Читам и не верувам, истрауматизирани деца затоа што слушнале или насетиле дека нивните родители воделе љубов. Не оправдувам родители кои се послободни или недај боже водат љубов пред децата, но доколку го прават тоа онаму каде што му е местото не разбирам зошто тоа би ги интересирало или воопшто би предизвикало било какви емоции кај децата, кои патем не се деца туку се доволно големи да и тие го прават тоа. Искрено ова ми звучи како обид за привлекување внимание отколку проблем. Патем има тема посветена на тоа дали сте ги фатиле вашите родители на дело.
Темата не беше активна и затоа го поставив прашањето овде. Извинете на некого ако пречев. Само обиди се да ме сватиш како ужасно се чувствував. Немора да ме навредуваш и да велиш дека тоа што го напишав ми е за привлекување внимание. Им благодарам на феминките кои љубезно ми одговорија.
Па ако е невина и и касни тогаш очигледно треба да појде на лекар, како може некој од нас да знае зошто и касни? Причините можат да бидат од нај банални до нај сериозни. На веќе воспоставена дијагноза ок е да пишеш дали некоја друга има таков проблем па да слушнеш туѓи искуства,но вака е малку глупо да бараш некој да ти каже што и е на девојкати без да појде на лекар. Еве јас можам да ти кажам ништо не и е од стрес е, ќе ми веруваш? Не сакам да те плашам но повторно ти велам, тоа тебе што ти рекла дека е невина во пракса ништо не значи.
200 км живеете одалечено. Колку често се гледате за да знаеш дали е или не е? 4 дена каснење не е малце.Ако сеуште нема добиено мора лекар да си посети.
Каснење,каснење ајде. Ама девојки мене последните менс. 2 пати порано ми доаѓаат.Во јули требаше на 7 ми ми дојде на 5ти, авуст место на 5ти еве ми дојде денес на 3ти. Нормално ли е?
Треба да си правете почести гиниколошки прегледи. Ипак здравјето е најважно од се. Со тек на годините девојките претрпуваат различни промени на своето тело и менструацијата не е секогаш со ист интензитет или пак на ист датум. Нормално е и да подкасни и да подрани, нема ништо чудно во тоа. Жените раѓаат па пак им се менува менструацијата а камоли за девојки на плус минус 20 годинишна возраст. Во ова секако придонесуваат и климатските промени а најмногу стресот, стресот и нервозата се многу големи непријатели на нашиот организам и тело. И пак ке повторам почесто посетувајте си гиниколог така ке си бидете помирни нема ништо срамно и страшно во тоа, ипак нашето здравје е на прво место.
И на мајками слично и се случи овие два месеци. Само на неа со разлика од 6 дена. Можеби е до климата.
Искрено да ти одговорам, немој. И самата викаш декаа не си спремна, плус малце сте заедно а со оглед и со неговото минато што знам. Повеќе ми изгледа како да те брза затоа што он е научен на тоа темпо па сега 3 месеци ептен апстинирал хаха. Иначе на 17 години толкаво сексуално искуство позади себе да има не ми е верно. Поише ми личат на типилни фалби и муабети само, преувеличување. A да, на 16 години за врска од 3 месеци стварно не мислам дека можеш толку добро да процениш дали е верен. Мислам дека тоа е мн краток период за да запознаеш доволно добро некого на тие години, поготово за секс, да се заљубиш, да веруваш некому. Мое мислење е дека првите 5-6 месеци е само занес и период на првично запознавање. Врската почнува мислам дури после 1 година. Мое мислење само, не мора да значи дека другите ќе се согласат. Барем кај мене беше така. Ќе ти кажам од моето искуство. И јтака почнав на тие години со секс и жалам за тој почеток. Не поради дечкото (се уште сме заедно после неколку години од тогаш), жалам ради времето кога се деси, затоа што избрзав, ради себе, а не ради ништо друго. Дури после година, година ипол од тогаш се осетив онака скроз спремно и најопуштено. Но сепак секое искуство е некоја лекција. Не значи дека ќе биде така, така да јас мислам да не брзаш, само ради себе да не жалиш.
феминки ми касни со се денес 5 дена...немав однос а пред една недела има темно кафеаво бело прање ама не беше цело време такво еднаш коа одам у веце беше бело друг пат па бело сп кафеаво ..тоа го имав 5-6 дена можеби..а после тоа бев на одмор во Грција и требаше да ми дојде на 1 ви Август ..според овој календарот инсталиран ми е од play store ..Таму коа отидов 1 ден мн се нервирав пошо апартманот го платив скапо а немаше интернет намерно го гасеа газдите хахаха ..и сум се нервирала поише пати..е сега некој ако знае што е проблемот дали имал некоја алична ситуација ? Од кога се вратив во Македонија постојано ме боли глава а имам и бело прање ама малку ептен се вратив на 3ти Август ..
Ти касни заради промена на клима очигледно. А кафеавото во исцедокот си го имала бидејки се мачело да ти пробие, па си ја сменила климата, и сега ти касни.
Имам едно прашање во врска со одложување на менструација. Какви апчиња да си купам- Примолут Нор или Оргаметрил? Дали некоја од вас користила вакви апчиња и дали после користењето се било во ред со циклусот? Прв пат имам потреба од одложување заради летниот одмор, и се консултирав со гинекологот, ми препорача да пијам 10 дена, сабајле и вечер.
Според мене најбитно во целава ситуација сега е дали ти не сакаш ради тоа што мајка ти би те убила или затоа што ти не се осеќаш спремна или не знам што. Кога ќе го расчистиш тоа ќе знаеш на што си. Мој совет ти е да го правиш тоа кога ти ќе посакаш, не кога партнерот ќе посака. Мала си, понатаму во животот ќе се каеш за тоа што си избрзала