Да си одиш на гинеколог, нема што 'срам ми е'. Како што не ти е срам да одиш на забар, не треба да ти биде и на гинеколог. Она што го опиша личи на бактериска инфекција. Не смееш да земаш лекови на своја рака! Мораш на гинеколог!
Здраво, девојки дали вам ви се имат случено дека тој што го сакаш и тој тебе ама кога ќе те праша дали имаш пробано секс и ти му викаш да, неколку пати со некој и тој те одбива затоа што сакал невина, таа да е чиста и што мислите дали сите момци сакаат невина? Ајде и машко мислење може
На повеќето не им е битно тоа. Прашај го и ти дали имал секс претходно, ако ти рече 'да', кажи му дека сакаш 'чисти' и 'невини' и откачи го. Не троши време со вакви... подобро за тебе.
Nekoi mazi seuste ne ziveat vo 21 vek. Jas pa imav obratna situacija so eden, onaka u razgovor za takvi stvari, koga mu kazav za nevinosta samo mi rece, sega i da me molis jas nejkam ne sakase da mi bide prv, mnogu glupo i neubavo mu bilo da bide prv na nekoja.
Циклусот не ми е редовен, на неколку месеци ми доаѓа, затоа прашав. Секако ќе прашам и фармацевт/гинеколог, но онака сакав уште вечерва да купам од дежурна аптека ако треба.
Мислам барем 2 недели. Од овулација до прв ден на циклус одприлика толку време поминува. Секој организам е различен, почекај барем 28 дена да поминат од претходната менструација. Ова би било точно за редовна менструација. Сепак, консултирај се со стручно лице, за сигурност. Ако некој тука е повеќе информиран нека пише.
Така не можеш да знаеш кога си имала овулација... Но ако го знаеш датумот кога си имала незаштитен секс, рачунај две недели (најмалку), па направи тест... И друг пат, користете кондоми. За да ви биде мирна главата.
Морам да се испразнам некако и решив тука. Со дечко ми сме 9 месеци се е како што треба имаме и вагинален и орален секс.. Ииииииии вчерааааа... за прв пат му пружив орален секс,бев збунета нормално прв пат е а пред тоа имавме секс еднаш и после тоа уште еднаш..и после 15-20 минути сакаше уште еднаш вагинален ама јас ни капка енергија немам а ни желба веќе за трета рунда зашто стварно имавме deep sex хаха. Заприметив не му беше ни дигнат а ни мене влажна ама упорно сакаше, го одбивав( му кажав дека ќе ме боли и утре дента ќе ме пече ама он упорен..) се наљути страшно,стана раскрена околу маса и легна нервозен до мене, несакаше да праи муабет а не ни имав намера да го молам, си отидов.. чудно ми е и се чувствувам искористено колку и да сакам да не мислам така.. му пишав- после тоа што го направив(оралниот секс) вака ми ја заврши вечерта,срам да ти е, ми врати -терај се бе не треба ништо да праиш
Нема што ти да се чувствуваш искористено. Освен, ако не го направи тоа без да сакаш. Ако ти било убаво и си уживала не е никакво искористување. А за неговото однесување, имам само еден одговор: Незрело детиште. Се налутил оти не си сакала уште еднаш, па си легнал нервозен, уште па и се дрзнал денес да ти врати со: Терај си бе, не треба ништо да праиш. Поздрави го од мене, речи му прво да порасне, па после да има секс.
Утре сабота, нема лекар во градов, а јас од сабајлево имам проблем. Постојано ми се моча, ме боли долниот дел од стомакот, меѓутоа не можам да се измочам. Исто така и како кафено има на тоалетната. Мислев да не случајно добијам ама рано е, на 15 треба. Мислење? Што да правам барем викендот да го поминам?
Ако имаш проблем со уринирање, најверојатно е уринарна инфекција. Увин чај, брусница и што повеќе течности. Постојано. Понеделник, уште сабајле спремна со мокрача, однеси во микробиолошка лабараторија, да испитаат урино-култура. Се' ќе биде во ред
Здраво девојки незнам дали прашањево е за во темава но сепак. Пред некој ден силно се удрив во пределот кај карлицата ме болеше само 15-30 секунди ако не и помалку дали е можно да имам некој проблем поради тоа?
Увин чај 3 4 пати во денот,и цела интима изми се со лсдна вода па после со павличева маст намачкај се,мене ми ја ублажуваше болката.
Здраво , ми треба совет. Со дечко ми имавме односи и тој сврши во мене, потоа се напив апче Норлево. Дали после апчето е дозволено да се има секс другиот ден или слично ?
Здраво значи сум приметила последниве 3-4 месеци имам силна болка долу кај јајчниците најчесто преку ноќ околу 2 недели откако ќе ми заврши циклусот. Прашањето ми е дали може да ми е нешто сериозно затоа што се имам удрено кај пределот на карлицата кај јајчниците пред да ми се случи болката уште првиот пат или пак се работи за некоја осетливост на летниве месеци,прелада или нешто сл.? И дали може овој симтом да биде поврзан со неплпдност?