Кога овулираш можеш да збориш. Значи околу 8 дена секој месец се плодни, кога точно се тие 8 дена... Јбг... Затоа секој ден има шанса да се забремени, ме затоа што не постојат плодни денови. Може ќе ти закасни овулацијата и ти ќе мислиш дека ти се неплодни, дека поминала, а всушност тој ден ти е најплоден, и така. Значи повтори си биологија и прочитај нешто повеќе, и те молам немој без знаење на женски да им попуваш за нивното тело.
@majstore да останеш трудна дефинитивно е можно само кога жената овулира, сега ако земеш во предвид дека: 1. спермата може да преживее до 7 дена во вагината, и 2. овулацијата може да се случува порано или покасно под влијание на стрес и други околности, кај секоја жена е различно - меѓутоа за бебе потребна е овулација. Си бегал од биологија малце...хм
Хелпп..имам редовна менструација ама неодамна изгубив невиност,секоја вечер имавме односи(незаштитени) ама никогаш не сврши во мене(некогаш воопшто и не сврши).. после некој ден за овулација 3/4 дена имав кафеав исцедок проследен со малку крв(викат нормално е се случува некогаш),и сега ми доцни 5/6 дена(А СИ ИМАВ РЕДОВНА),можно ли е поради промена,хормони нешто(зашто пред тоа бев невина) или пак стрес...се има случено нешто слично кај вас?Колку најмногу ви доцнело а не сте биле бремени?
Ако не свршувал во тебе,а некогаш,како што велиш,не свршувал воопшто за време на односите,тогаш не си бремена,не треба да паничиш.Кај некои женски за време на овулацијата има кафеав исцедок,така што тоа е нормално.Исто и со започнувањето на интимните односи кај женските се пореметува менструацијата обично до 10,11 дена максимум доцни,додека,пак,кај други може и порано тогаш да дојде,но може и 10,11 дена да доцни поради стрес,промена на клима или поради некои лекови,а лично на мене максимум 10 дена ми доцнело од тие причини,не поради бременост.Почекај уште неколку дена,најверојатно ќе добиеш,ако не тогаш оди на гинеколог ако се сомневаш во нешто,но штом нема свршено во тебе,тогаш со сигурност не си бремена,само поради стресот дали ќе добиеш ти доцни.
Ве молам за совет од се срце...веке еден месец кога имаме односи со маж ми на пола работа ке му заспие.. некогаш кога посакуваме да имаме односи не станува... не секој пат ама повекето пати овој месец ни се случува така... дали е проблемот до мене или дали нема доволно страст не знам... ве молам од се срце да ми одговорите дали некоја членка имала сличен проблем со партнерот дали се во прашање здраствени проблеми или нешто друго. Поздрав
олку е сигурно за циклусот да ти се поремети идоцнипоради хормонски апчиња? Бидејќи пред еден месец ми препишаа поради циста на јајник ги пиев 7 дена пред циклусот кој каснеше еден ден. А наредниов еве веќе касни 6ти ден. Никогаш волку не ми каснело, почнува да ме фаќа паника. Немам никакви ни предзнаци, на пр болка во градите, јајници и слично. Секогаш пазам во сексуални односи коисекогаш биле со кондом и се било во ред. толку ли да сум баксуз мајку му (((
И мене ми се случувало вака,на почетокот со дечкото кога сакавме да имаме односи кога требаше да го стави тој спадне,така два месеци потоа се бидна во ред само од себе.
Kako nov na femina saka da prasam. Ne znam dali da go tretiram kako problem ili ne. Se raboti za slednovo. Vo spienje nekade kraj cetiri satot na utro pa se dodeka se razbudam osum, osum I polovina, skoro sekogas vo isto vreme postojano mi e stanat. Toa nesto mnogu mi smeta bidejki ne mozam mirno da spijam. Dokolku ima nekoj sto e clean od maskite vakov problem, neka kaze kako se spravuva.
Девојки сакам да прашам нешто. Имам читано поодамна, но сега не можам да најдам. Дали има шанси да го поместам циклусот? Да добијам некој ден порано или да ми доцни неколку дена.
Има апчиња за да го поместиш циклусот,јас ги имам пиено и мислам дека веќе никад нема да ги пијам си го пореметив организмот. Али прво советувај се со гинеколог
Девојки да ве прашам нешто, имам бел слузав исцедок во големи количини, посебно при поголем напон. Вакво нешто ми се случи и минатата година, бев на гинеколог, каде што др ми рече дека имам кандида и ми препиша вагиналети, но на брисевите ништо не се покажа, сите беа чисти и затоа не ги користев вагиналетите. Дали има некој слично искуство за совет? И дали некој ги користи влошките на Тиан де што се рекламираат на големо за секакви гинеколошки проблеми?
Од влошките не видов никаков аир, кога ги користев пред 2-3 години. Освен што мирисав на тревки и мислев дека цела просторија мириса на нив. Не можев да се поднесам ко зачини да сум истурила на мене е толку грдичко ми мирисаа. Ако бил ист случај и лани, земи ги вагиналетите користи ги и види дали ќе има подобрување, ако нема појди си на контрола пак.
Е како кандида ако на брисеви не покажува ништо? Не верувам дека кандида ке се манифестира само со исцедок, мора да има и чешање, тоа всушност е и индикација дека има инфекција. Слузав како белка од јајце или како кисело млеко? Се извинувам за споредбата со храна, ама од мое искуство слуз како прв тип ми се јавува за време на овулација, а втор тип како последица од инфекција. Јас лично никогаш не би ставила такви влошки на мене. При толку креми и вагиналети, се сомневам дека некоја билна комбинација ке го реши проблемот. Кои вагиналети ти препиша?
Слуз како белка од јајце, одлична споредба, инаку немам ни чешање ни пецкање ни болка некаква, значи само слуз . Би можело да е тоа, бидејќи сум во период на овулација, но не трае кратко, туку околу 10 дена, сега знам дека вагината е орган кој сам се чисти ама ми станува сомнително. Инаку лани гинекологот ми ги препиша vidermina prebiotic ovules. @Rebecca_R
Девојки,за веќе 2 ден од овулација ми тече една кафеава течност и малку почна да ме пече,истото се случуваше и минатиот месец ама не ме печеше а траеше 4 дена,а менструацијата ми доцнеше една недела..почнав да сегрижам..некој со вакво искуство? Дали е можно да е инфекција и дали сите инфекции се опасни?
Штом по втор пат ти се случува, закажи преглед на гинеколог. Не знам дали имаш инфекција, ама сите инфекции во поголема или помала мера се опасни, а посебно нелекуваните.
го праќаш да свари кафе чим решил да стане толку рано. и ако пак у осум стане ко додатна казна по бурек да оди. е така.
Или го маваш еднаш по глава се зашеметува и заспива. Доколку немаш девојка одма да си најдеш,може причината што станува толку рано да е тоа. Не ме фаќај за збор али се е можно