Јас овој месец го забележав тоа ама не знаев што е, значи било овулација, да не се секирам , кај и да е ќе ми дојде... Ама па не ме болат градите, обично неколку дена пред да добијам ми се отечени. Ајде нека доаѓаааа
И мене ми се случува ова за време на овулација првпат кога видов се уплашив ...сега баш пред некој ден истово ми се деси како Скарлет..ја мислам дека е од малку подив секс..па затоа се прокрвавува барем кај мене е така е сега не знам за други...
Абе битно да не сме трудни сега за сега, иначе и јас неверувам дека е нешто лошо!....Ајде за сексот се проаѓа низ се хехе!
Decki dali e normalno, za prv pat imav so decko mi odnosi i mnogu me bolea jajnicite, skoro edna nedela pa i povekje?
да да имам слушнато дека е нормално тоа ... немој да се секираш... а пак јас треба да се секирам првиот однос пред скоро 2 недели и ми касни а тогаш теребаше да ми дојди и направив тест негативен ... но каде е менстурацијата ептен сум загрижена се кандисувам за на гениколог ... но ајде наредна недела кога ќе си појдам во мојот град ахх тешко ми е
Ако тестот е негативен и ако односот бил заштитен .. немаш ни ти причина за страв. Само си правиш стресови уште од сега ... а тек понатака ... смири се може ти касни и од нервоза зашто тоа ти е во глава 24 саати.
да да тестот негативен... односот беше без кондом но надвор сврши и тој сигурен е дека немаме направено грешка... јас веќе и неколку пати заборавам на тоа зашто тестот беше негативен и си викам ќе дојде ќе дојде но ја нема не знам што е проблемот ... повторно деновиве мислам да направам тест ...веќе не знам што да правам а не сум во мојот град ... на факултет сум ќепобудалам
не се потресувај толку ... ке ти касни па си имала прв однос ... ке дојде ... Возрасна си и не си прави толку нервози ... плус ако е сигурен дека нема грешка значи нема ... смири се и олабави се ... направи уште еден тест ке видиш каков резултат ке излезе а тоа е негативен ... не одма да мислиш на се и сешто... понатака после секој однос ако си ваква јаооо тешко тебе ке биде .. а и тешко него богами ... Чим свршил надовр - не бери гајле
Unknown душо не се стресувај без врска. Ако сакаш да убрзаш процес да ти дојде побрзо, оди на некоја журка и мани неколку чаши повеке. Кај мене работи така, алкохолот ја забрзува циркулацијата, па утредента скоро секогаш имам добиено ако сум околу тие денови.
Девојки требаше да добијам пред 2 дена,си ги имав сите симптоми на менструација,имав менструални болки,но не добив. Градите до денес многу ме болеа,сега нема ништо. Имав заштитен однос,сврши во мене.Го проверивме кондомот беше здрав.Е сега сум во дилема бидејќи кога бев на преглед пред 2 недели ми кажаа дека имам циста на десниот јајник,дали е можно од тоа да ми касни?Покрај симптомиве што ги имав целата сум како изгубена.Не знам што да мислам.
Aquafortune најубаво би било да си земеш тест и да си провериш да не му мислиш ( мада не верувам дека си трудна ) А од циста нормално е дека може да ти касни
И јас мислам дека не сум,ама паметот не ми излегува од таму! Ќе направам тест и ќе одам на гинеколог. Се молам само да покаже една црта.
Jас 5 и пол години имам незаштитен однос...па досега не останав трудна Кога треба да биде ќе си биде! Не мисли толку, може и од стрес да ти касни Иди си на гинеколог или тест ( не се мисли, не е страшно )
Девојки па не се останува така лесно бремена. Зошто воопшто се сомневате дека сте бремени кога користите заштита? Што да кажат тогаш сите оние кои со години практикуваат незаштитен сексуален однос? Не треба воопшто да се преотоварувате кога сте сигурни дека сте користеле заштита(освен ако кондомот не пукнал, ама agua тоа не е случај кај тебе). Сигурно тоа што ти касни е последица на цистата или си настината, под стрес...Опушти се и не се грижи дека си бремена
За бремена, не си 100% смири си ја душичката. Инаку, јас пред да добијам нормално имам симптоми за добивање, градите ме болат, јадам, нервозна сум, имам болки... и после тоа ми прекуваат симптомите, и добивам тек по неколку дена. Така да ќе добиеш не се секирај.