Побарав низ форумов, можеби не доволно детално, ама сепак не најдов ништо. Имам прашање во врска со вагиналните прстени како метод на контрацепција, дали има некој искуство, на англиски најдов доста за Nuvaring, ама ме интересира на ниво на Македонија, дали ги има, колку пари се, дали гениколог ги мести и слично. Според мене тоа го најдов како најсоодветно, ако имате и други совети за контрацепција слободно посоветувајте. Tip- -Кондомите се надвор од предвид поради оправдани причини (да не навлегувам) -Контрацептивни пилули се исто out посоветувано од лекар (општ лекар, не гениколог, ама сепак го вреднувам мислењето) -Спирала мислам дека неможе пошто немам раѓано Доста фрустрирачки ми е проблемов, се надевам никоја од вас има искуство што ќе може да го сподели
Здрaвo. Имaм еднo прaшaње и се нaдевaм декa ќе мoжете дa ми oдгoвoрите. Првиoт сексуaлен oднoс гo имaв пред 3 месеци и oд тoгaш сo дечкo ми имaвме уште 3 пaти(пoдoбрo кaжaнo секoј месец пo еднaш ). Нo имaм еден мaл прoблем. Зa време нa oднoсите чувствувaм бoлкa нo не мнoгу голема. Зaтoa сaкaм дa прaшaм,дaли е тoa нoрмaлнo (спoред мене мислaм декa е нo ми е пoтребнa вашата пoтврдa). П.С. Дечкo ми е дoстa надарен
Ако ти е прв и си имала само 3 пати секс во 3 месеци, нормални се. Кај секој е различно. Мене првиот пат ми се слоши од болка и имав премногу крв, а имам другарки што ич не ги болело. Али на пример ако те боли и после 10 пати, тогаш мислам не е баш.
Девојки имам проблем... Немам добиено веке 2 месеци. Истиот проблем го имав пред нова година, бев на гинеколог ми земаа брисови ова она, ништо посебно инфекција некоа, маст мачкав, таблетка ми дадоа за прочистување,намалување на бело прање заш многу имав. Добив после некоја недела.. и еве сега пак немам добиено. Односи не сум имала подолго време можда пола година. и само си чекав ај утре ке дојде др ден ке дојде...следен месец можда ке добијам и се така минаа 2 месеци. Закажав на гинеколог за 1 недела заш не сум си дома и срав ми е незнам што се дешава со мене
Не верувам дека е нешто страшно уживај, секоја девојка или жена си има понекогаш такви проблеми но верувам дека ке се среди брзо.
Девојки на мака сум... имам редовна менструација, не ми доаѓа точно на датумот но сепак секој месец. Е сега откако ќе ми заврши по 2,3 дена повторно ми тече крв, кога чиста кога со секрет, кога по обилно кога не, па ќе запре, па по 4,5 дена пак така,па ќе запре па пак и се така веќе 2,3 месеца. На најлошото несакам да помислам иако на гугл само кон тоа ме упатува.. Имам 20 години една год. сум сексуално активна, секогаш сме со заштита со партнерот. Дали би можело да е нешто сериозно А гинеколог немам воопшто посетено но веќе мислам дека несмеам да одолговлекувам.
Како прво никогаш ама баш никогаш не пребарувај за симптоми на гугл. Може да те наведе на погрешна дијагноза и да си направиш филмови, а притоа да нема никаква врска. Би те посоветувала да посетиш гиниколог бидејќи си и сексуално активна. Направи си преглед, ќе ти земат брс ќе си опишеш симптомите и ќе знаеш што и како. Така е најдобро според мене никој не може да ти каже вака што може да биде.
Досега занемарувавме ама девојка ми стално има некоја болка при вагинален однос во doggy style, едноставно кога ќе почнеме во таа поза се сецка и вика дека осеќа болка и непријатно и е, што ми е многу чудно со оглед на тоа дека у сите други пози се си е во ред. Има ли од вас некоја одговор што би можело ова да биде зошто веќе сме доста загрижени...
Девојки, да ве прашам дали е можно 20 год. девојка да има рак на матка или јајници а притоа да имала само еден партнер, да не пуши,пие и слични фактори кои влијаат.
Не е тоа Ива, баш полека почнуваме во таа поза ама ете секогаш истото се случува некоја болка осеќа и стварно ми е многу чудно, во секоја друга поза се е ок...
Нема врска тоа што не пиела, пушела и сл. Тоа се само ризик фактори, а настанувањето на ракот зависи од многу фактори (надворешни, внатрешни, генетски и случајни). За некоја другарка прашуваш? Немој да претпоставувате, туку нека иде нека се прегледа девојчето. Ќе ја ѕирнат на ехо, ќе и направат тумор маркери ако е потребно.. може и циста да е или некое воспаление, најдобро е да се прегледа и тоа итно. Не и збори дека можеби има рак или такви ствари да не ја уплашиш, пошо и најверојатно нема. Ама сепак мотивирај ја да иде да се прегледа и држи ја одговорна дали отишла, прашај ја кога точно ќе оди и сл. Позз
Да не ја маваш у ректум? Мажи што имаат нагорно закривување на алатот, при доги ја бодат девојката у ректум и тоа знае да ја боли. У тој случај добро е да се намести мажот погоре за да се смени аголот на пенетрирање или пак смени на мисионерска. Во вакви случаи во мисионерска поза директно се стимулира Г точката.