Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интимни прашања, проблеми и совети

Дискусија во 'Секс' започната од skorpija1992, 30 јануари 2010.

  1. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Незнаев во која тема да го постиртам ова ама ќе се читне и овдека, Ова е нешто за оние со мали гради да не се секираат
    Девојките со мали гради се подобри во сексот
    [​IMG]
    23.09.2015 | 19:30
    Извор: Точка
    Прочитано: 3386 пати
    [​IMG] Испрати на пријател
    [​IMG] Зголеми го фонтот
    [​IMG] Намали го фонтот
    Мали или големи гради – на некои девојки им е сеедно, оние помудрите ќе кажат дека е најважно да се здрави, но повеќето мислат дека е подобро да се големи отколку мали.
    Генерално, како мерка за мали гради мажите ќе речат дека тоа се оние со големина еден или два, додека оние со големина три ќе ги доживеат како просечно големи гради, а четворка и петка – големи гради.

    Иако повеќето мажи и жени ќе речат дека големите гради се попривлечни, еве неколку причини зошто е подобро да се има помали гради. Овој првиот, секако, е неприкосновен.

    Подобри се во кревет бидејќи повеќе уживаат

    И покрај она што ни го промовираат „Плејбој“ и порно филмовите, малите гради имаат поголема предност во сексуалниот живот. Имено, една стуија во универзитетот во Виена покажала дека жените со големи гради се за 24% помалку чувствителни на дразбите на нив. Со оглед на тоа што оние со помали гради имаат помалку масно ткиво, поинтензивно ги чувствуваат допирите и полесно е да ги стимулирате. Покрај тоа, студијата покажала дека жените со помали гради почесто постигнуваат оргазам. Дали е тоа доволно за да заклучиме дека се подобри во кревет?

    [​IMG]
    Подолго изгледаат младо

    Додека се тинејџерки, девојките не се многу задоволни со малите гради, но во подоцнежниот период и со повеќе искуство и мудрост, учат да ја ценат нивната предност. Помалите гради се поврзуваат со младост, па жените кои ги имаат, генерално изгледаат помлади, повитки и понежни – што се смета за симбол на женственост.

    Гравитацијата не е непријател

    Со текот на времето, градите можат да се спуштат и до 13 сантиметри кон папокот, меѓутоа, колку што се тие помали, помал е и ризикот од нивното спуштање. Поради тоа, жените со помали гради и во 50-тите можат безгрижно да се сончаат во топлес, а притоа да не чувствуваат дека градите им се „спуштени до папок“. Градните мускули полесно ги поддржуваат помалите гради, а тие и самите по себе се полесни, па затоа и подобро се „држат“.

    [​IMG]
    Ги одбиваат сексистичките мажи

    Мажите на кои главен критериум им е тоа дали е жената привлечна или има раскошно деколте, делуваат плитко, а тоа го докажува и науката. Студијата од Универзитетот во Виена покажала дека големи гради преферираат мажи со изразени сексистички ставови, со јасна поделба на машките и женските улоги, кои жените ги доживуваат како „помек пол“.

    Ги привлекуваат ситуираните мажи

    Според еволуцијата, оние со повеќе масно ткиво (а, токму тоа ги прави градите) на мажите им делуваат како жени со поголеми „залихи“ на масно ткиво, кое се поврзува со достапноста на храна и општо со ресурсите, покажала студијата на магазинот “PsichologyToday”. Така, жените со поголеми гради привлекуваат посиромашни или мажи кои повеќе стравуваат за својата егзистенција, додека оние со помали гради привлекуваат ситуирани мажи.
     
  2. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Petar80 постот што си го копирал не е ниту проблем, ниту прашање, а ни совет.
    Да не излегуваме од темата, колку да се напише нешто.

    Големината на цицката не е пропорционална, ни обратно- пропорционална со соособностите на жената во кревет. Тоа е факт. :)
     
    На Bender Rodriguez, galapce, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    За ова јас сум сведок :P:P
     
    На macovska, Petar80 и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  4. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со јовановска дека постот не е ни совет ниту пак за во темата ама имаше тема за големина на гради ама не можев да ја најдам затоа тука го залепив.
    А рефке со ова сакаш да кажеш мали ама жешка во кревет (еј без љутешки)
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Јок Перице..нема врска големината
    До техниката е:D:D:(
    Се шалам...
    ако имаш до себе жежок партнер нема мали-големи....шамараш и со едни и со други:P:P:P
     
    На Madam-A, jovanovska94 и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Уууууу ова ми се допаѓаа Рефке ќее хмм ајде си молчам ;);):P
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. synonym

    synonym Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    84
    Девојки, мала помош Ве молам.
    Пред 10 дена имав односи со дечко ми и за жал кондомот пукна и многу малу сврши во мене. Сепак, за да не ризикувам си купив Норлево по неполни 12 часа и еве денеска имам кафен исцедок кој има малку непријатен мирис. Треба да ми дојде денес или утре. Претпоставувам дека можно е да ми тече ваков кафен исцедок поради апчето. Некој да ми помогне? :(
     
  8. MaggieS

    MaggieS Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Би ви била многу благодарна ако некој мозе да ми каже што би можело да биде, само што напипав топчест израсток во вагината, баш како топче, помало од големина на маслинка...Секако утре на гинеколог, но многу би ми значели некој добар одговор ако некој имал веќе ваков проблем...
    Благодарам
     
  9. synonym

    synonym Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    84
    Имам читано за вакво нешто и веројатно е некоја инфекција и почесто менување на гаќичките. Сепак ова не значи дека е така најдобро да си отидеш на гинеколог
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cheerleader

    cheerleader Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2015
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Најпрво, здраво на сите
    Нова сум овде и се надевам ќе добијам некој одговор. Битно ми е. Невина сум и вчера пробавме за прв пат.
    Не ме скина, многу ме болеше и не можев да издржам и од синоќа, па и денес цел ден многу ми тече нешто кафеаво, ама многу. Пред 2-3 дена ми заврши менструацијата, ама никогаш по завршувањето не ми течело олку.
    Што може да е?
     
