Немa никaкви шaнси. Бременoст мoже дa нaстaне сaмo aкo сврши ВO тебе. Дури и нa вaгинaтa дa сврши немa мoжнoст зa бременoст. Се нaдевaм ти oлеснa
Дечки последнава недела ипол многу бело "прање" имам и многу чуден и јак мирис има премногу дурии некој совет што да се мачкам или да пијам нешто? Ова ми се деси после последниот однос
Секако мора да излезе, не се секирај. Само ставај ги подлабоко и по можност пред спиење за да се растопат убаво и да имаат ефект. Ставај и почесто менувај дневни улошки.
Здраво , имам едно прашање. Ми се има случено при сексуален однос да бидам малку повредена, односно надворешниот дел на вагиналниот отвор е како малку исечен. Имам ставано бебешка крема за заздравување меѓутоа тој дел ќе заздрави,но не целосно.Дали му се има случено ова некому и што има сторено во тој случај?
Добив менструација пред еден ден, и нормална ми беше.. Но денес кога отидов во тоалет забележав како парче, (незнам како да објаснам).. едно парче поголемо од ноктот, како згуснато крв, незнам дали е нормално Досега ми се нема десенно така за време на менструацијата.. Да не е нешто сериозно Исто така сакав да прашам, во последно време немам апетит, а кога земам да јадам нешто имам нагон за повраќање, како организмот да не ја прима храната.. Знам дека гадењето и нагонот за повраќаее е симптом на бременост, но секој месец на време добивам.. Има ли потреба за загриженост...
Најнормално е да имаш такви парчиња. Другите симптоми што ги опиша не се само за бременост, можеби таков период те фатило. Ако немаш незаштитени односи нема причина за вознемиреност.
Секогаш имам заштитен однос.. Но поради симптомите ме фаќа паника.. А сакав да прашам може ли да ти доваѓа менс секогаш навреме, редовно, и покрај тоа да си бремена????
Таквата можност е многу, многу ретка. Пак ќе ти кажам за симптомите, такви симптоми се јавуваат и во пмс. И самата кажа дека имаш секогаш заштитени односи, нема причина за паника и дополнителен стрес.
Здраво девојки Нова сум на форумов, но редовно ве читам. Доколку може некоја да ми помогне ќе бидам многу благодарна. Вака, со дечко ми идеме подолго време но пред 2 месеца прв пат имавме "секс". Многу болеше и немав крв, така што мислев дека не сум ни скината. Денес, втор пат имавме секс (ваљда) со тоа што пак многу ме болеше, и немаше повторно крв. Сеуште не сум сигурна дали сум скината..Исто така, сакам да одам на гинеколог да се проверам највеќе поради болките а и поради тоа што редно е да отидам. Но, незгодно ми е да зборам со моите за ова па ако може некоја да препорача некој гинеколог макар и приватно да е. Се надевам ќе ми помогнете. Фала многу и пријатна ноќ
Не мора секогаш при прв сексуален однос да има крв, еве кај мене немаше ништо. Од каде си за да ти препорачаме гинеколог?
Здраво јас имам еден многу сериозен проблем.. Со девојка ми имаме односи веќе 3 месеци и цело време го имам проблемов. Првиот пат свршувам многу брзо. Значи кога го ставам по 10 секунди ми иде да свршам. Осеќам многу дразнење и како да не можам да го исконтролирам. Многу ми е криво и веќе почнавме да практикуваме првиот пат да свршам одма, па да продолжиме со втора партија. Втора партија можам да издржам многу повеќе, а трета и натаму без проблем можам да не свршам зошто не осеќам толку како првата.. Значи првиот пат кога имам јака ерекција, пенисот ми е многу осетлив и многу брзо ми доаѓа да свршам само да го пикнам е доволно... Исто многу ме буни што јас ако си го допирам немам проблем, а девојка ми кога ме допира истото се случува ми доаѓа да свршам брзо, не знам дали тоа е од возбуда или психички проблем.. Се мачам со ова долго време, не можам да откријам дали ебидејќи ми е многу осетлив пенисот се случува или се е до психата.. Исто имам пробано со кондомите max performa и ми помогнаа само еднаш, после тоа пак исто... Сакам да знам дали некој од вас го имал овој проблем ( знам дека сте повеќето жени на форумот ама претпоставувам има и машки )... Ако знаете некој начин да се излечи или барем да се пролонгира ова ве молам споделете го. Веќе почнува да ми биде срам иако девојка ми не се лути за тоа сепак јас се напнувам и сакам да можам од прва да издржам барем 10-15 минути... Знам дека многу луѓе имаат ваков проблем, некои свршуваат дури и пред да го внесат.. Некои пак не можат да свршат 2 часа.. не знам до што е но итно ми треба помош и совет..