Здраво девојки јас имам едно прашање и се извинувам што ке бидам долга во постот.Значи вака во брак сум 4 год и имам мал проблем со сексот.просто речено сум некако сеуште неопуштена и незнам како да го средам тоа.Додека мажот ми е заинтересиран за се и сешто,он е да проба се и свашта.Не дека не пробуваме и други пози ама јас ги правам онака стегнато.Некако со срам со чувство дека незнам и неможам.Можеби на тоа влијае и тоа што јас првиот пат го имав на 20 год и тоа баш со него.Значи јас никогаш не иницирам за секс,не викам и сл во кревет,а баш имам фантазија ама никако да ја претворам во реалнот.Па баш сакам тоа да го сменам да станам по сигурна и по интересна во кревет,затоа што се ставам во кожата на машко и знам како е иако на него то не му смета мене ми смета.Навистина се плашам некако и сексот се помалку го има.Секогаш замислувам како ме изневерув со друга само ради тоа мада он не е таков не му е баш сексот на прво место но еден ден ке му дојде преку глава ,се чуствувам глупво и просто ве молам совет??? Поздрав девојки
Според мене, искуство во сексот се стекнува најмногу со една особа со која што си подолго време од причина што тогаш си поопуштена,знаеш многу добро што сака и како сака и дури и да се осетиш непријатно во некои ситуации додека сте интимни, не треба да те загрижува тоа,зошто секогаш ќе имаш можност да го пробаш истото пак и пак се додека не го,, усовршиш,, Јас,со мојот сегашен веќе сопруг,првата година бев како тебе,дури ни оргазам неможев да доживеам од што бев стегната и со милион мисли низ глава, а сваќам сега дека сум немала никаква причина за тоа,крај краева сопруг ти е,ако не со него со кого друг?! Ем ти ќе уживаш,ем тој ќе биде позадоволен и среќен,ќе видиш и самата. За сите тие фантазии што ги имаш,ако си толку повлечена како што викаш,немораш претходно низ муабет да ги искажеш,едноставно пуштете музиче,пригушете светло,некоја чашка алкохол и секси долна облека и те како ќе ти ја кренат самодовербата и фаќај се за работа и за остварување на се она што ти се мота во глава, спонтано, ќе бидеш пријатно изненадена од негова страна, верувај дека во никој случај нема да остане рамнодушен и ќе ти возврати! Сексот можеби не е пресудна работа,но е и те како значајна особено во брак, не дозволувај монотонијата да ви ги убие страстите и желбата за интимност,што би ти останало од бракот?
Ти благодарам на прекрасниот одговор во право си и баш од тоа се плашам ке ми остани бракот ни угоре ни удоли а не го сакам тоа.Ти благодарам
Дечки вака е работата. Бифшата орално ме задоволи за последен пат во септември. Сега сум во врска со друга девојка. Исто и оваа девојка ме задоволи орално пред 2 недели. Работата е што не користев кондом за време на актот и не сум свршил во ниедна од нив, а ниту имале некој здраствен проблем, значи се чисти. Се плашам еве недела дена затоа што ми се појави на органот поточно ма главата на пенисот некоја инфекција. Незнам на што попрво да помислам. Цело време мислам дека имам хив или нешто незнам ни што да мислам веќе. Ме пече на стартот на уринирање. Помогнете
NA forum nikoj ne moze da pogodi sto e problemot moze da e kandida , moze da e urinarna infekcija. Imas urolog , zakazi si pregled i ke si bides miren posle toa.
Здраво.. Кога имаме секс со дечкоми многу брзо свршува. Исто и со паузи на секоја минута пауза. И да сврши пак после тоа брзо свршува а многу ретко се случива да неможи да сврши подолго време. Кога пробуваме со кондом неможел ништо не чуствувал и брзо му спаѓа.. Сакаме да пробаме со кондом и кога ке му дојде во него да сврши и да продолжиме без да го вади итн. Ваше мислење?
Го палеш бе Мизи Мажите брзо свршуваат од преголема возбуда..колку и да се контролираат. Во друг случај можеби од неискуство , прва девојка , ова, она...Хормони раду, али мислам дека е првиот т.е се надевам Со кондом обично и не чувстуваат ништо сепак друго е..а, дури го става кондомот итн.. можат мислите да му залуаат..некогаш се случува и од возбуда да паѓа..
