Девојки паничам, (а морам да чекам до понеделник да закажам на гинеколог бидејќи викенд сме и не работи), па доколку може да ми помогнете некако ако некоја имала ваков проблем. Вчера со дечко ми имавме однос, прилично бевме груби и он користеше прсти. Кога го правеше тоа започнав да крварам обилно, потоа прекина, и сега крварам од време на време но не обилно туку така по малку и бојата е потемна црвено-розева. Кога се случи тоа не почувствував никакви болки (и се уште немам никакви болки) и случајно видовме дека уствари јас крварам. Менструацијата ми заврши пред 3 дена, но овој пат циклусот ми траеше помалку (околу 4 дена) и немав обилна менструација. Додека да дојде понеделник, ме фаќа паника и страв и не знам што да правам и од што би можело да биде, само си правам претпоставки во глава. Дали има некаква поврзаност со менструацијата, дали можеби станува збор за некој вид на раничка не знам колку е опасно и што да правам додека да отидам на гинеколог. Што би можело да биде??
I mene posle po grub odnos mi se slucilo da krvaram,ama za sekoja sigurnost odi si na ginekolog i ne se panici
Сакам да прашам нешто во врска со вагиналниот исцедок Во последно време многу ме чеша долу и ме пецка при мокрење,вагиналниот исцедок ми е зачестен со бела боја и непријатен мирис. Порано ми се има случено ова додека бев бремена, но тогаш немав чешање и пецкање. Гинекологот ни кажа дека е инфекција и си ја имаме пренесено еден на друг и ми препиша вагиналетки, а на сопругот таблети потоа престана и од време на време пак се појавуваше но, во намалена количина и беше нормален без мирис и бела накај процирна боја. Сега сакам да знам дали се работи за некоја инфекција, бактерија и дали е потребно да се оди на гинеколог или може да се примат лекарства и на природна база ?
Најверојатно тоа ти е габична инфекција - кандида, меѓутоа тоа најдобро ќе ти го утврди гиниколог. Во овој случај под лекарства на природна база ќе ти ги спомнам вагиналетките Acidosalus, затоа што се на база на лук и имаат многу лош мирис, но се беспрекорно ефикасни. Цената им е околу 800 ден. - 7 вагиналетки. Ако сакаш да постигнеш побрзи резултати внеси го пробиотскиот јогурт во твојата секојдневна искхрана, а исфрли ги благото, бидејќи колку помалку шеќери внесуваш во тебе, толку повеќе ја изгладнуваш бактеријата или габата и ја спречуваш да се размножува. Исто така можеш да се замиваш со чај од камилица наутро и навечер, не таков од филтер кеси туку на рефус или најдобро ако можеш да најдеш по пазарите домашно сушена камилица. Исто така и чајот од брусница помага за таа цел. Една шолја дневно ќе ти биде од голема корист.
Да, и најдобро е да се посоветуваш со гиниколог. Може да е сериозна работата. Секоја диета е шок и стрес за организмот, и кај сите си остава некои последици ... без исклучоци.
Девојки ако знаете, дали апчињата "примолутнор" може да ја забрзаат менструацијата да дојде порано него што се очекува (пример по желба да се добие на 16-ти а нормално треба на 20-ти) или се само за одложување? Прашувам за девојка ми зошто имаме планирано патување месецов
мислам дека може ... само ако сакате баш на 16ти уште од утре треба да почне да ги пие,, наредните 10 дена
Ок фала ти, нема врска 16т-ти онака за пример го земав, ама мислам дека немора баш 10 дена да ги пие или грешка сум?
па мене доктор ми имаше речено 10 дена на 12те саата од коа ке ги прекине во рок од 2-3 дена треба да добие
Добро, значи најважно е што може да се планира и да се добие порано а тоа нас не интересираше.. Tnx Sesil
Здраво на сите имав односи со дечко ми пред 2 часа и сврши во мене.. Но пола истече надвор, дури и повеќе Па сакав да прашам дали е тоа нормално.. !?
Осеќам чешање на интимните делови, знам дека е инфекција па да ми препорачате нешто за намалување на чешањето а да не се вагиналетки? Инаку се измивам со сода бикарбона. На гинеколог дури после 10 тина дена треба да одам.
,,Протокот на мензисот обично служи како показател дека жената не е бремена. (Но сепак ова не може да се смета за сигурност, бидејќи постојат многубројни фактори, кои што можат да предизвикаат крварење за време на бременост. '' Може ова некој да ми го објасни? Дали тука спаѓа и редовниот циклус?