Според ова што го кажуваш нема шанси за бременост бидејќи без разлика на позата во којашто сте имале секс тој не свршил во тебе туку надвор од тебе и не се скинал кондомот.Не кревај паника,не си бремена.
Имaв oднoси сo дечкo ми, и презервaтивoт се скинa. Иaкo вo неплoдни денoви, следниoт ден пив Norlevo и имaв печење при мoкрење, пoсетив дoктoр вчерa и имaм препишaни aнтибиoтици пoрaди инфекцијa нa уринaрните пaтиштa и нaстинaтoст. 4 денa пo oднoсoт (денес) oсетив нештo приличнo влaжнo дoлу и кoгa прoверив видoв пaрче oд скинaтиoт презервaтив. Oргaнизмoт гo исфрлил кaкo стрaнo телo. Некoј сo сличнo искуствo? И мoжнo ли е инфекцијaтa дa се јaвувa пoрaди тoa?
Ќе си ја лечиш со соодветна терапија што ќе ти ја препише докторот. Во принцип не е опасна кај жени, освен кај бремени оти при породување може да се пренесе на плодот. Не е страшно, се лекува. Можно е да се јави инфекција поради скинатото парче. Не би било лошо гинекологот да провери да не има заостанато уште нешто. Со содветна терапија ќе се среди.
Девојки, имам еден проблем кој неодамна ми се појави. За време и после секс никогаш сум немала болки но пред 5-6 дена откако имавме секс почувствував силна болка во пределот кај јајниците. Мислам дека и можеби се случи затоа што не бев доволно навлажнета, а и дечко ми беше малку груб. Болките беа силни, не можев да седнам а и при крајот на мокрење чувствував болка. Денес имавме секс и повторно истото ми се случи. Околу 1ви треба да добијам менструација, ги имам симптомите, ме болат градите а и она ПМС лудило. Мислења?
Девојки повремено ми се појавува по некоја акна на вагиналните усни, и требаат неколку дена за да помине и да искочи такво бело врвче, но додека е тука, местото ми потекува и боли. Како да ги третирам? Да намачкам нешто или да чекам само да си помине?
Зависи каква е акната, може се работи за херпес. Подобро посети гинеколог немој да си направиш проблеми ако го мачкаш на своја рака. А само на вагиналните усти ти излегуваат или?
Да да, ама не се многу како нафрлано, туку само една. Не е херпес сигурно, повеќе ми оди на поткожно влакненце или обично мозолче. На почетокот е црвено потечено и осетливо на допир, а потоа или ќе се повлече или излегува врвче бело, баш како мозолка. А за на гинеколог ќе треба да чекам неколку дена околу празнициве, и до тогаш ќе помине веројатно. Инаку сум приметила дека ова ми се случува најчесто после менструација, што може да ми е од улошките, како да ми се спарува местото, не може да диши кожата, кој знае.
Здраво ме интересира нешто ако може да ми кажете затоа што сте постари и поискусни од мене. Вчера легнавме со дечко ми и имаше неколку интимни допири и подоцна неговиот полов орган ми го стави до мојот со намера за триење на голо бидејќи неколку пати го имаме правено тоа но сме немале секс до сега. И триејќи се некако се лизна таму долу и ме здоболе и одма се тргнаа тој после одкако се тргна земав да се избришам и имаше светло розеникава боја на марамицата и така неколку пати кога се бришев и сабајле исто и сеа ме интересира дали е можно да сум скината...Тој ми кажува дека не осетил да му влезе исто и јас не осетив само ме здоболе и после ми беше чудно.. ве молам без зезања битно ми е ова сакам да знам. Благодарам однапред
Конечно собрав храброст да прашам. Со дечко ми сеуште сме немале вистински однос и сум невина. Но кај и да е сакаме да почнеме. Тој рече првиот пат да имаме незаштитен однос откако ќе ми заврше менструацијата (да не сум во плодни денови) и да не сврши во мене, за да се поврземе вистински како за прв пат. И јас така сакам ама сепак се сомневам, дали навистина така шансите за бременост се 0? Без никаков презерватив ниту апчиња (немам пиено ни знам какви се). Имам слушнато и за таа предсемена течност и дека е можно да има сперматозоиди во неа. Дечко ми вели дека нема потреба за грижа. Вака сакаме само за првиот однос, после тоа тој ќе носи кондом. Немам никакво искуство со сексуални односи можеби звучи глупаво ама сакав да прашам да си бидам сигурна.