  11. sad-girl-1

    sad-girl-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Девојки во период на овулација сум, ми се гади од време на време стомак ме боли односно јајниците ама повеќе левиот јајник, а прегеска ме пецкаа и бубрезите..можно ли е да ми се дешаваат тие работи затоа што сум во период на овулација ?
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Ќе да те потскинал малку :D

    Да, тоа се знаци на овулација... ;)
     
  13. cheerleader

    cheerleader Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2015
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    @jacqueline.s
    Најверојатно. И веднаш после тоа кога се избришав имав малце крв ама бледо розева на тоалетот. Ама само тоа беше, крв како што читав овде кај некои девојки дека течело немаше.
     
  14. sad-girl-1

    sad-girl-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Женски,знам дека прашањево е надвор од темава ама дај кажете нешто.Веќе подолго време забележувам светлооо кафеавки мали флеки на градите и под градите не ги има многу се на се 4-5 нека се, и се лупат ако ги гребниш малку со ноктот па така ги снемува, но после извесно време пак излегуваат.. од што може да е ? На братучетка ми ,другарка и кафеавки флеки имала на вратот кога била на кожно и рекле да не си прска парфеми во вратот од тоа и биле,но јас не си прскам парфем во градите,што може да е работата?Некој да имал ваква ситуација нештоо кажете ? п.с. срам ми е да одам на кожен лекар, маж е лекарот срам ми е да ми ги гледа ,затоа тука прашав нешто за совет или нешто ако сте го имале истиот проблем :)
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    На докторот гајле му е за градите твои.... како ќе одиш по гинеколози ако ти е срам од машки доктори? Не може секогаш жени да начекуваме по болници. Никој не може да ти каже како што може доктор. И такво размислување дека докторот е маж и ти е срам е старовремско. Колку гради видел докторот, до твоите ама ич не му е дојдено. На форум никој не може да ти каже со сигурно што ти е.
     
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Инфекција ти е претпоставувам ти кажал гинекологот.Јас од памет се извадив од страв не одев па ми стана поголемо потоа отидов ми кажа да ставам вагиналети не помина одма туку после одреден период.Ставав и крем и не употребувај интимни гелови со мирис.Нека се неутрални.Мене многу ме болеше и кога се наведнував како зид осеќав.Не е страшно и не читај многу по интернет како јас што правев бидејќи мислев дека е рак само си правиш лошо и се оптеретуваш себеси.Пиши што биднало ;)
    @sad-girl-1 Нема потреба од срем тој е доктор и навикнат е на се и сешто не ни приметува.Јас бев лани и ми кажа дека веќе кожата ми се променила и така ке ми остане.И така и беше.Најчесто се случува кај девојките со поголеми гради.Сепак оди може нема тебе да ти остане така.Џабе ставав кремови.
     
  17. sad-girl-1

    sad-girl-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дали му е гајле или не за моите гради мене тоа не ме интерсира јас само си кажав дека ми е срам да одам на машки доктор и побарав мислење ако некој имал сличен ваков проблем или ако воопшто знае нешто за таквите флеки ,а што се однесува до гинекологот имам жена гинеколог нема потреба да одам на машки гинеколог.
     
  18. sad-girl-1

    sad-girl-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Хммм јас мали гради имам можеби не е тоа,сега читав дека и од потење можело да се појават флекички а јас одам во теретана секој ден по 2 ипол саати се потам + на училиште уште 1 саат,ќе мачкам канестен читав некои така си ги излечиле флеките па ќе видам што ќе направам, сепак фала на одговорот :*
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.562
    Па оди кај жена. Плати си приватно, ама ако те прати на специјалист, кожен доктор, маж, зар ке излезеш од ординација? И јас бев во државна, на гинекологија, жена ме гледаше, професорка на факултет, баравме да е кај неа прегледот, ама влегоа 5 студенти мажи од факултет и требаше да плачам? Тоа им е работа. Ич мува не ме полази. Битно е да се излечиш, не дали ке те види некој.

    Глеј да е некоја кожна болест, па да се прошири, што ке правиш? Или, кажи на матичниот срам ми е, не се соблекувам, дај упат за кожно и надевај се на жена специјалист, и надежно жена медицинска сестра.
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Не знам баш дали ќе можеш цел живот да бегаш од машки доктори. И твојата гинеколог матична докторка НЕМА да те пораѓа во иднина, и незнам колку ќе можеш баш да избираш. Ама ти си знаеш. Барај си во друг град или во друга болница жена доктор, вака на форум не можеме да знаеме ние што ти е.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.