Mi treba pomos pred eden mesec so deckomi imavme odnosi,prv pat mi bese so zastita i ne svrsi vo mene.Mi kasni menstruacija nekolku dena dali moze da ima nesto?
Точно е, и мене ми доцнеше по првиот однос. Штом било со заштита, и не свршил во тебе, НЕ си бремена.
Здарво девојки ве молам за совет. Епа вака скоро секогаш имам редовна менструација (се случувало 1-2дена пред или по дата да ми дојди). Сексуално не бев активна повеке од 2години па пред еден месец имав односи неколку дена пред да ми дојди. Ми каснеше 2дена и кога добив тоа всушност не ни беше крв некоја темно кафеава течност првиот ден,вториот ден малку по обилно и третиот ден исто малку, и тоа беше се (обично менструацијата ми трае 5-6дена). По 10тинна дена имав потворно односи (овај пат користевме кондом,но се скина) не бевме сигурни дали има завршено нешто во мене па испив апче Норлево (за ден потоа). По ден или два почна да добивам некаков си кавеав исцедок (личи на бело прање само што е во многу темна кафеава боја и густо,на неколку дена имам по 1капка крв).Направив тест за бременост (Self clear)беше негативен (но не му верувам многу,а и не бесе со првата утринска мокрача). Градите ми се чуствителни отечени и ме болат на неколку дена добивам силни болки во стомакот (како ментртруални) но ништо од менструација само си продолжува да ми течи тој кафеав исцедок, а обично стомакот ме боли од како ке ми дојди, ова се накако како лажни менструални болки...Наредна менструација треба да добијам на 14ти Март. Знам дека норлево се хормонски апчиња, знаам дека можи да искрварам од норлевото (што е нормално) и дека можи да ми ја пореметат менструацијата, исто имам и лошење. Но незнам што е причината за овај кафеав исцедок..Преплашена сум немам одено на гинеколог, дури наредната недела имам шанси да одам но до тогаш ќе полудам. Ми рекоја дека истите симптоми можи да ги имам и за бременост.. Би мислела само дека се работи за пореметување од норлевото, но и предходниот месец не добив нормална менструација. Ве молам за некаков совет?! П.С. извинете за долгиот пост но сакав се убаво да објаснам ве молам за помош!
Ако може некој да ми каже дали се наплака пап тест кај матичен гинеголог и колку пари е бидејки имам слушнато дека е бесплатен еднаш годишно?
Може да е од Норлевото нуспојава, но за да не се мислиш(мое мислење-нема шанси да си трудна) појди на гинеколог, може е некое воспаление, инфекција од нешто. Прашував и јас за таква неспецифична менструација ми кажа гинекологот дека се дешава некогаш и не е ништо страшно, но гледам ти трае исцедокот, најубаво што побрзо на гинеколог. И пиши што си направила, да не те мислиме
Ти кажав, ако НЕ свршил во тебе а и плус кондом, не си бремена. Колку повеќе си под стрес толку повеќе ќе ти доцни. Мене по првиот однос ми доцнеше 1 месец.
Опушти се, не си бремена. Продолжете да употребувате заштита и се' ќе биде во ред! И мене ми се изремети малку циклусот после првиот пат, но ќе добиеш и ќе ти се изрегулира. Значи chill повеќе.
Денес бев на гинеколог. Не сум бремена и докторот мисли дека е од норлевото ми зеде брис па ќе ги чекаме резултатите за 2недели од прилика. Ми рече дека се е во ред..сум имала некои плодни јајце клетки ни јас не го разбрав убаво за нив што ми кажа. А инаку пред 3дена престана да ми течи тоа кафеавото. Се надевам и тие резултати ќе бидат во ред и да не му ја мислам повеќе.
Сум имала кафеав исцедок но овој пат веке втор ден ми тече откако ми заврши менс. и ме имтересира дали има место за паника или што е барам помош ..?
Тоа е затоа што се чисти матката,некогаш трае ден,два,некогаш дури три дена по завршувањето на менструацијата,а некогаш се јавува дури и непосредно пред да почне менструацијата.Нормално е тоа,нема место за паника.