тепала не и давала кансен да купи или нешто слично беше , во друга тема пак кажува какви кондоми употребувала со дечкото , иди па најди им го крајот на троловиве !
Оф лелеее, таман зареков дека многу се намалија троловиве... а оваа Лобеничка одамна ја гледам по форумов и активен член е, не би помислила воопшто дека е трол. Тоа е тоа, што би рекле исто џубре, друго паковање.
Не е трол не тропајте. Ја читам од поодамна иако е малечка и неискусна дефинитивно не е ТРОЛ. И ова е делумна вистина, невистина од нејзините постови.Погоре спомена некоја феминка дека имала само анален секс, да има пишувано за тоа.Можеби нешто сум пропуштила така да мојта теза нема да држи вода, народно што би се рекло. Девојчето е малечко и најверојатно нема некој близок да сподели со него што ја мачи, па споделува овде.
Јас не реков дека е трол, и мене не ми се веруваше, јас се зачудив. Но мислев дека сум пропуштила нешто. Ако е вистина дефинитивно ми е жал што и се случило тоа, на никој не би му посакала да ја изгуби невиноста со таков гад.
прочепкај низ нејзините мислења ако најдеш нзс едно со друго јас частам ! ако сум јас во грешка се извинувам
Значи вие сите со почудни проблеми ги сметате за тролови. ... стварно не ми се верува. Имав порано анален секс затоа што несакав да се кинам уште сега имав и инфекција ама неможев да ставам вагиналетки затоа ставав канестен крема што мајками прво несакаше да ми ја купи затоа што сметаше дека сум сексуално активна и самата сум си крива за инфекцијата после некако ја убедив и ми ја купи. Немам со кој да разговарам на оваа тема за вакби работи затоа што мајками не се замара и ми вели само да слушнам дека си правела глупости, таткоти ќе те убие. Јас само такви одговори добивам од неа, ја прашам нешто и таа ми вика мала си ти за тоа ќе се научиш сама кога ќе пораснеш стварно ми е жал што ви го потрошив времето за овој проблем за кој немам со кого да разговарам и ви се обратив вам.
во ред нека сум во грешка ете се извинувам , само муабетот ми беше феминки се мачат пишуваат , а некој си лечи досада на форумов
Бидејќи не знам во која тема би го сместила прашањево , најпаметно е тука да го поставам. Ме интересира , после кочку време од првиот однос ви се регулираше менструацијата ?
Менструацијата не се пореметува со првиот однос, нема никаква врска (освен ако баш тогаш забремениш ама тоа е веќе друго)
Едната срамна усна ми е отечена малку. Од што може да биде ова? Немам имано односи 3-4 недели. Ова се случува втор или трет пат.
Таму има многу жлезди од некоја си причина се воспалила и отекла.Не е лошо да си посетиш гинеколог затоа што не ти се случува прв пат.
Не би требало и тоа е како некое непишано правило, единствено стресот од првиот сексуален однос многу може да влијае врз менструалниот циклус. Ама за колку време се средува? Може да дојде порано или малку подоцна, ама ако не дојде ич тогаш веќе хм.
Дали би можело да биде циста? Бидејќи на интернет прогуглав нешто, но кај мене само си поминува, такво е многу малку време и чешка.
Кој би рекол дека јас и ти барем за нешто ќе се сложиме. Во право си дека Лобеничка, е трол, и воопшто не е мало дете кое нема со кого да разговара. Разгледајте ги нејзините мислења и ќе сватите за што се работи. Се додека и обрнувате внимание ќе ве гледа и ќе ви се смее како студиозно ги мозгате нејзините измислени проблеми.
Доаѓа или до поеметување , ако ти била редовна менструацијата , или ти се регулира ако предходно не ти била редовна. Така знам , само ме интересираа мислења од лични искуства.
Епа чешка кога се повлекува отокот, за циста на усните сум чула, ама тоа е повеќе кон внатрешноста на вагината. Спојлер Бартолиниевите жлезди се наоѓаат во долната третина на големите усни, а нивната содржина се излива во внатрешната страна на малите усни на вагината. При неадекватна хигиена, носење на синтетичка облека или тесна облека може да дојде до инфекција и иритација. Причинувачи Најчести предизвикувачи се стрептококи, стафилококи, коли бацил и понекогаш гонокок. БАРТОЛИНОВИ ЖЛЕЗДИ се две мали топчести структури кои се наожаат во долниот дел на усните од двете страни на вагуната со мало каналче тие се поврзуваат со вагиналниот канал. Тие лачат служава супстанца која овозможува лизгање влажност на внатрешните површини на вагината. БАРТОЛИНОВА ЦИСТА преставува оток на течноста каналот или жлездите што предизвикува блокирање на вагиналниот канал, овие цисти можат да бидат мали како грашак а можат да порастат до големина на орев. Предзнаци за вакви цисти се болки при одењето, оок на вагиналните усни, или болки при однос. ЛЕЧЕЊЕ – се лечат по хируршки пат или со помош на чаеви . БАРТОЛИНОВ АПЦЕС – ЛЕЧЕЊЕ - претставува инфекција на бартолиновите жлезди предизвикани од некои бактерии, се лечи со антибиотици или со помош на чаеви. И ова го најдов. Спојлер Вагиналната кандидијаза ги има следниве симптоми: Еритем (црвенило) и оток на срамните усни со мали лезии (пустуло-папулозни промени)