За ПАП тест се зема брис од грлото на матката. Еве на овој начин. Малце е непријатно, ама не е воопшто болно. Менструалниот циклус треба да е завршен и не треба да има никакво воспаление, зашто се добива погрешен резултат.
Седнуваш, шириш нозе и ти става полека спекулум во вагината. Па ти зема брис од вагината, и после пополека го истава. И толку. Малку е непријатно, бидејќи е страно тело, али како и да не, воопшто не боли да знаеш. Се на се неколку минутки трае.
Папаноколау тест (ПАПА тест) ПАПА тестот е метода која се користи за откривање на абнормални, за рак потенцијално опасни, клетки на грлото на матката. Абнормални резултати добиени од ПАПА тестот често пати се прв знак за присуство на инфекција, воспалување или рак на грлото на матката. Ако се добијат абнормални резултати на ПАПА тестот, неопходно е да се изведат дополнителни тестови и испитувања за да се утврди дали навистина станува збор за преканцерозна состојба (постои само ризик за рак) или пак веќе станува за вистински рак на маткиното грло. Тестот прв го развил Dr. George Papanicolau пред повеќе од 60 години и денес се уште претставува многу ефикасен тест за рано откривање на преканцерозни промени и рак на грлото на матката. Денес ПАПА тестот рутински се изведува во склоп на гинеколошкиот преглед на жената. Според препораките на Американската асоцијација за рак првиот ПАПА тест треба да се спроведе кај секоја жена 3 години по нејзиното прво сексуално искуство или штом наполни 21 година, без разлика на тоа дали дотогаш имала или не сексуално искуство. По 21 година од животот, се препорачува ПАПА тестовите да се изведуваат според следниот распоред: 21 до 29 Еднаш годишно тестирање со ПАПА тест. 30 до 69 Ако на три последователни ПАПА тестови се добијат нормални резултати, тестот може да се изведува по еднаш на секои две или три години. над 70 Ако ПАПА тестовите покажале нормални резултати во последните 10 години и ако последните три последователни тестови биле нормални, може да се прекине со ПАПА тестирање во иднина. Сепак можело да се направи папа тест и на невини
Што мислите може ли да биде резултатот грешен на тестови за бременост од они sure sheck еден направен ма 16 а друг на 23 ден од сексуалниот однос а и двата се негативни
и јас направив два пати тест и два пати негативни еден на 12 ден а другиот на 20 и негативни но сеуште не ми има дојдено ... што е работата не знам
Се напнуваш и се нервираш ... ете тоа е само таму ти се мислите .. направи и трет тест па види и олабави се ако така лесно се забременувало градинка ке имав до сега отворено
Нервоза,клима,стресови ... се може да е не мора да значи бременост дека е ... направи уште еден тест ... имаш за што да се плашиш?? каков однос имавте ? со заштита или без? ако е без надвор ли сврши ? јас сепак мислам немаш што да се плашиш
можеби е тоа нервози стресови( мада ги немам многу) клима и сл...ќе направам уште еден ... , имавме односо без конодм но мене ми беше прв однос сврши надвор сигурен е тој дека не е ништоо страшно во смисла бременост...но што е :С
Леле брешто не кажа порано па првиот пат е нормално да ти касни ... јас после првиот пат два пати имав првиот месец ... што си се уплашила нема шанси да си трудна. Ајт смири се.
Не си бремена аман! Ти касни затоа што ти бил прв однос и организмот претрпува промени. Јас кога имав прв пат однос ми каснеше околу 2 месеци. Зошто се плашиш кога тестот ти бил негативен, не касни само од бременост касни и од стрес, промена на клима, ете прв однос....а може и од некој здравствен проблем затоа оди на гинеколог и ќе видиш што е.
кај мене од како имав однос добив наредниот месец , а кога требаше да добијам на датата од предходниот го имав вториот полов однос беше со кондом и сврши надвор но сепак во кондомот и така видовме дека бил малку скинат зошто кога го притисна протекуваше спермата си беше во него , со значи може и сам да го скинал после односот а е сигурен дека внатре не свршил , ноо мене не ми доаѓа како со реков на 16 ден од односот тестот негативен на 23 пак негативен а не ми иде додуса не ми иде тоцно на дата секогас ама ова е ужас
Девојки ми треба совет. Имав добиено и последните два дена користев едни влошки , прв пат ги купувам и занигде се, од нив се ме чеша. Се миев со камилица. Ме интересира дали има некоја крема, маст или нешто што би можела да го земам на своја рака а да е потполно безопасно за да го намалам јадежов ?
Епа ке прашаш во аптека ... би можела даве алергија или инфекција .. Или со канестен да пробаш на своја рака тој знам дека е ефикасен Сепак подпрашај и аптекарка некоја па земи си нешто .
пробај со канестен маст ја даваат без рецепта и не е штетна а другпат купувај влошки со се со памучна фолија одозгора а не оние со несто слично на најлон и мене ми се иртира кожата од нив ама не ме чеша така исто можеш да се одмиеш и со чај од жалфија или невеново масло пробај тоа помага за послаби инфекции и иритации
Ирена, и избегнувај некое време топла вода, пошто нели од тоа се иритира уште повеќе. И јас еднаш се зафркнав така со влошки, ама два дена, ми помина. Затоа се најубави оние памучните влошки. А ти е само иритација на кожата? Или имаш чешање и печење на вагината? Не разбрав добро
Вчера имав црвенило и малку ме чешаше, се измив само со млака вода и со камилица, денес имам само црвенило . Веројатно ќе ми помине за некој ден .
Ќе помине, ако ти се смирило чешањето, готово. Црвенилото може само да се исуши, да се греби на кожата, ама со павловичева ќе се среди мислам.