ау и јас сум иста! и мене многу ми се моча особено кога ќе доживеам оргазам! одма трчам во вц и се празнам така да, мислам дека ништо страшно не е ова
Глупо ми е да трчам одма у WC некогаш воопшто не ми е убаво, ме нервира што уште ме боли некогаш имам чувство како кроз анус да ми пенетрира, не знам како да објаснам и не можам никако да се опуштам, само се концентрирам на пенетрацијата, а не какво чувство ми предизвикува ќе се откажам од s**
Девојки би сакала да прашам нешто.Денес на гакичките забележав кафен исцедок..Прв пат ми се случува ова и незнам зошто така.За неколку дена треба да ми дојде па сега сум збунета што е тоа ????? Дали на некоја од вас и се случило ова????Ве молам за помош.Поздрав
Тоа е бело прање, поточно кафено во твојов случај, не е страшно, имаш и посебна тема, можеш таму да си прочиташ. Може да се работи за инфекција, ама не мора да значи. А може е и самата менструација, можеби порано си добила месецов.
Тоа не е бело прање не е ни менструација, туку значи дека си овулирала, т.е. тој ден си била најплодна. Се случува така да има исцедок и не е ништо страшно, ќе ти дојде по неколку дена
Ааа, ако е така значи тоа си било менструација, аман за се да се прашувало нема да ме чуди да има прашање леле неколку дена имам само гасови, можно ли е да имам запек ? Јас се испровоцирав од постот дека е бело прање, ама не бело само кафено Значи која теорија ја имаат некои,
девојки забележав додека се мочкам ми тече кафеаво-црвена течност,а пред неколку дена ми заврши манструација,ме боли стомакот многу,и сношти имавме односи,ми е страв да одам да се проверам,нејкам да ме чепкаат? ве молам побрзо пишете ми
Волфче, и мене ми се има случено такво нешто ! Многу се исплашив и јас тогаш. Појдов на доктор утредента, ми рече дека била некоја инфекција и ми препиша некои лекови и за 3 дена немаше веќе ништо.
Oх ми олесна,како се исплашив,никогаш не ми се има случено ова,му се јавив на мојов,тој се исплаши ке закажел на лекар,а стомаков ме боли како да сум трчала со денови фала сенза
Волфче, ако се случи и утре истото и ако си во можност сепак посети лекар да си бидеш на сигурно Ама според симптомите кои ги опиша најверојатно е инфекција, како мојот случај. Оти за инфекцијата мора да примиш лекарства, ама не е ништо страшно, ќе ти помине како ништо да не било. Не се секирај !
А јас да си прашам. Пред неколку дена ми дојде. Нормално пред тоа си имав ПМС и све тоа. И, како и секогаш, очекував да ми трае 5-6 дена. Но ми траеше само ден-два. И толку. Ениуан со вакво искуство или познавања за чудово?
Мене хипи овој месец ми течеше само кафено два-три дена и толку Воопшто не ми ни дојде правата менструација...
Да не си имала некој стрес месецов или лекарства нешто. Мене ми се има случено еднаш, ама јас тогаш се правев операција на градата, па ми било од анестезијата.Не е страшно во секој случај, не се секирај.
Лекарства не примав никакви, а за стрес... штознам. Не ми беше толку стресен периодов. Имало периодни постресни од овој, па циклусот ми бил нормален. А тоа што викаш Баге, дека не ти ни дошла, мене порано ми беше така, ама веќе една добра година дена ми е стабилизирана и ми доаѓа секој месев, па затоа чудно ми падна.
И мене ми се дешава понекогаш. Порано гинекологот ми рече дека е можно да се случи од повеќе фактори: промена на клима или годишно време, стрес, примање на одредени лекарства итн... Ако ти помогне да бидеш помирна може да си направиш контрола, ама мислам дека нема да е ништо сериозно.
Ау контрола Нема шанси Не сум била досега на гинеколог, а и некако срам ме фаќа... Кога ќе бидам сексуално активна, ќе одам. Сега, не мора (донт џаџ ми ).