Ј*би га, како тргнале работиве, фејсбукот стана страна за расипување на врски, наоѓање мувачици и запознавање на луѓе за вакви работи. 20 години имаш, здрав, прав, способен (веројатно, посакувам и верувам дека е така), земи излези во град како секој нормален човек и најди си девојка.
Не сум пробала ама валјда е исто на пример имаш секс со дечко ти и после еден саат повторно можееш секс со него така да ......исто е ама не е исто хехехехе
Хехр што ке ти е сајт за да запознаваш некоја сигурна сум дека во друштвото има некоја што барем малце ти се допаѓа без срам направи го првиот чекор.....
Чим не си спремна и немој да му даваш, ако тој навистина те сака ке те чека ти кога ке бидеш спремна, тоа е нешто посебно и трреба и двајцата да сакате а не дека он сака па ајде, и мислам дека уште малкѕ треба да почекашшш премногу си мала...
Вакво безобразие до сега немам видено.Многу ми е срам неможам да излезам од соба од срам. Таткоми лежеше во спалната а мајками нешто работеше по дома.Овој излезе изгледа ја удри по газот и и рече ајде. А вратата од детската беше отворена. Се почудив што е но барем да почекаа да излезам. Мајками ме виде дека не спијам и ми ја затвори вратата на детската отиде во спалната и таму ја затвори. Значи незнаев каде да го пишам проблемов што и не е некаков проблем ама стварно се чувствувсм глупаво и повредено. Ги слушам луѓе ги слушам. Како пред мои очи да се снима порно сцена .
Е што е страшно бе, луѓето си имаат потреба. Што мислиш тебе како те донеле на свет, преку штркот? Да не сакаш да ти кажат "сине, ќе затворам вратата јас и татко ти ќе се сексаме". Зашто да плачеш е ми е јасно??
Брат ми не е дома се враќа вечер,знаат дека секој ден излегувам зошто не почекаа? Ме виде дека не спијам и упорно затвара врата. Ми одеше да им ја треснам да им речам дека нема потреба да затвараат ќе си излезам.
Абе не се замарај со глупоссти иди искачај шетај дружи се.... остави ги некс се сексааааат боље сексање него расправии да слушаш....
Ме врати многу многу години наназад,кога јас бев дете и ги слушав секоја вечер,сега моите покојни родители кога се сексаа,на креветот што крцкаше,на тушот во купатилото...ееееееее...како само го мрзев тој чин.тие ноќи и мирисот што доаѓаше од кај нив а јас се уште не ги имав осознаено тие љубовни мириси. Така е кога се живее во мали станови,тенки зидови...сигурно и моите деца не слушале а мозеби и гледале во такви љубовни сцени, но тоа е,ништо стршно....ке ти помине и тоа,сите сме го прошле... Размислувам како порано по селана воделе љубов,спиеле по десет души во една соба, купатило немало туку бунари надвор а раѓале по 10 деца!???Изгледа сите гледале ама се правеле наудрени и им боло так нормално....па и нормално е, значи ти останува да се правиш како ништо да не си слушнала или пак на шала да им кажеш дека неси можела да спиеш оти комшиите биле нешто бучни, па можеби они ке се засрамат....хахахха
Хеј, зошто безобразие? Не биди толку строга кон своите родители. Разбирам дека можеби ти било непријатно што си ги слушала, ама нема причина да се чувствуваш глупаво и повредено. Биди среќна што родителите ти се сакаат (и на „физички“ начин) и што имаат здрава и нормална врска. Во време на дисфункционални семејства, верувај дека ова е вистинска реткост. А и верувај ми дека е подобро да ги слушаш како имаат секс, отколку како секојдневно се караат, урлаат или (не дај Боже) се тепаат. Во секој случај, ако ти пречи, можеш едноставно да разговараш со мајка ти (или и двајцата) и отворено да си кажеш дека ти е мило што се сакаат и сакаат да имаат секс, но дека би сакала да ги замолиш идниот пат да се стрпат додека ти не излезеш или барем да бидат потивки. Верувам дека после ваков муабет ќе си бидеш раат, а бонус е што најверојатно ќе ги видиш твоите како се срамат и црвенееат. Како и да е, не го сфаќај ова толку сериозно и трагично (бидејќи е далеку од тоа), верувај, би сакал на сите најголемите проблеми во животов да ни се од ваков тип, дефинитивно би биле многу посреќни. Поздрав!
@SnowQueen17, убаво ти кажале членовите погоре, убаво е што твоите и после толку време се сакаат, имаат чувства и имаат секс. Но, Воопшто не се согласувам со ова. Ете, и јас имам секс со години наназад, но не оправдувам тоа толку очигледно да се прави пред сопственото дете. Моите секогаш се труделе да внимаваат, па кога сум успевала да ги слушнам, ми било незгодно, непријатно и да не речам, одвратно. Сепак, да беше тоа некој „јавен“ чин, немаше повеќето луѓе да се кријат и да го прават тоа зад затворени врати и колку што е можно повнимателно и потивко, туку децата ќе си се сексаа пред родителите и обратно. Факт е дека треба да се има осет, така што те советувам да си поправиш муабет барем со мајка ти (претпоставувам со двајцата заедно би ти било понепријатно) и да и' кажеш дека ти е мило што се сакаат после толку години, но да се трудат да бидат повнимателни и потивки, а исто и помалку очигледни доколку го прават тоа додека си ти дома. Или едноставно, на сечие задоволство, да те почекаат следен пат да излезеш, па да си бркаат работа.
Значи они се нон стоп караат за банални работи. И јас да сум на нивно место не би сакала да се најдам во таква ситуација. Несакам да зборувам со мајками затоа што прв пат "видно" се предавале на некој начин дека ќе имаат секс. Секогаш успешно се криеле. А не слушнав никакво стенкање. Немаше ни 10 мин. тие завршија работа. Мајками очигледно мислела дека спијам бидејќи тетками секој ден ми го остава синчето да го чувам и така на детенцето му рече кај е дада ајде викни ја дадоо и мајка ми и рече дада спие. А незнам дали за озбилно мислеше бидејќи излегував надвор,зборев и на телефон, одев до вц па може си помислила навистина дека спијам. И после виде не виде дека може сум ги слушнала, па ми текна да ја прашам кај е брат ми иако знаев. Татко ми пред некој ден ми рече кога стануваме навечер до вц да одиме да ја затвораме вратата со брат ми да не се слушало како мочаме а сега тој што прави. Смешно е и ова дека мајками пред некој ден ми спомна дека со таткоми не и се баш добри осносите и дека се заедно како од досада, од што мораат а сега ваму види ја ти.