Секако дека форумот е за совети, но не од типот НЕ СЕ СЕКИРАЈ НИШТО СТРАШНО НЕ ТИ Е МАЧКАЈ СЕ 2-3 ДЕНА ТИ И ДЕЧКО ТИ СО КАНЕСТЕН. И после девојки на 25 години откриваат ЦИН2 поради не лечени инфекции. Како и да е, да не "попувам" многу и да не пишувам офтопици- девојки и момци сериозно сфатете си го своето здравје
Вака имам едно прашање до вас, интензитетот на клиторисниот оргазам ми е значително намален. Не се случувало претходно и не знам зошто сега се случува. Страшно ме нервира па сакав да прашам дали ви се случувало и ако ви се случувало кои биле причините и што сега јас да правам.
Здраво на сите ,имам едно прашање до вас.Пред извесен период ми се појави габична инфекција,но фала богу инфекцијата ми исчезна со канестен 3, но кога имаме односи со дечко ми, му се појавува мала црвена точка на главчето,(зборувам кога ја имав инфекцијата )па би сакала да знам што треба да превземе,поточно кажано што да мачка за да се излечи фала поздравв
Мојот дечко сака да ме гали и чешка по грбот, тоа ми е убаво но и многу непријатно бидејќи имам ситни брунчиња по грбот, не се многу и онака не се познаваат но на допир се чувствуваат. Постојано мислам дека нему му е грозно и не можам да се опуштам.
Аман машкиве колку се палат на вакви теми господе. А во живо сигурно ЗДРАВО да речат им е срам. На која било тема да пишеш во подфорумот Секс, 100% на мислењето некој дур чита истовремено д*ка. Напалени тинејџери.
Пробавме со дечко ми да имаме односи, ама имав мн големи болки и не можев до крај да издржам . Инаку прв пат требаше да ми биде. Ве молам за некој совет, како да ја надминам паниката ?
Искрен совет од мене, пробај со пиење на малку водка пред односот..од искуство ☺и јас го имав истиот проблем, само така успеав да го надминам, има ефект со сигурност. ☺
за микробиолошки тестови треба упут од матичен општ лекар ? и дали треба да и напоменам за шо ми се ( имам бактериска инфекција и гинекологот ми рече да направам микробиолошки тесови, со два упута оти за кламидија требало посебен упут ) фала на одговорот
е од кај тоа два упата? Матичниот гинеколог дава упат и тој ти ги зима брисевите 4 се на број. за кламидија за уреаплазма и микоплазма брис од вагина брис од цервикс
значи гинекологот не ми е матичен, бев на приватно, сеуште неам матичен, а ете сеа треба микробиолошки тестови да правам, и гинекологот ми нагласи од општиот лекар ќе си земеш упут за микробилошки испитувања и ќе ти земам брис тука, ми напомена да биле два оти на еднио било само за кламидија прв пат ќе правам микробилошки и незнам од кај да барам упут .
Девојки, сакам да ве прашам за мислење, пред да одам на гинеколог. Веќе 2 месеци уназад како имам приметено и според календарот што го водам, најчесто во плодни денови имам како некој секрет, исцедок, кафеав, значи во премали количини, капка-две, но сепак морам да носам секојдневна влошка. Е сега сум малку збунета, да не речам уплашена имам прочитано дека кафеавиот исцедок е како знак на нередовен или циклус кој многу ретко го има или па рак на грлото на матката или цервиксот. Мене циклусот ми е претежно редовен, така да стварно не знам... Што мислите? Фала
Зашто си умислувате работи ова ми е она ми е. Кафеав исцедок може да значи многу работи, а ние можеме само да нагодуваме. Спојлер: кој си бара ќе си најде http://www.ladybook.mk/mk/post/4862/Vaginalen-iscedok-koj-od-niv-e-normalen
Многу нормално дека може , следен пат чувал тоа половината покриена , и подалеку од седење на поладни површини
вака една година имам односи со дечкото ама никако не можам да свршам имав и предходно пишано добив совети да се опуштам и слични ама секако имам пробано и никако не можам ...шо е работата во мене е или како ... а незгодно ми е да прам муабет со дечкоми .. веке една година помина и дури сегаа да му кажам глупо ми е :/ совет девојки??
а зошто да ти е глупо да правиш муабет со дечко ти на тема во која учествувате и двајцата, двајцата го правите тој чин....се разбира дека некогаш доаѓа то такви случувања што едниот е помалце задоволен од другиот....озбилно пристапете и разговарајте, можеби тој ги нема воочено се уште твоите делови во кои си највеќе осетлива или ти не си му ги кажала, за да тој ги користи во пред играта...барем јас така мислам мое мислење...