@Maca Macovska, да не ме разбереш погрешно, идеата ти е добра и на место меѓутоа и да се направи таква read only тема- џабе ќе биде! Штом можат да пишуваат тука, значи имаат пристап до интернет и доволно е да прогуглаат малку, сите информации им се достапни но не - прво ќе имаат секс/ петинг па после ќе паничат на форум. И тоа многу кажува за нивната спремност да почнат со сексуална активност-да биле доволно паметни и спремни за тој чекор најпрво убаво би се информирале (а веројатно и би почекале уште некое време) а вака прво скокнуваат па после викаат оп.
ДЕВОЈЧИЊА ЖИВЕЈТЕ СИ ГО ДЕТСТВОТО БЕ АЛООО ИМА ВРЕМЕ И ЗА СЕКС НЕМА ДА ВИ ИЗБЕГА НЕ СЕ СЕКИРАЈТЕ. ЕБЕТЕ СЕ УШТЕ СЕА ПА КОА КЕ ВИ ДОЕ ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ЗА СЕКС КЕ ВИ ЗДОСАДИ ПА ТОГАШ ЛИ КЕ СИ ГО ЖИВЕЕТЕ ЖИВОТОТ ШТО СТЕ ТРЕБАЛЕ ДА ГО ЖИВЕЕТЕ НА 15 ГОДИНИ? АМАН БРЕ УШТЕ НЕЗНАЕТЕ ГАЗОТ ДА СИ ГО ИЗБРИШЕТЕ НА СЕКС МИСЛИТИ БОГ ДА ЧУВА
Потплоно си во право,затоа реков е предлог. Но реалноста е друга. На некоја од 14 години ти гарантирам дека колку и да има пристап до интернет нема да види прво да научи.Него прво ќе има односи па потоа ќе кука. Кривицата е нејзина,но тука има и други фактори како што се дека не е доволно зрела да размисли, нејзе не и перцепира умот така. И реално , мене ми се има десено пред некое време да имам пример некој проблем....Иако сметам дека сум информирана доволно за да се заштитам нели колку можам, сепак некогаш ќе отворам и ќе прочитам. НО секогаш нервираат тие што место да прочита прво во темава да пролиста таја одма пиши леле вака леле така. Баш за тие нека има 10 точки. Зошто можи да касни,кандида,знаци и појави и слично. Знам дека го има се тоа на интернет но на нејзините 14 години ти гарантирам поприфатилво е да се потрпри на нечие искуство. Никогаш не сум ги разбрала. Јас од 15 год. одам на гинеколог.И моево не ее за пофалба по 5 пати годишно што одам,но таква сум си сакам се да сум си во тек , за скраја да е.
Кламидија – тивка сексуално пренослива болест Кламидијата е една од најчестите бактериски сексуално преносливи болести (СПБ). Таа може да ги оштети женските репродуктивни органи и да доведе до неплодност ако не биде навремено лекувана. Најчесто оваа инфекција „тивко“, без никакви симптоми, му наштетува на здравјето и поради тоа брзо се шири меѓу сексуално активното население. Околу 75% од жените кои имаат кламидија НЕ пројавуваат никакви симптоми ШТО Е КЛАМИДИЈА? Кламидијата е инфекција предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis која најчесто се пренесува на два начина: За време на сексуален однос. Кламидијата може да се пренесе при вагинален,орален или анален сексуален однос со инфициран партнер. Од мајката на бебето за време на породување. Мајка инфицирана со кламидија може да му ја предаде инфекцијата на своето новороденче при вагинално породување. Кламидијата може да ги зафати ректумот и уретрата, а кај жените и грлото на матката. Секоја сексуално активна личност може да се зарази со кламидија, но таа е најраспространета меѓу лицата кои немаат навршено 25 години. Колку поголем е бројот на сексуални партнери, толку поголем е ризикот од инфицирање со кламидија. СИМПТОМИ Повеќето заболени со кламидија имаат благи или немаат никакви симптоми. Поради тоа, многу е тешко без соодветни тестови да се процени дали една личност е инфицирана со кламидија или не. Всушност, околу 75% од инфицираните жени и 50% од мажите со кламидија не пројавуваат никакви симптоми. Кога симптомите се присутни, тие се појавуваат во период од 1-3 седмици по сексуалниот контакт со инфицираната личност. Симптоми на кламидија кај жени Абнормален вагинален исцедок кој може да има непријатна миризба; Печење за време на мокрење; Абнормално крварење меѓу менструалните периоди или по сексуален однос; Болки при сексуален однос (диспареунија); Болки за време на менструација; Нерегуларно менструално крварење; Абдоминална болка проследена со температура; Чешање или печење во или околу вагината; Ректален исцедок, болка или крварење од анусот. Симптоми на кламидија кај мажи Болно мокрење, т.