Редовен ми е циклусот но ме плаши тоа што исто како да имам добиено а кога бев на гинеколог се беше во ред. Колку дена би требало да трае ако се работи за плодни денови?
Не може да се затруени во неплодни денови, работата е само што никогаш не можеш со сигурност да знаеш дали некој ден е плоден или неплоден.
А од каде си толку сигурна.. еве во неплодни денови имам пријатели што имаат затруднето, да не речам и од лично искуство
Па плоден бил денот, а таа мислела дека е неплоден. Реков дека не можеш со сигурност да знаеш кој ден ти е плоден, а кој не. Овулација, кога има овулација-има и бременост. Без овулација нема бременост. Кога точно настанала овулацијата баш тој месец - никој не може да ти каже со сигурност.
Со сигурност тврдам дека било неплоден ден.. т.е. да појасниме, не постојат неплодни денови.. има денови во кои жената е помалку плодна и денови во кои е повеќе плодна, т.е. има повеќе шанса да остане бремена.. Да нема заблуда за некои деца кои ќе читаат па да си направат проблеми нели
Значи неплоден ден во кој била присутна јајце клетка за оплодување? Или спермата на твојот пријател магична е, па воздух оплодила? Или, беше ти во телото на твојата пријателка и виде дека таа не овулирала во тој период? Дај научи што е овулација, па ќе збориме.
Е ајде да речеме дека јас сум неук.. ама по се изгледа и ти.. ајде чим толку многу си сигурна дај ми линк до некој научен натпис па убедиме дека ти се знаеш за овулација.. Во ред?
Дај ми ти линк за бременост без овулација па ќе збориме. Сите машки на форумот - експерти за женско репродуктивно здравје, а дошле со надеж да ебнат нешто.
Појаснувам дека не постојат не плодни, а постои мит за истите, па затоа образложувам. Се извинувам што не сум жена, но мислам дека разбирам по нешто од биологија.. ама можеби и не.. Само искажувам мое мислење на темава не навлегувам во никаков конфликт
Значи друже. Откако си учел биологија прошле долги и верувам тешки години. Ако си го брцнал не значи дека си докторирал на тема овулација. Секоја можна табела на плодност што ќе ја најдеш на нетов не е 100% точна. Самото тело на колку време ќе репродуцира, овулира, исфрли-е приказна за себе. Бројките се релативна ствар како што и се што е поврзано со женските полови органи. (пр. на прв поглед здрава, сите испитувања негативни а не може да остане бремена и сл.. )
Еве ти еден линк точно од странава на која пишуваме постои калкулатор.. ако си провериш ќе видиш дека и во „неплодните денови“ постојат минимални шанси за забременување.. Доволно е??
ако е тоа така како што велиш ти, ако толку слепо се држиш за калкулаторов... како Маргарита ти останала бремена во неплодни? м?
Епа баш тоа и го зборувам.. нема правила, може во плодни да се остане бремена, а во „неплодни“ бремена нели, секој организам си има свој начин на функционирање. Јас дали сум го брцнал или не, не е и толку битно, сакам да кажам, да се внимава што се пишува, да не се тресат зелени, во смисла неможеш да останеш трудна а има луѓе ќе сватат здраво за готово и ете уствари си наштетил ненамерно на некого.. Затоа апелирам до сите, не до тебе, да се информирате пред да каже некој нешто
Па пишува дека секогаш има шанси да остане трудна.. не дека има денови во кои може да се пуниш и никому ништо
Овулација мајсторе, овулација. 5 дена пред овулацијата и 2 дена после се плодни денови, останатите се неплодни.