девојки ај и за мене совет ако некој знае... вака ставав вангиналети и тој маст 3дена...со мастот продолжив...кога завршив со вагиналетите одма ми дојде пмс...ама додека идев у вц многу ме болеше како затната ми беше додека мочкам некој туп бол...имав однос со дечко ми после тоа идам у вц многу по изразен бол, печење, многу ме болеше дури влегов во када да го смирам болот не се трпеше...е сега не знам од што ми е? има ли врска нешто со вагиналетките? много ми е страв да не имам некоја инфекција...
Ке се распрашаш по козметичките студија да ти препорачат некој гел за после депилација. Бидејќи имаш осетлива кожа не се препорачува алкохол и пудра. Мислам дека тие од алое вера најмногу ке ти помогнат а и еден период не користи интими кога се миеш. Најдобар совет ке ти дадат тие од козметичките студија, не си за кожно или гинеколог.
Па инфекција можда и не е, повеќе мислам дека е тоа што си била сува за време на сексот па си го иритирала клиторисот. Почекај ден два па се консултирај со гинеколог
Не бев сува ама баш ич...плус пмс плус неколку дена апстиненција ...знам и ја помислив од тоа дека ам не е..
Какви вагиналети користеше и зошто? Ако те боли додека мочаш можеби имаш воспаление на мочните патишта. Претпоставувам дека и по завршување на мочкањето имаш чувство дека уште ти се мочка. Најубаво да си одиш кај матичниот. Поздравче
Бланка Кансен ги користев...да тоа ми се случува по завршување имам такво чуство...Фалаа ќе идам да се проверам...ја мислев да не ми е некоја инфекција од кај да знам...едно лечев друго ми се појавува...
Така е кај нас женските, се вртиме во круг. Немај гајле, ќе ти дадат апчиња и ќе ти помине. Ако ти дадат антибиотик пак ќе добиеш кандида и пак ќе мора да се вратиш на вагиналети, но ако дојде до тоа земи канестен, не кансен. Инаку јас за кандида користев нистатин. Со лесно нека е
Здраво девојки, сакам да ве прашам нешто...неколку дена имав бело прање...беше нормално, со нормална боја...но вчера почна да ми мириса и има чудна боја, некоја бледо црвена , мислев дека сум добила порано затоа што за 2-3 дена треба да добијам..но еве веќе два дена ми е така...многу ми е страв...можете ли да ми кажете што ми е тоа? Ви благодарам однапред
Но, мене ова вака прв пат ми се случува...а и секогаш кога добивам чувствувам болка во долниот дел на стомакот, а сега не ме боли ништо...Во секој случај фала ти многу
^ За се‘ има прв пат Мене на пример никогаш не ме боли стомак пред да добијам, па еднаш и тоа се случи. Можеби си имала некои промени во последно време, па организмот малку поинкау ти реагира. Ништо страшно јас мислам.
Девојки,ми заврши менструацијата пред една недела,но вчера забележав дека градите ми се сеуште цврсти... Ме фаќа страв,од што би можело да биде? Ви благодарам однапред.
Ако се сомневаш во "нешто" земи си тест за бременост а така јас лично никогаш немам така болки после менструација, но кога веке ти завршила менстр. би требало се да е во ред
Не,немам болки,само ми се цврсти,а за бременост не сакам да се сомневам бидејќи немав ризичен однос и плус ми помина менструацијата. Се надевам дека се ќе биде во ред.Ти благодарам на одговорот....
^^Хормони... варираат од многу причини... и секако дека и градите ќе ти реагираат соодветно. Ништо страшно, уживај
Ана,разговарав со професорката по биологија и ми го кажа истото.Ама таква сум паничар,не можам да не мислам... А дека сме сложени,сме,и тоа како,не за бадијала велат кога ќе се роди девојче и хиените плачат.