е. чувство на печење за време на мокрење; Мало количество на чист или матен исцедок од врвот на пенисот; Печење, чешање и/или црвенило околу отворот на пенисот; Болка и отеченост околу тестисите; Ректален исцедок, болка или крварење од анусот. Кламидијата се пренесува и при отсуство на симптоми. Лицето инфицирано од кламидија е носител на истата сè додека не биде излекувано. ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Кламидијата може да биде помешана со гонорејата поради сличноста на симптомите, а често овие две болести се присутни истовремено. Најчесто кламидијата се дијагностицира преку земање на брис од грлото на матката кај жените и од исцедокот од уретрата кај мажите, или пак, преку испитување на урината за присуство на бактеријата Chlamydia trachomatis. Многу жени ПОГРЕШНО сметаат дека кламидијата може да биде дијагностицирана преку рутинскиот ПАП тест. ЛЕКУВАЊЕ Добрата вест е што по дијагностицирањето кламидијата лесно се лекува со антибиотици. Лекувањето е задолжително и кај двајцата партнери за да се спречи повторно предавање или ширење на болеста. Инфекцијата најчесто исчезнува 1-2 седмици по започнувањето на третманот, но ако симптомите се појават и по завршувањето на тој период, пациентот задолжително треба да се консултира со стручно лице. Многу е важно да се примат сите препишани антибиотици, иако инфицираната личност може да се чувствува подобро уште пред завршувањето на терапијата. По примањето на антибиотиците, препорачливо е повторно да се направи тестирање за да се провери дали инфекцијата е излекувана. Сексуални односи не се препорачуваат сè додека и на двајцата партнери не им биде соопштено дека кај нив веќе не е присутна кламидија.
КОМПЛИКАЦИИ Ако се лекува веднаш, кламидијата не предизвикува сериозни проблеми. Но, доколку се остави без никаков третман, може да предизвика несакани компликации. Кај жените – карлична воспалителна болест. Доколку кламидијата се прошири, може да предизвика карлична воспалителна болест (Pelvic inflammatory disease – PID). PID е термин кој се користи за да опише инфекција на матката, јајцеводите и/или јајниците. Најчесто од PID страдаат јајцеводите кои можат да бидат оштетени или целосно блокирани. Тоа го отежнува или оневозможува процесот на зачнување и го зголемува ризикот од вонматерична бременост или предвремено породување кај трудниците. Покрај кламидијата, друг чест причинител на PID е гонорејата. Кај новороденчињата – конјуктивитис и пневмонија. Мајката за време на вагинално породување може да му ја предаде инфекцијата на новороденчето. Кламидијата предадена за време на породување може да предизвика конјуктивитис (воспаление на мембраната на окото кај новороденчето) или пневмонија која може да биде опасна за неговиот живот. Овие две здравствени состојби кај новороденчето можат да бидат лекувани со антибиотици. Кај мажите – епидидимитис. Доколку не се лекува, кламидијата може да предизвика епидидимитис кај мажите. Тоа е инфекција на епидидимисот, дел од репродуктивниот систем на мажите во кој се складира и созрева спермата откако ќе биде испуштена од тестисите. КАКО МОЖЕТЕ ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КЛАМИДИЈА? Едно е сигурно – заштитата од кламидија е далеку полесна од лекувањето од истата, па затоа: Практикувајте безбеден секс. За да се заштитите од кламидија, користете кондом. Латекс кондомите се добра заштита против оваа СПБ. Ограничете го бројот на сексуални партнери. Со секој нов сексуален партнер вие се изложувате себеси на сите инфекции кои тој и претходните негови партнерки ги имале. Тестирајте се. Најдобар начин да се заштитите од кламидија е да се тестирате за СПБ и вие и новиот партнер пред да имате сексуален однос. Исто така, многу е важно секоја бремена жена или жена која планира да зачне да се тестира не само за кламидија, туку и за другите најчести СПБ.