Да си прашам јас.... вака нешто.. дали ви се има случено некој „период“ да ви се смачи буквално од „секс“ ?! Можеби појма неам како ке ви делувам.. али скоро година дена, неам сериозна врска.. туку имам повеќе „НЕСЕРИОЗНИ“ .. несакам бројка да споменувам... али во последно време нешо ми се дешава „како некако да ми е ЕПТЕН ПРЕ ЗДОСАДЕНО“ .. Дури почнав да ги избегавам.... незнам дали сепак ми работи „потсвеста“ кој една одредена личност што сум ја имал долг период во животот..
Ако сте спремни за во секој случај да останеш бремена, тогаш имајте без никаква заштита... Доколку не сте спремни во никој случај, тогаш купете си кондом. Тоа за поврзување со или без кондом, е смешно. Ако се сакате нема врска дека би користеле заштита при прв однос. Многу похигиенски е прв пат да имаш со кондом...може крв да потече и слично, мора да се заштитиш од инфекции како за прв пат.
Немаме во план бременост. И јас мислам дека е похигиенски со кондом и нормално заштитена си од несакана бременост. Ама ај си реков за еднаш како за прв пат да биде онака слободно, сега не знам. А и на машките им е поубаво без кондом (не е дека правам само како тој ми рече, сакаме двајцата да уживаме, досега само си „играме“ и тој секогаш прави да ме доведе до оргазам со стимулирање клиторис). Сепак има време и ќе му предложам да биде со кондом ради сигурност и хигиена.
Тој ќе биде слободен, ама дали ти ќе можеш да се опуштиш? Ем ти е прв пат, ем ќе си имаш на мисла цело време дека можеш да забремениш. Јас би имала со кондом, бременост секогаш е возможна, не си стварај стресови за џабе.
Дека е поубаво без презерватив-поубаво е, тоа е факт. Како за него така и за тебе. Ама дека ОН сега само еднаш сакал НА ГОЛО а потоа ќе носел презерватив нека не те лаже. Тоа исто му доаѓа ко-соблечи се ништо нема да ти праам Од друга страна дечко ти верувам не е специјалист по сперматозологија за да знае дали има или нема потреба од грижа. ДА, се останува бремена и од предсемена течност и ДА, се останува бремена и за време на циклус и пред циклус и по циклус. Фактички откако прв пат во живот ќе добиеш циклус СЕКОГАШ можеш да забремениш. И трета работа.. тоа ДА СЕ ПОВРЗЕТЕ ВИСТИНСКИ... може малце да ми го елаборираш? Или сум старомодна или не го сфаќам терминот поврземе вистински!? Демек со презерватив е фејк, не се рачуна, исто ко да не те скинал или??
Ништо чупе да ти кажам таа работа е научна фантастика искрено! има многу дилеми да ти кажам право, во многу случаеви само со „поглед“ останале бремени, жими бајачките! а тоа со вистиското поврзување ти е нешто како поврзување/конектирање со некоја цивилизација од универзумот...
Како што пишав погоре, ќе барам да биде со кондом. Дечко ми не е недораснато дете сигурна сум дека и тој ќе прифати така. Кога тој рече вистински да се поврземе не мислеше као демек не се сакаме па треба преку секс да се поврзуваме. Туку двајцата да почувствуваме како за прв пат како е да имаш секс без пречки. Јас сепак се сомневав дека иако би било после циклус и тој да не сврши во мене има шанси за бременост и вашите коментари ми ги потврдија сомнежите. Толку. Ќе биде со кондом ради сигурност и хигиена, а незаштитен здравје ко (ако) ќе планираме деца. Ви благодарам за одговорите.