Здраво на сите јас сум нова членка и сакам да прашам нешто.Вака со дечко ми веке сме во врска 2ипол години имаме редовен секс но од неговиот пенис му се појавува некаква бела течност исто како сперма се исплашивме и не ми беше јасно што е тоа.Моментално немаме секс зошто имам менстурација но би сакала да бидам сигурна и да знам што му се случува.Mи рече дека ке посети доктор но сакав да се надоврзам и тука ПА ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ АКО ЗНАЕТЕ ШТО Е ТОА?
^^ Задолжително посетете лекар и двајцата. Симптомите наликуваат на Гонореа. Кај мажите се јавува бел или жолтеникав исцедок од пенисот ( затоа и болеста се нарекува капавица ). Ако не се лекува навреме предизвикува стерилитет. Кај жените нема толку изразени симптоми, па затоа можеш долго да ја поседуваш, а да не си свесна за тоа. Затоа мора да се прегледате и двајцата. Сепак не сакам да те исплашам, се надевам дека не сум во право...
Ви благодарам но го прашав мојот дечко дали осека некакво пецкање чешање дали го печи мокрачата тој ми рече дека од тие симтоми не осејка ништо и не му се јавува такво нешто освен тоа што му потекува бело.Ние читавме и на интернет за тирпер гонореа што може да осејка но тој ги нема тие последици освен бело што му потекува а и не му тече често туку може да се случи во денот 1 до 2 пати.
Јас моментално ми е прв ден од менстурацијата и немам ни јас такви сиптоми не осејкам ништо да бидам искрена некогаш се случува да имам (бело прање) и тоа мислам дека го има секоја 2ра жена и пијам чај од камилица а до сега со кондом немаме пробено тоа што му се случува баш ме исплаши сепак ви благодарам за помошта и советите ако можам и некој друг одговор да добијам на додаденото што не го напишав пред тоа.
Дај Боже се да е во ред! Само додека не погледне лекар, ние можиме да си нагаѓаме и да се тешиме дека не е ништо стршно. Секое тело различно реагира на болеста. А колку повеќе се чека, толку ризикот е поголем. Не требало да чекате да ве фати викенд. За вакви болести потребно е навремено да се реагира.
здраво девојки јас сум нова на форумов со дечко ми сум веке 5 месеци, сеуште сум девица, но дечко ми се повеке ми споменува тема секс.. јас не сум доволно информирана а би сакала да се информирам можете ли да ми кажете неколку совети во врска со првиот секс, мислам дека додека не се информирам не сум спремна ај ве молам кажете нешто што треба да знам, од каде да видам... поздрав
Исто така неколку пати имавме односи од крајот на менстуралниот циклус 8от или 9от ден.Симптоми на осејкаме ни двајцата освен тоа што му потекува белo тој ми рече дека секако ке посети доктор но би сакала да знам што е всушност тоа кога не постојат такви симтоми за гонореа.Ви благодарам од напред
^^ Гонореата е предизвикана од бактерија. Се добива преку контакт со пенис, вагина, анус ( значи сексуален контакт ) или уста со инфицирано лице. Заболена мајка може да ја пренесе болеста на своето новороденче при породување. Симптомите се јавуваат 3-4 недели по ризичниот контакт и тоа најчесто кај машкиот пол. Болка при уринирање, бел, жолт или зеленикав исцедок од пенисот и потечени тестиси. Кај жените симптомите се поблаги или воопшто ги нема. Како и да е кај секое инфицирано лице, кое не прима третман, може да предизвика стерилитет. Се лекува со антибиотици, меѓутоа тие само ја стопираат инфекцијата, а неможат да ја поправат штетата која веќе настанала. Еве една слика од пенис кој е заболен од гонореа Спојлер
Тука на форумот имаш цел куп теми ... разгледај .. иако за првиот пат според мене не мора да бидеш спремна како да имаш напамет научена лекција ... Треба да си спремна психички и созреана и секако заштита ако користите не знам колку време си со дечко ти ... треба и ти да го сакаш тоа и да му веруваш ... јас воопшто не знаев многу работи за сексот пози и слично но за болести некои инфекции имав читано па само по себе ни дојде без воопшто и да се спремам вака како тебе од пред време и беше убаво....Ти размисли си па понатака ке си течат работите.
