сознам дека 1 година помина малце глупо ми е ...незнам ни како да започнам ни како ке реагира после 1 година
секој во своја врска со свои правила и навики...барем јас самиот за себе можам да си кажам кај мене во врска близу 3 години сме, нема глупи не глупи работи или да има такви моменти во кои неможеш да и кажеш нешто што те мачи или она на тебе, тогаш тоа не е врска зошто се влечете џабе препуштање на доверба, и блискост ја прават и градат врската
Одлично те посоветувал deckoto, истото ќе ти го кажам и јас, да се охрабриш повеќе .. Направи еден отворен муабет со него, кажи му што ти се допаѓа, што не, пробајте некои нови пози, разработете ја фантазијата малку
Ќе пробам и со ова, но ако знае некој друг начин освен опуштеноста која не знам зошто не си ја дозволувам замолувам да ми каже. Пробувавме 2-3 пати и навистина многу ме боли, добивам нагон за мочање а и тој се изморува од пробувањ. Јас навистина сакам ова да го сторам со него, тој е доста внимателен и трпелив и одиме полека ама силни болки чувствувам и колку и да се трудам да не се опирам се случува тоа.
Јас сакам да прашам дали апчиња за алергија како лоратадинот можат да го одложат циклусот доколку ги земаш прв пат?
Јас ги имам пиено тие апчиња еден период ама никаква промена немав забележано. Мислам дека лоратидинот не влијаат воопшто на циклусот. Ако нешто ти се поместило, разгледај ја можноста да е од нешто друго, а не од апчињата. Прочитај го детално упатството, ако постои таква можност сигурно ќе има наведено.
Здраво дечки. Ме интересира дали после првиот однос може да дојде до пореметување на месечниот циклус? Благодарам
Само уживај си поради крвта изгубена при првиот однос може да имаш доцнење на циклусот или пак да крвариш помалку.
Ви благодарам. Не ми доцни, денес треба да добијам и ги имам симптомите на ПСМ како и секој претходен месец, само малку сум загрижена пошто ми е прв пат Инаку да, изгубив доста крв при првиот, вториот и третиот пат
Добив менст. пред пред 2 дена (ми каснеше 5). За разлика од претходните, оваа кратко ми траеше и не обилно (како досега). Да направам тест за бременост и кога е најубаво да се направи?
Обично викаат најубаво е од сабајле при првото мокрење ,но со sure check пишува дека во било кој период од денот дава точен резултат.
Девојки, оваа сабота што помина требаше да добијам циклус но, не добив воопшто, а ги имав истите неподносливи болки до ден денес. Значи од кревет не можев да станам викендот, а крв нигде. За да ги тргнам сите сомнежи ( и ако немаше воопшто причина за сомнеж) зедов 2 теста за бременост, ги направив и двата беа негативни. Ви се има нешто вакво вам случено? Сакав да отидам на гинеколог ама докторката ми е на боледување, а се друго се мажи гинеколози
Јас обично секој претходен циклус имав болки само денот кога добивав, е сега последниот пат имав 5-6 дена болки пред да добијам и искрено ме плашеше тоа но после сфатив дека залудно сум се нервирала..Мислам дека немаш простор за паника, сепак имаш симотоми како и секој претходен циклус, ќе добиеш во најскоро време, ти гарантирам