Абе не е ништо страшно тоа дилдото. Многу мажи го доживуваат како напад врз нивната умешност во кревет... А не е. Мораш да му објасниш дека тоа што ти би имала дилдо, не прави да мислиш за него дека не го бива во кревет, дека не се палиш на него, дека не ти е убаво со него... Едноставно, сакаш да имаш при рака алат, за кога дечко ти, нема да е во можност да те задоволи (од икс причини). Мора да знае дека не е неговата мажественост загрозена од пластичен предмет
Уште ми доцни не знам што се случува.. Ова е 5ти ден.. Имам симптоми на ПМС ама никако да добијам.. Не знам до што е.. Швајцарски саат ми е менструацијата секогаш на време.. Си имам апликација на телефон и никогаш не промашува. Се мислам дали е од стрес многу работев месецов и плус други работи доживеав неуспех еден.. Пиев еднаш и диазепам и не знам што е работата.. Како што веќе имав кажано, многу пати имавме незаштитен секс и сега постојано сум во мисла.. Дечко ми е сигурен дека никогаш не свршил во мене, а и јас гледав како свршува надвор секој пат.. Не знам веќе и што да мислам.. Ако не добијам деновиве ќе земам тест ќе направам и све у курац нека иде ... Многу многу слаби ми се нервите, болки имам во јајниците (краткотрајни) и градите ми се осетливи, а и акни ми излегоа пред 2 дена.. значи се исто како и порано .. личи на ПМС ама никако да се смирам...
Најмалку ти се потребни. Ако не можеш ти да си купиш, замоли некоја другарка, но во секој случај не одложувај, за свое добро.
Да направиш уште еден не е лошо.. Од тие што се прават со било која мокрча... После колку време го сликаше? Може ми се присторува ама како да гледам бледа линија
И јас како да гледам.. Затоа сликнав .. Ама по некоја логика ќе беше јака линија по 8 дена доцнење. Sure Check e. се прави во секое време, а го правев со прва мокрача. Најсигурно е така нели најточно
За секој случај направи си уште еден тест утре или задутре. Може да си имала доцна овулација, па затоа да јавува бледа линија, како што кажуваат другите членки. Вака тешко е да се процени убаво дали има бледа втора линија, па за да си бидеш сигурна направи повторно. Тогаш и да постои бременост нивото на beta HCG ќе биде повисоко. Секое добро и искрено се надевам на исход каков што посакуваш.
Сакам негативен да е.. Се надевам и дека така е.. Утре ќе направам повторно само кажете друга марка да не биде пак Sure Check..
Читав дека вторава бледа линија може да е ако е неправилно направен тестот, а по се изгледа така е.. Читав на упатството пишува помеѓу 5тата и 10тата минута се гледа резултатот а јас демек да не биде ептен рано чекав 10-12 минути па го отворив тоа за да видам нели се лизнува. Сеа читав по интернет бледава линија можно било да се појави од испарување на урина. Фала ќе пробам и со тоа. Колку чини ако знаеш да ми кажеш?
Менструацијата ми доцни пет дена(значи во неплодни денови сум),вчера имав незштитен секс и сврши надвор од мене,ама сепак со таа предсемена течност незнам.Има ли потреба од некое апче за ден потоа?
Не би те советувала да го земеш апчето штом надвор свршил. И јас еднаш така го пиев и имав лоши последици. И мене ми доцни веќе 8 дена и си правев тест, направи и ти еден па ќе знаеш на што си.
Ајде нека ми е честито, сега се будам и гледам сум добила Бинго е ова на 9ти ден од доцнење, спасив 200 денари хаххха за малце ќе купев уште еден тест
Добар возач и на црвено минува.. Имам добиено а сношти имав однос.. никогаш немав пробано. До сега не сум имала болки за време на циклусот но денес не можам да станам од кревет и крварам малце повеќе од нормалното. Стомакот половините.. мислење, совет?