zdravo,,, jas sum nova na forumov,,,, i ke ve zamolam za pomos za tie sto se poveke educirani kolkavi se sansite da se prenese sexualno prenosliva infekcija samo so mal dopir na polovi organi,... bez polov odnos?? mi se sluci ova so bivsiot i me faka panikaa... ve molam za pomos i ako moze nekoj da mi preporaca dobar ginekolov! fala vi odnapred
Здраво, ме интересира дали може Пап тест да се направи на девојка која не е сексуално активна, или само на оние кои што веќе имале сексуални односи??? Ако знае некој нека пише
може ако е отворена рана не знам за каква инфекција станува збор затоа шансите ти се 50 50 а за гинеколог па од кај да знам од кај си па да ти препорачам некој и пишувај кирилица имаш инструкции за тоа позз и оди си на преглед за сигурно ти си млада жена што мора да се одржава
Здраво женски, и јас сум нова на форумов, гледам дека стварно се трудите да помогнете и многу ми е мило, и јас колку можам, доколку можам ќе помагам на останатите...имам едно прашање:Сум немала односи до сега, а каснам и тоа доста со процесов, како резултат од недостиг на подолги врски. Нејќам да звучам нарцисоидно ама неопходно е за да ви ја доловам ситуацијата, изглеам прилично добро(според други,не според мене-не сум некаков социопат Е како сите нормални нели доаѓаат периоди коа без разлика колку се трудиш да не мислиш на тоа, џабе е,е сеа периоди зачестија...Ми се свиѓа еден тип 2 год помал од мене и свесно знам дека нема изгледи од успешна врска меѓу мене и него, ама од друга страна неверојатно ми е сексуално привлечен...пред неколку месеци имавме нешто како мнооогу страствена предигра...и од тогаш многу често мислам на него и на тој момент.А после тоа никаква комуникација освен чат пат рандом глеање и кисче за здраво.Проблемот е што е помал и многу незрел и му збори устата двеста на саат. Прашањето до вас е дали да си го напраам ќефот и да ги сносам последиците од неговото јадење гомна наоколу или да чекам уште којзнае колку време за `правиот`.Знам дека заморно долг текст пишав, се надевам нема сите да ги мрзи да го прочитаат...Ете така добра ноќ, останете ми поздравени
Бхохо, немој да легнуваш со некој за кого мислиш дека би јадел гомна за тебе и кој не те цени... Си чекала до сега, почекај уште малку за тоа.. Тргнувајќи од мене подобро да бидам со некој па да се разочарам , отколку свесно да влетам во нешто такво со некој за кого воопшто немам добро мислење уште од сам почеток.. Мое мислење !
Прво фала многу на мислњето,го ценам. Не станува збор за серење од злоба туку од незрелост, дете е сака да се пофали, шо го сфаќам до некаде.Плус баш и тоа ми беше поентата, свесно влагам во тоа, ништо не може да ме разочара и верувај ми немаше ни под разно да го ставам прашањево, ако не сметав дека нема блиска иднина која сугерира наоѓање на соодветен , од многу причини...Иначе во право си да...и јас би го советувала истото на твое место, т.е го имам советуваноколку е полесно да се даде совет што знаеш дека е добар, отколку истиот да го примениш
Неможе да се направи ако не си имала сексуални односи! А и нема потреба, сигурно се е во ред ако не си сексуално активна
Папа тест не може, ама може да се земе брис од слузницата, да се направи ехо преку стомак, или ако не се гледа така може да се направи ехо ректално , ама тоа во некои поспецифицни случаи. Невините девојки не мора да прават папа тест, иако можат да фатат инфекција или болест преку допир со полов орган, или пак од WC, така што ако се сомневаш на нешто, нека ти земат брис.
Секако дека може. Многу од СПБ се предизвикани од бактерија, како Гонореа, Хламидија,Сифилис.. па така не е потребна пенетрација за да се пренесе од едно лице на друго. На пр. доволно е пенисот да дојде во контакт со вагиналниот секрет, кој знаеме дека се лачи надвор од вагината, за да се инфицира. Исто Вагиналниот херпес кој се карактеризира со ранички на површината на вагината, може да се пренесе само преку контакт. Тука се и срамните вошки кои растат покрај срамните влкана и исто е доволен само контакт за да се пренесат (за нив ни кондомот не помага). ПАП тестот не може да се прави на сексуално неактивни девојки, бидејќи вклучува земање на брис од вагината. Нормално, нели ако не си скината, гинекологот несмее да те чепка долу.
Како оде процедурата за правење на Пап тест? Сега овие денови ќе одам да правам, и како , што.... не знам? слично како брис што ти земаат? така е?