Дел од постовиве треба да одат во СМЕШНИ МИСЛЕЊА!!!! Па дали сте нормални што пишувате, бре?! И после тинејџерките коа ќе читаат ќе имаат изместена слика за сексот!! Па сигурно, коа глупости трескате тука!!
Леле не ми се верува што читам. Како е можно да се нема основни познавања за сексот. Стварно е смешно. Некои жени мака мачат да останат бремени, а некои можеле да забременат невини... Башака сперматозоидите умираат на воздух, башка јајце клетката е во внатрешноста, и за да стигне до таму од надвор, сперматозоидот има многу за патување. Имаше еден центар за едукациија за сексуално здравје, штом го дознаам бројот одма ќе ве инфромирам
Не знам дали ова погоре се однесуваше на моето мислење, ама колку да ти појаснам: Доволно сум сигурна во точноста на книгите што ми се за на факултет! Ај кажете од кај сте вие толку стручни за да тврдите дека невина девојка не може да остане бремена и дека во предсемената течност нема сперматозоиди? Од кај да знам може некоја од вас е гинеколог или уролог специјалист па ќе си признаам дека не сум во право
Незнам зошто се пронајде во мојот коментар но да ти појаснам; Се согласувам дека во предсемената течност има малку сперматозоиди, и дека има случаеви кога жени забремениле од предсемена течност. НО... ако девојката e невина, и ако немало пенетрација како ке се забремени?
Ви се случило некогаш на последен ден од менструација да сте имале односи, и после да ви се продолжи менструацијата?
Не... на последен ден обично се чисти, кафеаво е, без разлика дали имам односи или не.... Ама вас ви крвари пак како првите денови???
мене првпат ми беше вака на незавршено и стварно немав поима дека можело да се продолжи немам никакви болки, се си е најнормално не ко првите денови, баш ко при крај, ама подолго трае крајот
Може затоа што хименот не е ѕид туку најчесто е во вид на полумесечина, второ ако ејакулира блиску до влезот на вагината сперматозоидите можат да допатуваат до целта, трето тие во матката можат да преживеат и до 5 дена така да и не е така тешко да стигнат до јајце клетката. Се пронајдов во постот над тебе не во твојот, кај што имаше тврдење дека постовите ни биле смешни или така нешто
Мене тоа ми е некако нормално, поради односите се продолжува крајот како што рече Тедигреј. Ваљда пошто скоро секој месец истото ми се случува.
Мене еднаш ми се случи на последен ден од менструација да имам односи и после тоа ми се продолжи 6 дена како наново да добив. Бев на гинеколог се исплашив, а тој ми рече, ништо страшно продолжена менструација, се случува.
^^^ Знаеш ли ти колкав притисок треба за спермата да навлезе и да си го пронајде патот до јајце клетката? Значи потребна е пенетрација и обавезно ејакулирање стриктно ВНАТРЕ. Кога мажот свршува спермата не си тече надолу само, туку ПРСКА! Само на тој начин може да остане бремена, башка луѓево со месеци прават бебе ова и едвај ќе забременат. Ако е невина како ке и го "стави" како прво, па како ќе навлезе воопшто спермата во неа?? Не знам од каде вакви глупи работи, да се имаше ова десено ќе беше светско познато, немаше да има потреба да не убадувате.
Јас ги молам модераторите да ги избришат смешните мислења од темава, бидејќи вакво нешто навистина може да ги збуни помладите. И после ќе се чудиме и ќе се смееме на мислењата од типот ''мене ми касни неколку дена, дали сум трудна, дечко ми само ме виде гола''. Кажи го насловот на книгата каде што го пишува ова болдираното да се образуваме малку и ние
Фала Богу, некој да се согласи со тоа што сакав да го потенцирам претходно. Значи и да постојат исклучоци, ваквото тврдење може да збуни многу млади девојки! Што се не пишува по книгите, па ајде се да земеме како релевантни докази! Не може да се затрудни ако си невина, ако машкото не ејакулира во девојката. The end!
Јас преферирам да и верувам на мојата стручна литература повеќе одтколку на недокажани секс стручњаци како вас
А наслов на таа ''стручна''литература ќе може? Не биди толку таинствена,дај и ние нешто ново да научиме
Денес бев на гинеколог и ми направија вагинлно ехо и испадна дека имам полицистицни јајници не бременост како со си мислев ми дадоа апчинја со кој ке ми дојде и на третиот ден откако ке ми дојде треба да направам хормонална анализа па да ми определат трепија во зависност од тоа имала ли некоја вкав проблем успат го прашав докторот за точноста на тестовите за бременос и ми рече дека се ептен точни така да со ви покажува тоа е
Немам потреба да се докажувам со вас, повеќето сте сексуално активни, најверојатно посетувате гинеколог, па прашајте си, ќе ви објаснат убаво. Јас кажав дека знам случаи за забременување од предсемена течност, а не за невина девојка. Ова второво за што сите дигнавте прашина теоретски е можно, ама јас до сега ваков случај немам сретнато, а теоретски е можно затоа што: -хименот е најчесто во вид на полумесечина, (но не секогаш!) па затоа и не го покрива целиот канал; -спермата ако се најде во близина на отворот на вагината лесно може да навлезе внатре; -сперматозоид ноплоден во матката може да преживее максимум до 5 дена; -со оглед на тоа дека 5 дена се сосем доволни сперматозоид да стигне до јајце клетката не е задолжително да прска или да се движи со брзина на светлината за да стигне кај што треба. Се ова може да го најдете во книга, скрипта, предавање.... по гинекологија! Некое друго прашање?
Извини ама јас како што те разбрав во погорните коментари , не зборуваше само за првото. Во секој случај, доколку теоретски е можно, не значи дека и реално е остварливо. Искрено, до сега не сум ниту видела ниту слушнала за невина девојка која останала бремена...А веројатно и другите девојки. За забременување од предсемена речиси сите знаеме и сме се согласиле дека е можно, затоа што неретко се случува.