Заеднички се парите, заедно живееме.Така да, и да стојат они кај мене он може да си речи денес ќе земам оти јас ја сакам неа и сакам да ја послушам што ми рече, не сакам да се осеќа така ќе го сменам тоа, а он ништо.Ни абер има за тоа ни ништо.Само еве ви кажувам ако отидеме сега до маркет заедно ќе речи ајде да земиме инаку не.Епа тоа ми е чудно , секој ден имавме редовно се и сешто а сега остана на крај да ми кажи дека не му било до редовно, немој мене да ме лажиш оти јас знам како беше претходно а сега изгледа не му е убав сексот со мене и тоа е.Друго не верувам да има.Оти имаше потреба претходно и тоа секој ден, а не сега ми вика имам помалку потреба не е така.Само сакав да чујам и ваше мислење со сите работи што ви ги наведов идетали.И се ми е чудно оти во сексот и пред тоа стварно се пали и има желба и сака и му е многу убаво и се труди да ме задоволи никогаш не ме оставил така.Затоа сум хаос со мислите.
Не мора да значи дека не сака со тебе. Може само не сака. Ние првите години имавме секс ко луди, како минуваа годините се изретчуваше. Луѓето се менуваат, нивните желби, потреби и приоритети. Пак ќе повторам, мораш отворено да разговараш. Бидејќи ова вашето е релативно кратко време проблем, може човекот нешто го тишти што не е воопшто поврзано со секс.
Имавме проблеми секој ден, нервози и карање.Многу беше напнато.МНОГУУУ.Некако се држиме уште ама јас не осеќам исто, осеќам празнина во последно време, а мислам дека и тој така мисли и дека само му е навика нешто како опсесија и дека така тераме.А кога правам смирено муабет доловувам информации дека стварно мисли на мене како сум и зошто се караме, зошто ненамерно ми прави грешки и да се осеќам јас неубаво.Дека мисли тоа што и јас го мислам сакав да кажам. И сега да не е поради тоа не знам.Можеби е поради тоа, ама не сака да ми одговори конкретно оти ни тоа што ми го кажа дека немал мн потреба не ми држи вода, оти пред 5 минути пред да го кажи тоа ми рече па иамм желба ама немам пари, а викам пари има само ти не одиш, па после ми рече секси ми си, и како да не се налутиш?Кога не знаее кај оди со паметот и со зборовите.
Тоа ти е прва грешка Дури и во брак да си имаш свој денар а не па вака во врска.. Во однос на сексот, имаш и други контрацептивни методи ако не се плашиш од спб..
Нормално е да имаш потреба за секс и кога нешто не "штима" во сексуалниот живот да сакаш да дознаеш што е причината и да го решиш проблемот. Тоа не те прави зависник од секс. Мораш да го притиснеш со разговор за да ти одговори искрено и да не те вртка. Можеби има некој проблем, кој не го кажува. Биди директна и прашај го што се сменило за да не му е до редовен секс, што го мачи. Не верувам причината да е немањето на пари за кондоми. И плус друго е од самиот почеток тој да има помалку волја за секс од тебе,а друго е и двајцата да сте сакале да имате редовен секс и да уживате во тоа, а наеднаш него да му згасне волјата. Најискрено кажи му дека имаш потреба од тоа и дека не си задоволна од неговото понашање и игнорирање на проблемот, би требало да сфати дека стварно ти смета тоа и да смени нешто. Ако не го направи тоа и продолжи по негово, тогаш навистина размисли што ќе правиш бидејќи и проблемите од овој тип ако се случуваат подолго време, можат да нарушат врска. Никој не сака да му се игнорираат потребите.
Јас раководам со парите хахах Ама не се битни тие, битно е он да има желба и ако сака ќе земи сам од кај мене и ќе купи а вака со изговори ич мене не ме купува на тие муабети.Сега веќе знам дека има нешто, ќе дознааш што е проблемот.Само време ми треба па ако треба и веднаш ќе раскинам секако до таму сум појдена со мозокот во последниов месец.
Имаше некаде по форумов тема за тоа.. оваа не е баш за таа намена.. Ама, после 20тина год во брак веројатно ќе сконташ.. Тоа ми е совет од постри луѓе, 50+год, до сега се покажал како крајно практичен Да земе пари од кај тебе хаха Е тоа ми е смешното Возрасен маж што заработува сам, оди кај женска му да ПОБАРА пари Девојче, ако ти се секса преземи иницијатива. Види дали стварно му е доволно 6 пати во месецот или би имал и 16 пати.. Ако му е доволно...тоа е. Помири се
Епа разговарав и го притискав на секое , и едно време си реков не повеќе не го притискам ќе апстинирам и пак немаше фајде ни од тоа.И му реков викам јас ако не ти речам за проблемов дека ти не сакаш и немаш желба ти нема да купиш никогаш а не дека ти имаш помалку потреба, тоа е веќе друго, ова не е до потребата ова е себичност и неодговорност во врската.
Точно, многу себично од негова страна. А да го игнорираш онака скроз, ладна да си бидеш, да не се замараш за ништо, да видиме до кога ќе тера?
Мајка ме учеше платата да си ја чувам на сметка.. заеднички да ги плаќаме сметките, заеднички да купуваме храна, заеднички да уплаќаме за одмор и други секојдневни уживања, заедно да сервисираме коли и домаќинство, ама на крајот на денот тоа што ќе остане си е мое.. тоа што ќе остане нека е негово.. Без разлика дали ќе ги потрошам на некое свое задоволство или ќе ги зачувам.. А најчесто трошам за негово задоволство...и тој за мое..
А што те кошта ти да идеш да купиш? Сигурно е заморен после работа и не му е дојдено до тоа да сврати до продавница. Друго е студент. Ако се намалил сексот заради кондомите и инаетот кој да купи, лесен проблем. И премногу детски ако е до тоа.