Како да се поправи? Вика пробувам да мислам на друго но пак е исто иди хахаха... Незнам што да правам
здраво, вака имав не заштитен полов однос, по неколку дена(на денот на овулација според апликацијава во телефон) имав крварење и траеше еден ден и океј, си добив на време. Сега повтпрно во денот на овулација имав крв но не престана веке 4 дена имам, не е обилно како менструација ама не е ни малце. И прв пат ми се сличува вакво нешто претходно сум немала крварења во овулација..хелп?
@Згодно Момче ти обично си колекционер на смешни, чудни, а воедно глупави постови па не знам како го пропушти еден поназад Појди една страна назад и читај го постот на Tera83. Го фатила мажот како се самозадоволува, и тој почнал да плаче. Па оваа проверила на историја во лаптопт и видела дека порничи мажот пребарувал..... Ни две, ни три и се јавила на мајка му негова за да и каже дека синот др*ал на порничи ... Мајката рекла дека тоа е во ред..... Па снаата (оваа членката) ги седнала заедно мажот и свекрвата и им пуштила порничи да гледаат Сите заедно плачеле и заминале на психолог.
WOWW!!! Ова шала е нели? Ако не е тогаш е вистинско сценарио за филм Не можам да поверувам што прочитав
Па се надевам дека е трол... Ете види една страна назад и прочитај сама Ако е вистина, тогаш СТРАШНО!!
Може и не е некој огромен проблем , но секое мислење би ми било добредојдено. Со дечко ми сме околу 3 год заедно функционираме добро во секој поглед, имаме односи во зависност од условите ,можностите и обврските секако и двајцата имаме по 21 година . е сега тоа што ме мачи е дека за дечко ми сексот и не е некој приоритет односно може да праиме милион други работи да ни биде убаво и не би му било проблем и само да сме на гушкање и имам помислено да не има друга .. ама го имаме праено муабетот и знам дека нема и дека е искрен , не сум помислила дека не сум му привлечна бидејќи си кажуваме комплименти и секогаш сме тежнееле да си ги исполниме желбите и да пробаме нешто ново и тој мене и јас него сме си први партнери па заедно си го стекнавме искуството и се научивме што како во тој поглед. Друго што ме мачи е што никогаш нема свршено за време на односот него отпосле и го правевме муабетот да не му е страв да не напраиме беља или да не не е доволно опуштен Спојлер користиме кондоми, но се има случено некогаш и без ама кратко не е ни тоа.. Сме разговарале на оваа тема се гледа дека му е убаво се труди да ми удоволи пред се мене да ми е убаво но ете јас очигледно преувеличувам .. Да не бидам сфатена погрешна ни мене не ми е главен приоритет сексот и јас уживам во сите останати работи и додека имаме односи секако, и мислам дека имам погрешна слика за тоа дека машкото мора да биде sex addict Како што кажав секакво мислење е добродојдено пс извините за долгиот пост малце го отупев...
Само не паничи. Направи си тестови, дури и хив тест, зошто да не... Провери се и крај. И, секако, нека ти биде ова само лекција =).
Не прави проблем таму кадешто и нема. Сама си кажа преувеличуваш , сепак во една врска не е само сексот , за се треба баланс. Јас лично не гледам нешто страшно што отпосле свршува (можеби така и му е поубаво , ти си го знаеш) битно е двајцата да сте задоволни , така да олабави од црни мисли ништо добро не носат.
Sosema normalna i prirodna pojava , dokolku nema cuden miris i boja nema za sto da se plasis . Kolku sto pamtam mene prv pat mi se pojavi eden period pred prviot ciklus.
Здраво девојки си имав не заштитен секс, а овој и претходниот месец ми дојде една недела предвреме и да напоменам дека пред 5 месеци земав апце за контрацепција дали има место за грижа што ми доаѓа порано и дали некој знае зошто е тоа така?
Штом ти дошла менструацијата,тогаш не си бремена,немаш место за паника.Апчињата за утро потоа можат да ја пореметата менструацијата,но штом си го пиела пред пет месеци,тогаш овие последни два месеци не ти доаѓа менструацијата една недела порано поради апчето.Секако,мислам дека си запознаена дека не треба да го пиеш тоа апче повеќе од два пати годишно со растојание од шест месеци помеѓу двете дози.Менструацијата може некогаш да дојде дури и до десет дена порано или десет дена подоцна поради стрес,промена на клима и употреба на антибиотици,контрацептивни пилули или,пак,лекови против болка,а и самата нервоза дали ќе дојде некогаш предизвикува да не може да дојде менструацијата.Ретки се тие женски кај коишто редовно секој месец на ист датум како швајцарски часовник доаѓа менструацијата,така што,во твојот случај јас мислам дека немаш причина ништо за да се грижиш.