Па се открива тоа кај матичен те прашува кој што како. Тоа е нормална работа. Проблемот е полицистични јајници.
а може ли да отидам со мајка ми и да му го кажам проблемо,но ако ме праша дали сум имала односи да кажам не и нема да ме погледнува долу ?
Девојки веќе два дена ми доцни а никогаш не ми е доцнело секој пат ми доаѓа на означената дата(28ден).. Паа почна да ме фаќа малку паника!! Деновиве сум и малку под стрес поради учење па незнам дали тоа можеби влијае ама како што кажав до сега никогаш ми нема каснето (освен кога бев на операција). Дали можеби игра улога овулацијата!? Инаку не пијам никакви апчиња ниту за контрацепција!!
Ќе мора да те гледа доле ако имаш инфекција и поткожно влакно, тој мора да води евиденција за твоето интимно здравје.
@stefyle ти доцни поради стресот поради обврските и поради промената на клима неспецифична за ова доба од годината.Овулацијата тука не игра улога.Опушти се,не мисли на тоа и за некој ден ќе ти дојде.
Пак јас.. Некако необични работи ми се случуваат оваа недела што претходно не ми се случиле. Прво прокрварев 10тина дена откако ми заврши менструацијата, мислев дека може порано сум добила но беше само тогаш, едно прокрварување и толку. После некој ден ја притиснав брадавицата и се појави многу мала капка...ова до сега не ми случило, може не сум приметила порано, не знам, ама ме исплаши! Некој идеа што може да е , му се има случено?
Имав читано дека ако голтнеш сперма останувала во телото и полесно можело да се остане бремена .. Точно ли е? Колку време останува во телото (доколку е точно) ?
Sto nema da procitam na ovaa tema,pa dali stvarno postojat tolku needucirani luge vo 21vek,prosto da ne ti se veruva
Шубе ми е штo пишувaм нa темaвa без искуствo и сo 15 гoдини, aмa пo биoлoгијa вo 9тo (пoрaнo 8мo) се учи декa спермaтa не мoже дa преживее нa висoкa темперaтурa (зaтoa и тестисите не се внaтре вo телoтo). И сигурнo кoгa ќе гoлтнеш, тoa штo гo гoлтaш не ти oди у мaткa зa дa oплoди јaјце клеткa. Секoј знaе кaде се вaри хрaнaтa.
Da se cudis sekoj si znae kako se ostanuva bremena bre devojki samo vo vaginata,ako te napolni vnatre ...
Еве на почетокот на овој документарец се објаснува се во врска со зачнувањето. http://www.filmovita.com/dokumentarni-film-cudo-rodenja/
Тој муабет е глупаво и тотално примитивно народно верување, односно совет кој им се дава на жените кои имаат проблеми со забременување-демек ако голташ, организмот ќе се навикне на составот на спермата и нема да ја отфрла (антитела и вируси работава) па ќе забремениш полесно Бабини деветини кои врска немаат со реалноста, ок?
Добар ден, би сакала да ве прашам нешто но темава е малце оф топик и стварно не знам каде да го поставам ова прашање. Сестра ми е трудна и сега кај и да е треба да се породи и сега имам слушнато дека она кога ќе се породи јас не треба да иимам односи, е сега не знам дали 40 дена не треба да имам или само првите неколку дена? Сакам да дознаам повеќе за ова бидејќи нејќам внук ми да има последици. Може ли некој што е запознаен со ова да ми каже повеќе... Ви благодарам