Епа пак му реков денес и види што ми рече. ЈАС СУМ ПОД ПРИТИСОК СЕКОЈ ДЕН.Се нервирам секој ден и на работа и кога се караме и од умор ни сум јаден ниту спиен и не ми е до тоа дојдено.Кога ќе сум полабав еве ќе одам ќе купам и ќе имаме секс ама сега во овој период јас сум уморен и не можам ни да мислам на тоа.Викам а кога имаме кондоми и тогаш си уморен па имаш како е тоа така? И само ми рече кога сум полабав имаме, кога сум преуморен немаме.Ми вика па и ти кога ќе си уморна ме одбиваш па не се лутам, ова не е исто му викам и тоа е. Јас не му верувам баш на ова, оти утре пак ќе е истото ако веќе не ме сфати оти кратка и јасна бев дека мене ми е битно и малку настрана забегав ете баш му реков дека не ми ги задоволуваш потребите како маж што треба да ги задоволи потребите оти јас си имам потреба од преку еден ден пример или небитно тоа зависи од расположение некогаш имам потреба од многу некогаш и 2 пати неделно ми е океј, и ми рече епа најди си друг викам да, мораш да се научиш како да бидиш МАЖ идека следен пат нема секс воопшто па засекирај се да не сум замината негде.Тогаш треба да се запраша тој оти немаме секс а не јас. И викам јасна бев овој пат? Ми вика да ти кажав ете кога ќе сум полабав ќе одам ќе купам.А сега тоа кога ќе сум полабав дали значи за 10 дена оти 5 ден сме без секс не знам.А не е до толку уморен па да не најди време ова е од неодговорност и незамарање на крај заклучив.
@lilly57 Ај стај се на негово место и замисли се како ти било да те тера некој на сила секс да имаш ради реда? Или оди купи ти кондоми и иницирај или остај го човекот на раат малце. Може едноставно не му е периодот. И сама кажа, дека и некогаш сакаш на 5 дена некогаш на 2. Така и он не сака. Ако па толку ти смета раскини и барај си момци за една вечер.
Не ми е мене до таму дојдено да барам други.Ако сакав така ќе раскинев уште пред 2 месеци. И проблем не е само тоа немањето на редовен секс, он ако имаме сега кондоми сака и 3 пати дневно, ако немаме не сака да купи, демек не мислел он да купува ни кога е на работа, ни кога си идел а ни пак кога бил дома, бил под притисок.Мн јак притисок и умор океј небитно тоа. Мене ми е проблем што сме млади и сега почнавме брзо а он не се замара.
@lilly57 И јас мислам нешто слично. Јасно дека тебе ти е убаво и интересно сега бидејќи скоро си навлегла во тие води, но тој веќе го има поминато тој период и сигурно сега не сака врската да му се базира само на односи. Дај му малку простор во врска со тоа, работете на другите аспекти од врската, напредувајте. Ова и не изгледа на огромен проблем ако е само за односите бидејќи дискутабилно е колку често е нормално. Тој мисли еднаш неделно, ти мислиш секој втор ден, некој трет мисли нешто друго и така. Мој совет е со разговор да најдете компромис за ситуацијата. Нека не биде по негово ама ни по твое. И ти не мисли само на своите потреби и стави се и на негово место. Ако е за кондомите, ти купувај. Ако немате пари, има кондоми од 10-20 ден. што не се толку лоши. Решение може да се најде, само треба да се потрудите малку повеќе и двајцата.
@lilly57 Добро ако е само за кондомите, тогаш купувај ти и решен проблем. Може заборава, може го мрзи. Што си правиш проблем од ништо?
@lilly57 Јас порано (кога почнував со секс) последните пари ги давав за кондоми и имавме секс додека не посиниме ко штрумфови ... И со секоја нова девојка така. И кога ќе ми досадеше некоја или немаше повеќе да ми прави кеиф не ја ни барав за кафе а не за секс,така да седни си и разговарај си со отворени карти дали му е до тебе или едноставно незнае како да те откачи па остава на тебе ти да го откачиш него и после "вината" да биде твоја.
Како што кажав, дечкото најверојатно си има проблеми и кои можеби не се ни поврзани со тебе. Само проблемот е што не е искрен и оправдувањето му е купувањето на проблеми, т.е не купувањето, што е малце смешно. Сепак, остави го да олади малце, да се среди, не го напнувај веќе, дај му простор и по некое време види што мисли во врска со тоа.
а што се брзате толку? Ќе речете старомодна сум ама рано ви е. После колку млади луѓе си го запустиле животот брзајќи со такви работи. значи во животот од секс поважно ништо нема. Ах бе луѓе што ли ви се дешава
И те како предизвикува кавги несогласувањето во сексот. Да не зборуваме за авантури, посебно мажите. Ако не добиваат дома она што сакаат, не се двоумат да побараат надвор.
Остави го карактерот, те прашав дали задоволувањето на сексуалниот нагон е приоритет број 1 или не? Дали ако треба да се апстинира, мажот или жената треба да одат и да најдат други партнери? Зборуваме за самиот чин на апстинирање т.е пронаоѓање нов партнер за секс.