Девојки кога имате менструација ве боли ли цел стомак, онака на моменти да ве стегне јака болка како да ве стега нешто внатре и да не можете се издишите? Имам менструација веќе 2 ден ми е,ме болеше стомакот наутро се напив апче и ми помина, но на моменти во стомакот под желудникот ќе осетам јака болка трае 2-3 секунди и поминува. Не се трпи веќе, а апче не ми се пие, доста е мислам. Од што би можело да е вака, да напоменам дека и имам обилна менструација која трае 3 дена.
Менструалниот циклус е поврзан со репродуктивниот систем, а желудникот е дел од системот за варење на храната, така што, немаат никаква позврзаност.Јаката стомачна болка и тешкото издишување е последица на нешто друго.Најдобро да направиш испитување за да бидеш сигурна.
Па сега на менструација што можам да направам, ништо. Освен крв да проверам. Но, чудно само додека имам менструација ја имам таа болка. После не. Мислам само оваа менструација.
Мој совет е да направиш ехо-испитување.Доколку правиш крвна слика за време на циклус, референтниот ранг на хемоглобинот ќе ти биде понизок на резултатот, бидејќи крвариш.
@Maca Macovska извини вака, ама идејата ти е смешна. Сама кажа дека не седнувале превентивно да прочитаат на Интернет и да се информираат. Па зошто тогаш би се сетиле да отворат Фемина и да ја отворат таа тема доколку не им гори под нозе? А и џабе е верувај, малку работи ли има на чичко Гугл? Па пак по форумите очајни очајни прашања. Не помага ништо. А и јас можам да разберам зошто не би помогнало затоа што друго е кога ќе си прашаш конкретно за тебе. Пример, сите жени ги знаеме главните симптоми на бременост, но сепак ги полниме темиве кога ќе се најдеме пред нешто слично. Зошто е тоа така? Бидејќи комуникацијата и разменувањето мислења и искуства е сосема поинакво од веќе напишаната теорија и земањето здраво за готово. Вакви теми за дискусија мора да постојат и ќе постојат, затоа е форум. А навредите што ги упатуваат некои членки, некогаш ги оправдувам но најчесто не. Бидејќи сите сме тука за помош а не за осудување, затоа сме и анонимни. Ако ни е за осудување ќе прашаме било кој што го познаваме. Кој има во глава и се информира предвреме си се информира со и без вакви теми, кој нема во глава и се информира откако ќе направи беља, тој има во нозе и трча во аптека по Норлево или во најлош случај трча на лекар да се тестира за СПБ. Како за се, така и за ова, не можеме сите да размислуваме исто.
Како и да е,дадов предлог, не мора да се прифати.Но еден тон ги има кои ќе почнат: Знаете ова и ова се случи и читав на интернет и се плашам.. Е затоа тука е психолошкиот момент кога гледаат дали на некој друг им се случило.едно е статистика друго е кога ќе прочита дека прашал некој затоа ќе беше убаво да се наведе во темата пр, толку и толку од феминките го имале тој проглем или тоа прашање е толку пати поставено. Реално јас нема некоја добивка од тоа. Но имајте на ум сите што одговараат,имаме заедничка цел.На сите неискусни малку од малкуда им помогнеме кога ќе заглават во некоја ситуација или ќе се мачат. Јас реално сум и поборник за секој понеделник на класен час (бар кај мене во гимназија секој прв понеделник во месецот или нешто слично) имавме предавање како да се заштитиме знаци и слично. Не дека се научив. Но барем ми влезе во глава дека одењето на гинеколог е нормално колку и одењето на забар.
Дали има некаква опасност од бременост ако вие и вашиот партнер сте на ѓаки и женското е легнато на стомак и тој сврши во близина на вагината и газот иако и двајцата сте на ѓаки?
Haahhaahhaa se iznasmeav. A sega mojot problem. Topceto go snema se e ok, rece ginekologot samo ke pomine, taka i se sluci. No seuste imam infekcija, ne e vo prasanje kandida, nesto drugo bilo, no ne mi rece sto. Zatoa mi dade antibiotik vo vid na vaginaleti, 10 dena da gi primam. NO primetiv deka otkako pocnav so niv me bolat jajnicite, matkata, opsto toj del dolu. I sega prasuvam sto i zosto?! Ne prodolzuvam so vaginaletite, a veke vo ponedelnik ke baram nov ginekolog. Toj stariot prc ne ide u obzir, iako rece naredniot mesec na kontrola.