Се префорсирал дечково секој ден и тоа не се издржува треба да имаш кондиција. А плус ти работиш нешто или студираш? Бидејќи доколку не работиш не можеш да разбереш зошто не сака. Можеби е уморен ако работи некоја физички тешка работа. Треба да имаш разбирање за него , а не само да си ги задоволуваш сопствените нагони и потреби. Најлесно е да го обвинуваш партнерот или партнерката за нешто .Грешката треба да ја побараме и кај нас.
Според мене не треба, али огромен број пронаоѓаат нов партнер за задоволување на сексуалните потреби.
Нормално дека сексот е голем фактор во една врска, но ако сексот ти е приоритет и дури пак дошло до договор во случај да едниот партнер од Х причини не е во можност да биде сексуално активен во одреден период и му дава ОК зелено светло на другиот да оди и се е*е со други,е стварно да ти се плукнам во врската/бракот
@WildMk Заради тоа што не е нормално, заради задоволство погазуваш многу други особини што се по важни од задоволство, на пример како љубов и почитување кон партнерот.
Од една страна, велиш дека сексот и не е некој битен фактор во животот, од друга страна, наеднаш, е огормен фактор и покажува немање љубов и непочитување. (???) Одлучи се.
Јас сум одлучена и си стојам на одлуката. Кај прочита дека сум рекла дека не е некој битен фактор и каде дека одма сум сменала мислење да одма е огромен фактор? Ми ги извртуваш зборовите Реков дека Е голем фактор во една врска но не реков дека го ставам на 1во место. И да ако сексот ти е по важен од се и треба да одиш и задоволиш сексуални нагони со други личности значи немаш љубов и почитување кон партнерот
Не работи физичка работа.Повеќе му е психичка тортура. Но, како и да е.И јас сум уморна некогаш, можеби и повеќе денови не сакам и немам желба ама ако премини тоа од една недела мене ми е проблем. И нешто што ме буни е тоа што нон стоп ме задева, и сега нормално немаме презервативи и ништо, а кога имаме се си е во ред.И можеби е и до мрзата.Но, некни ми рече дека и му сметало искрено, епа викам ќе се наивкниш на други ќе се проба не мора да донесуваш брзи одлуки.
Пренеси му бе душо ко си решила, и прајте како шо ви одговара ич да не ви е гајле шо велам јас, ваш живот ваш проблем
@lilly57 Срцка, тебе ти работи инаетот... зошто, та зошто не купува тој кондоми... и сите жени во одредени ситуации и за одредени работи знаеме да сме прилично инаетчии... Е, сега кај тебе е проблем што проблемот е секс... напалена си... ти се сака... нему и не толку на моменти... ако има кондом ок, машките се срциња, малку да ги потчепнеш и спремни се... ама твојов е изгледа од оние - ама сега да се спрема, да планира... или му е таков периодот... или сексот со тебе не му е веќе интересен - смени поза ... или сака нежност или, или ... (не ми е намера да звучам грубо ) и има многу решенија ... “Купи си вибратор, кога ти се присака он е стално расположен, а твојов можда и ќе ве начека заедно па ќе искрши нозе од трчање да купи кондоми..“
Не срцка дека не му е интересен, он сака и кога немаме и коа имаме ме разбираш? Ама еве да немаме подолго од 4-5 дена он не оди да купи веќе ако сака.Тоа ми е проблем.Што сака и прв иницира некогаш а знае дека немаме кондоми и пак не оди да купи.И ако сме во маркет негде излезени, он ајде да земиме и така ќе земи, инаку сам да земи не зел досега само еднаш. Ако не му е интересен сексот нема ни да ме задева ни ништо, ќе си трае, а вака он ем саака ем не купува. И во неколку наврати ми е рекол дека не му чинеле веќе, не му одговарале му сметале.Епа можеби е и до тоа, можеби не сака да ми речи јас неможам, па си трпи и после и јас трпам ради неговото не купување. Не сум јас баш напалена како што викаш, еве моментално деновиве ич не сакам.Ама мене ме нервира неговото непревземање на иницијатива да оди да земи, и да речи еј јас зедов да видам дека се потрудил да земи, оти јас еднаш му се налутив и му реков да не биди таков неодговорен кога станува збор за нашиот сексуален живот, бидејќи и јас сум тука а не е он сам у врскава. И незнам што да мислам.
Тогаш не е во прашање секс, кондоми итн... Мое мислење... Сама велиш: „... и јас сум тука а не е он сам у врскава“. Ти бараш внимание, иницијатива... утре ќе биде нешто друго не секс, замисли ситуација кога ќе е нешто друго во прашање а не „купување кондоми“ и се случува ти да имаш очекување и замислено во својата глава како тој би требало да постапи и да се однесува во одредената ситуација, а тој го прави спротивното или нешто ни близу до она што ти си очекувала, тогаш пак твојата реакција ќе е „ало, постојам и јас“... и мажи жени доста често ја правиме истата грешка тргнуваме од тоа што ние би направиле, како ние би постапиле и кои се нашите очекувања (посебно со партнерите - па јас го сакам и све ќе направам и ако ме сака ќе направи) и најчесто тогаш се соочуваме со она “незнам веќе што да мислам“. сака може слободно да се замени со почитува... итн. комуницирајте... вербално, невербално, сексуално... врските, сите врски и односи се жива материја, променлива исто така... и понекогаш е јас, понекогаш е ти (тој), а понекогаш сме ние.. Доста често во врска знае да се испомешаат работите само заради тоа кој од која позиција тргнува и ги гледа работите. Малку е долг постов, али е со најдобри намери... Добра ноќ...
Тоа е точно.За некои работи кога му речам ова не сакам вака, ќе ги смени а некои работи не знам дали од мрза, дали од невнимание,дали од неодговорност не ги сменува, или едноставно не мисли дека тоа така треба да е. Јас не го терам со сила.Оти јас 2 пати досега му реков за ова.Значи он ме вртеше по тавани демек нема пари, после демек изморен,па немал навика да зема,па демек он имал помала потреба од мене као демек јас сум била зависна од секс оти сум се расправала за тоа, па после на крај ко го стиснав од сите страни ми вика тоа што го напишав и дека желба и страст има и можел во секое време да ми покажи само од работа и нервози не можел. Е сега мислам ќе го промени тоа.Оти еве на пример не може на сила нели?Сега да дојде он да иницира и јас уморна, не сакам не ми е до тоа денови и не ми е убаво со сила епа така и он.Јас така сфатив. Само треба да сме сега луди еден за друг, а не вака.Али ајде. порано беше подруго бевме и слободни сега сме и зафатени и едноставно не мислиш само на тоа, сепак пак е БИТНО. Фала на мислење.
Епа ти си проблемот. Инает за купување кондоми е муабет за максимум 18, 19 годишни. Претпоставувам дечко ти е постар од тебе и посозреан. Не може целиот товар врз него да биде. Ама добро е што си сфатила и ќе се поправиш.