Имам нередовна менструација, веќе една недела имам болки во стомакот и денес ми се појавј некоја кафена густа течност. Од што може да е?
Јас мислам дека таа густа кафеава течност значи дека набргу ќе добиеш менструација бидејќи таа се јавува на почетокот или,пак,на крајот на менструацијата поради чистењето на матката.А,доцнењето на менструацијата може да биде поради стрес,промена на клима или поради употреба на некои антибиотици и други лекови.Сепак,за да бидеш на сигурно најдобро посети гинеколог за да види за што точно се работи кај тебе.
вечерва после односот на дечко ми му потече малку кожичката што го покрива главчето, имавме однос денес после 5 дена пауза. мене неколку дена уназад ме печеше и чешаше и последниве два дена се мијам со камилица чај и ми е смирено. се плашам да не префати од мене нешто (ако не дај боже има) а на гинеколог имам закажано во вторник. ви се случило ли нешто вакво? не знам што да мислам ова ни се случува прв пат а веќе неколку месеци сме сексуално активни ....
Дечки мене ми касни точно две недели и вчера бев на гинеколог и ми потврдија дека е од стрес ... имав стресови месецов... Ми ги дадоа Примолут Нор и ќе ги почнам од денес. Вчера имавме однос и кога забележавме крв прекинавме веднаш. Мислевме дека сум добила, но не е тоа. Ви се има случено да прокрварите за време на однос? Од што може да биде?
Здраво, правев вагинален брис и имам streptococcus agalactiae. Има ли некој искуство со ова? Гинекологот ми даде да пијам антибиотик амоксицилин. Од што се добива оваа инфекција, дали е сексуално пренослива (со оглед на тоа што и партнерот треба да ги пие)? Дали е можно од неа да имам болки при однос? Фала
Здраво, со партнерот имавме односи за време на менстуација и тој сврши во мене. Дали постои шанса да забременам?
И вчера неколкупати го постави прашањево, и доби одговор: да, постои. Мензисот, плодни/неплодни денови, ништо од тоа не е 100% „заштита“. При незаштитени односи, кога партнерот ќе сврши во тебе, секогаш има шанса да забремениш.
Женички можеби звучи глупаво ама да си прашам. Не сум сексуално активна но сакам да сум поинформирана во врска со сексот. Прашањето ми е како ќе го спречиш мажот да сврши во тебе? Како ќе знаеш кога е времето?Некои велат не го оставив да сврши во мене. Стварно не ми е јасно. Мене ми изгледа дека тој ја има сета моќ (намерно или ненамерно) доколку имате незаштитен секс. Поздрав
Да побарам совет во име на моја блиска роднина, (не правам мајтап од типот за другарка прашувам а уствари е за мене ) - немам дечко, камо среќа да имав ич не ми е срам ќе прашував и колку да е срамно Се мислев дали овде да го пишам или во љубовни совети, ако не сум за тука пренсочете ме во другото „одделение“ Значи се гледаат со дечково баги време, мислам дека година отприлика.. Не се во некоја официјална врска, онака само за кеиф, ама дечково нон стоп некако де го има де го нема, топло-ладно врската цело време.. И сега иди ми кажува девојчето, тој уствари избегнувал да биде често со неа бидејки имал проблем со машкоста, т.е. никако не се палел, и му требало време да се запали.. Да напоменам немаат односи туку само онака. Јас и викам дека изгледа не му се допаѓа ама тој и рекол напротив ја привлекува многу ама демек со сите имал таков проблем.. Бидејки не сум доволно компетентна да најдам логично објаснување на овај проблем затоа решив да побарам помош тука па да и ја разрешам дилемата на девојката.. Можно е ваква работа? Во што е проблемот?
Имам забележано дека ако имаш некаков проблем запиши го некаде па потоа прочитај го, па ќе видиш дека самиот одговор се содржи во прашањето. Оттука според пишаното ако со сите имал таков проблем значи човекот си има таков проблем. Ако не и смета нека продолжи ако сака да има секс нека бара друг. Мислам мене ако ме најдовте хехехе
Да, прашањето ми беше што можи да е тоа, некоја болест нешто не разбирам? Дечкото никаде не ја допирал не сакал ни да ја пипне,само лапање значи
Вака јас мислам: Една можност е девојчето да не го пали, арно ама другите ваљда биле згодни...Мене ми доаѓа мисла дека или е геј па се крие одејќи со девојки или му е мал па се срами или се плаши од болести и несакана бременост. Колку години имаат двајцата?
Двата имаат 22. И јас помислив на некои од тие работи и и ги спомнав, ама ми рече дека бил многу страствен.. Е сега од една страна бил страствен од друга не се палел лесно Јас и реков да го батали пошто дечково не е во ред ама па запна да дознае што е работата.. Јас немам толку искуство да проценам ама па и не сум до толку лаик за сево ова да не ми изгледа како да има друга позадина
Девојки дали некоја од вас има користено вагиналетки NEOPENOTRAN FORTE ?Дали успеавте со овие вагиналетки да се изборите од инфекција.